Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Волци го сардисаа струшкиот регион

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

Поради недостиг на храна и дивеч во планинските предели во струшко, волците се симнуваат во пониските предели предупредуваат ловџиите и овчарите. Волк уништи десеттина овци на Џабир Даути од струшкото село Франгово пред неколку дена кој откако се симнал од планината направил голема штета која се проценува на околу 2000 евра.

Дванаесет овци беа удавени. Од оние кои се спасија три овци се вратија во шталата, додека пет се уште не можеме да ги најдеме каде имаат избегано. Ова е прв пат кај мене да се случи вакво нешто, иако порано имаше случај и во селото.

„Дванаесет овци беа удавени. Од оние кои се спасија три овци се вратија во шталата, додека пет се уште не можеме да ги најдеме каде имаат избегано. Ова е прв пат кај мене да се случи вакво нешто, иако порано имаше случај и во селото.“ - Џабир Даути, сточар од струшкото село Франгово.

РСЕ: Постои ли страв да дојдат повторно волци?

„Постои, бидејќи по месец дена повторно можат да се јават пак. Тие прават штета и после еден месец се враќаат пак“, вели Даути.

Шталата на овој човек е сместена на патот кон граничниот премин Ќафасан, на само неколку километри од градот. Џабир рече дека моментално има доста волци во пониските предели.

„Има доста волци и во моментот многу волци се појавија. Повеќе од седум волци сигурно има само на една страна. Има и тука во пониските предели.Да од Ќафасан навака има доста, ги има на сите страни и само прават штета. Институциите би требало да преземат мерки, бидејќи тие се штетни и опасни животни“, вели Џабир.

Џабир штетата ја пријавили во Министерството за земјоделство, од каде вели дека како доказ му побарале и фотографии од угинатите овиц.

Ајдари Метат од струшкото село Калишта, 45 години е ловџија. Вели дека оваа година е зголемен бројот на волци.

„Зголемен е затоа што нема толку многу друг дивеч како што се елени, диви свињи, а волците се ранат со нив. Бидејќи нема што да јадат, бараат каде што има овци стадо. Намален е многу, има само лисици која го ништи зајакот.“

РСЕ: Сметате ли дека можат да се симнат до градот и населените места?

„Ако треба ние можеме да помогнеме во оние села каде што има волци. Имаме една група и можеме да одиме да ги пречекаме“, вели Метат.

Тој вели една од причините поради намалениот број на дивеч е и ловокрадството, и оти кај ловџиите нема интерес за лов на лисици кои биле најбројни.

 

Превземено од : Радио слободна европа - http://www.makdenes.org


Weather

Mostly clear

11°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 85%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818033
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
532
523
1055
8872
818033

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 23:07:30
Web Analytics