Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Зачестени инциденти на почетокот на ловната сезона

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

И загарите пукаат со ловечки пушки

Тројца ловџии биле ранети во инциденти при лов во првите три недели од ловната сезона. Според ловџиите, ловечки кучиња биле причина за два од инцидентите. МВР апелира на претпазливозст и превентивна работа на ловечките друштва, а Ловечката федерација бара задолжителна обука пред да се полага ловечкиот испит.

Предминатата недела, ловџија во Струшко бил нападнат од куче, па додека се обидувал да се одбрани, наместо кучето, го застрелал сопственикот. Претходниот викенд, во околината на Пробиштип, ловечко куче турнало пушка, потпрена на дрво, и „погодило“ ловџија.

Ловната сезона на дива свиња, зајак и еребица, која традиционално почнува на 11 октомври, досега забележува по еден инцидент секој ловен викенд. На првиот ден од сезоната во кавадаречко ловџија стрелал по зајак, но, според сведочењата, сачмите се одбиле од теренот и завршиле во негов другар со кого заедно ловеле. Вториот викенд куче предизвика друг инцидент. Ловџиите застанале да ручаат, а пушките ги потпреле на дрво. Kучето турнало една од пушките, која била наполнета, а при падот истрелала и погодила еден од ловџиите. Во третиот инцидент, ловечко куче нападнало ловџија, а овој, за да се одбрани, стрелал кон песот, но го погодил неговиот сопственик. Според Законот за ловството, во лов е дозволена употреба само на ловечки кучиња со педигре, соодветно регистрирани во Kинолошкиот сојуз.

За среќа, во трите инциденти немало жртви, иако тројца ловџии биле ранети. Но, во септември, при лов на диви свињи кои уништувале насади со пченка во Демирхисарско, ловџија уби сосед и го рани својот син.

- Апелираме на внимание кај сите што ракуваат со оружје, а ловечките здруженија да дејствуваат превентивно и едукативно кај своето членство. Им стоиме на располагање со совети, помош, или каква било потребна асистенција – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

Според законските регулативи, ловџиите се обврзани со два испита да го докажат своето познавање пред да добијат дозвола за набавување оружје. Законот за ловството ги обврзува на ловечки испит, кој се полага пред комисија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Законот за оружјето на испит за познавање на правилна употреба, чување и одржување на оружјето, кој се полага пред комисија од МВР и е задолжителен за сите кои сакаат да набават оружје. Обуката за познавање на прописите и ракување со оружјето ја спроведуваат овластени фирми, но засега никој не спроведува обука за ловџии пред ловечкиот испит, кој се полага од „соодветна литература“. Ловечката федерација бара со закон да биде овластена да ја врши таа обука.

- Сакаме да организираме задолжителна обука за младите ловџии пред да го полагаат ловечкиот испит. Ќе бараме такво овластување да добиеме и во законот затоа што имаме и соодветен кадар. По обуката, полагањето повторно ќе се изведува како и сега – вели Ванчо Димитриев, претседател на Ловечката федерација.

Во земјите од поранешна Југославија обуката и полагањето на ловечкиот испит останаа во надлежност на ловечките друштва. Младите ловџии се обврзани на т.н. „приправнички стаж“, за време на кој се обучуваат, но и излегуваат на терен со постари колеги. Дури потоа, ловџиите го полагаат испитот, а дел од критериумите се и бројот на часови минати во практична обука на терен.

 

Извор : http://www.dnevnik.mk

 

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698413
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
236
544
780
15957
698413

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:51:33
Web Analytics