Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Природен феномен во Долно Лисиче - 30-ина “парламентарци“ секојдневно заседаваат во двор

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

Парламентарци заседаваат во Долно Лисиче. Но не македонските народни претставници, туку таканаречени „парламентарни“ или мали ушести бувови. 30-тина претставници од овој вид птици се населиле на двата бора во дворот на семејството Блажевски. Се кријат во крошните на дрвјата, а поради бојата која им е иста со гранките едвај се забележуваат, јавува Алфа ТВ.

 

Членовите на семејството велат дека поголем број бувови и лани есента свој дом нашле во двата бора на дворот, но не направиле гнезда, туку само презимиле таму. Обично си заминувале со почетокот на пролетта. Не прават штета, само ги плукаат остатоците од храната и така прават ѓубре во дворот. Оваа појава им е особено интересна на членовите на Здружението на бувови.

„Нема штета. Си доаѓаат тука преку ден. Навечер се раздвижени, не прават врева, не прават ништо.Од здружението ни рекоа бувовите да останат тука зошто им е интересно да ги набљудуваат, да ги истражуваат“ – вели Роберт Блажевски, во чиј двор се населија бувовите.

Здружението на бувови утре ќе ја испитува целата област за да се обидат да најдат уште бувови на нови локации.  

 

Мал ушест буф

Двата бора во домот на семејството Блажевски во Долно Лисиче се најголемото досега забележано засолниште на бувови во Македонија. 30-тината бувови дење мируваат, а ноќе ловат. Токму тоа е најголемата придобивка за семејството – што им е дворот чист, бидејќи главна храна на бувовите се токму глодарите. Еден був од овој вид јаде најмалку две глувчиња секоја ноќ.

„ Тука има околу 30. Тоа значи дека и до 100 глувци јадат“ – вели Роберт.

Љубителите на бувови велат дека преку зима овие птици бараат темно и сигурно засолниште за да ги поминат постудените денови онаму каде што им е најбезбедно. Кога ќе се стопли, тие повторно се враќаат таму каде што им се гнездата. Во главниот град ги има во Градскиот парк и во дворовите на неколку скопски училишта и градинки. Инаку животниот век на овој вид на ноќни грабливци е 17 до 18 години. Единствена закана за нивниот опстанок се отровите за глувци, како и нивните непријатели дневните птици како гавраните, чавките, орлите и соколите, кои ги убиваат, но не ги јадат.


Превземено од : www.alfa.mk


Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741576
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
598
673
5083
11562
741576

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:33:34
Web Analytics