Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Враќање на големите европски ѕверови

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

 

Никогаш нема да знаеме зошто Славц го напуштил своето семејство. Сепак, во текот на зимата 2011 година младиот волк ја напуштил својата територија и тргнал на епско патување. Првата година од својот живот ја поминал во јужна Словенија, а повремено одел и до Хрватска. Како што се приближувал Божик, така Славц тргнал на север.

Славц е еден од околу 4.000 волци кои живеат на подрачјето на Балканот кој веќе 20 години не е познат по големите предатори во Европа, иако на нај урбанизиран, индустриски најразвиен и земјоделски нај обработуван континент, тука живеат околу 12.000 волци, 17.000 кафени мечки и 9.000 евроазиски рисови. Во споредба со тоа, во Африка моментално живеат околу 32.000 лавови, додека во Индија останале само уште околу 2.000 тигри.

Враќањето на европската голема тројка е резултат на успешната политика на зачувување на животинските видови. Меѓутоа, не се сите среќни поради тоа. Додека омилените ѕверови полека населуваат региони од кои исчезнале пред многу години, се појавуваат и одамна заборавените тензии меѓу луѓето и нив. Можат ли луѓето и дивите животни да живеат заедно во модерна Европа?

Неколку месеци пред тргнувањето на пат, на Славц била ставена GPS алка, која неколку пати дневно испраќа податоци за локацијата. До средината на декември било јасно дека го напуштил својот дом.

- Знаевме дека се случува нешто необично кога Славц поминал преку два автопати далеку од својата територија – наведе биологот Хуберт Поточник од Универзитетот во Љубљана. Еднаш на Славц сигналот бил испратен од центарот на градот Випава. Поточник бил загрижен дека волкот можеби е убиен и кога сакал да се јави на полиција, забележал дека волкот повторно бил во движење.

По една недела, по неговото одење од 200 километри, Славц влегол во Австрија. На Нова година стигнал на Драва која таа иста ноќ ја препливал.

Мечките, волците и рисовите порано биле распространети по цела Европа, вклучувајќи го и британскиот остров, но векови на лов, протерување и уништување на нивните живеалишта, драстично ја намалило популацијата. До конкретни податоци тешко е да се дојде, но големата тројка до средината на 20 век била истребена секаде, освен во најзафрлените делови на Европа. Во 70-тите години од минатиот век дошло до промена на свеста за животните, па на сила стапија нови закони за заштита на загрозените видови. Повторното пошумување по Втората светска војна, довело до враќање на видовите од кој зависи опстанокот на овие грабливци.

Покрај природното ширење, дошло до испланирано враќање на грабливците на одредени региони. Рисовите во 70-тите и 80-тите години биле населени на неколку региони во централна Европа, додека мечките повторно се нашле на Пиринеите и италијанските Алпи. Денес тие популации главно се стабилни или во пораст, со неколку исклучоци.

Волците предначат во повторната колонизација на поранешните живеалишта. Пред две години набљудувачите на птици во северна Данска здогледале волк за прв пат по 200 години. По неколку недели бил најден мртов, а ДНК анализата покажала дека стигнал од чопор кој живее на граница меѓу Германија и Полска. Се верува дека не стигнал сам и дека во Данска моментално се наоѓаат најмалку три волци.

Една од најголемите пречки во пребројувањето на големите ѕверови е нивната скришност и ноќниот начин на живот. – Тие животни се мајстори за криење, посебно рисот – вели Џон Линел од Норвешкиот институт за природни науки. Во 20 годишната кариера Линел рисови видел само во прилики кога биле уловени за да им вградат огрлици со испраќачи. Резултат од тоа се многу дебати за вистинскиот број на животните во дивина. Бидејќи броењето на животните е речиси невозможно, научниците се потпираат на индиректни методи, што значи работа со изметот. – Во шума собираме измет и го носиме во лабораторија каде го утврдуваме видот, полот и идентитетот – вели Линел.

Словенија има мрежа од околу 2.500 шумари, ловци и волонтери кои собираат измет, урина, крзно и плунка од убиените животни, па сето тоа го праќаат на Томаш Скрбинсек.
Преку ДНК анализи можно е да се процени колку единки од прилика има во популацијата. Последните податоци покажуваат дека популацијата во последните три години е стабилна, т.е. дека бројот е меѓу 40 и 50 единки или 10 чопори.

GPS податоците, како тие што ги испраќа огрлицата на Славц, ни даваат нов увид во начинот на нивниот живот. – Сите мислат дека тие животни живеат во шумите и никогаш не се селат, но податоците од огрлиците покажуваат дека животните поминуваат огромни пространства – вели Линел. Така еден рис, волк или мечка може да покрие подрачје од 1.000 километри квадратни или повеќе. Во густо населената Европа тоа значи дека контактите со луѓе се неизбежни. Иако на стариот континетн речиси нема регион без човечка активност, се чини дека на ѕверовите тоа не им пречи.

Дури ни градовите не се проблем: во романскиот град Брасов мечките често копаат по сметот барајќи храна. Во 2008 година забележан е и смртен случај кога мечка нападнала човек во центарот на градот.

Како што Славц напредувал низ австриските села, фарми и рабовите на градовите, Поточник станувал се позагрижен поради можна средба со сточарите. Загриженоста е оправдана бидејќи волците се голема опасност за стоката. Мечките и рисовите исто така ја напаѓаат стоката, но бидејќи живеат осамен живот ловат поединечни животни и не предизвикуваат големи штети. До точни податоци тешко е да се дојде, но се проценува дека годишно страдаат од 50.000 до 100.000 грла стока, главно овци. Мечките исто така предизвикуваат штета во кошниците, овоштарниците, на автомобилите и зградите. – Состојбата се влошува – загрижено вели претставникот на фармерите на ЕУ, Пека Песонен.

Владите на европските држави годишно исплаќаат милиони евра за отштета, што резултираше со покренување на иницијатива за повторно враќање на традиционалните методи за заштита од диви животни, т.е. поставување на огради, кучиња и овчари. Но и тие методи имаат ограничувања. Поставувањето на огради на планински и шумски терени е непрактично, електричните огради бараат постојана контрола, додека кучињата и овчарите претставуваат дополнителен трошок

Италијанските земјоделци пружаат најголем отпор со воведување на тие методи. – Некои од нив ги одбиваат методите од принципи – наведува Валерија Салватори од Римскиот институт за применета екологија. Песонен е подиректен: – Ниту еден земјоделец не треба да прифати нови трошоци поради дивите животни. Ловците не сакаат да ловат волци од сочувство, но се загрижени поради загрозеноста на видови како што е еленот.

Понекогаш доаѓа и до инциденти. Лани група мажи од Финска тргнале во илегален лов на волци, поради како што наведуваат, повластениот статус на предаторот. Пред да бидат спречени, убиле три волци. Потоа водачот на групата извршил самоубиство, а во прошталното писмо за својата смрт ја обвинил ЕУ и движењата за заштита на природата. Таквиот начин на илегален лов е многу раширен. Се верува дека криволовот е виновен за намалување на алпските популации. Како резултат на тие судири, во јуни оваа година ЕУ покрена платформа за соживот меѓу големите ѕверови и луѓето, за да промовира дијалог и разбирање. Во некои случаи тоа значи донесување на тешки одлуки.

Предаторите се исклучително заштитени со европски закони (со исклучок на Естонија, каде ловот на рисови е дозволен), да се убие мечка или рис е забрането во цела Европа. Волците исто така се заштитени, но во многу земји се спроведуваат отстрели, популациите да се одржат стабилни. За многу луѓе тоа е чекор наназад, но таквите интервенции можат да помогнат на волчјата популација, а контролата на бројот на волците ќе ги намали тензиите меѓу луѓето и животните. – Додека е ловот хуман и регулиран можеме да го прифатиме тој компромис – се согласува Линел. Антропологот Гери Марвин од Универзитетот во Ројхемптон, кој ги проучува конфликтите меѓу луѓето и животните, верува дека соживотот е можен: – Мислам дека можеме да живееме со големите волчји популации во Европа. Важно е да се соберат еколозите, биолозите, ловците и фармерите и да се наведат на разговор. Ниту едно животно не предизвикува толкава емоционална поделба меѓу луѓето како волкот.

Славц некако успеал да дојде до Алпите без влегување во неволи. Во февруари се борел со 6 метри високи наноси на снег, а набрзо потоа влегол во Италија каде на пат кон југ поминал низ неколку скијалишта. Во март Поточник добил снимка од волчица од паркот Лесиниа северно од Верона, каде волк за прв пат бил виден по 100 години. – Се шегувавме како Славц ја барал неа – вели Поточник. Славц продолжил кон приватна зоолошка градина каде најверојатно го привлекла волчица. Бидејќи не успеал да влезе, тргнал назад кон север.

Во април Славц откако влегол во паркот Лесиниа, Поточник ги замолил колегите да проверат неколку GPS координати и на негово изненадување, најдени се два пара на траги. Подоцна таа година шумска камера снимила две волчиња, што е прв пат од кога се следи волчјата популација, дека дошло до парење на балкански и апенински волци. Бидејќи волчјата љубов се случила во близина на Верона, волчицата во медиумите била наречена Јулија. Во август 2012 година, огрлицата престанала да испраќа пораки, така Поточник повеќе не може да го следи движењето на Славц, но верува дека волчјиот пар сеуште се заедно. – Следењето на Славц преку Европа ни даде единствен увид во тајниот живот на волците – заклучи Поточник.

 

Национална географија

 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778429
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
254
411
1979
10235
778429

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:53:32
Web Analytics