Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловџиите плаќаат и по 17.000 евра за отстрелан дивеч

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

 

Ќе се бара посебна дозвола за отстрел на две мечки што се веќе 20 години забранети за лов, бидејќи дојде до прекубројност

 

Нова стопанска гранка во развој

 

Поради креативноста и енергијата што денешните ловци ги вложуваат во ловството, ловниот туризам во Македонија постепено се развива. Македонските концесионери на ловиштата велат дека се видливи резултатите од големиот напредок на ловството во нашата држава, така што доколку се направи некоја анализа, нема да биде изненадување ако се испостави дека во изминатиов период ова е гранка со најголем развој кај нас. За ова сведочат повеќето новоформирани и реновирани оградени ловишта, гатери, одгледувачници, фазанери и ловечки куќи што никнуваат низ целата држава. Сето ова резултира и со зголемениот број на странски ловци на кои им е овозможено да бидат концесионери на македонските ловишта. Државниот советник за шумарство и за ловство во Министерството за земјоделство, ловство и водостопанство, Војо Гоговски, вели дека има 20 странци што имаат македонски ловишта под концесија.

Атрактивни се 265 ловишта

 

Државните ловишта на Македонија се лидери на Балканот, веќе неколку години зад нас се Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска...

 

Државен советник за шумарство и ловство

г-дин Војо Гоговски

- Ловството е нова стопанска гранка, која е во развој и бележи евидентен напредок. Во Македонија се атрактивни 265 ловишта, од кои само три се државни. Најмногу се лови балканската дивокоза, која достигнува цена и до осум илјади евра. Отстрелот на дивеч зависи од трофејната вредност, нема конкретен ценовник - рече државниот советник Гоговски.

Бројот на примероците што можат да се отстрелаат е ограничен, односно во согласност со дозволениот број за да не се наруши репродуктивниот процес.

Многу странски ловци доаѓаат за лов во ловиштата за ситен дивеч, во кој најмногу ловат полски еребици, еребица-камењарка или одредени видови за прелетен дивеч.

Цената за застрел на овие видови дивеч се движи од 3 до 40 евра по птица, во зависност од видот на дивечот и од концесионерот. Сепак, поголемиот дел концесионери не наплаќаат врз основа на поединечниот застрел, туку нудат дневни пакети за лов, кои чинат од 60 до 100 евра.

- Во текот на самиот лов се обезбедени два ловни водичи, транспортни средства до различни локации, личен готвач со голем избор на органска храна, обработка на застреланиот дивеч во специјално регистриран објект каде што се подготвува трофејот и се издава сертификат со меѓународно признаен извозно-кланичен број, без кој не е можен транспортот на освоениот трофеј - вели Војо Гоговски.

Трофејот кај дивата свиња се забите, а кај козите, елените и муфлоните се роговите. Од ловиштето ги подготвуваат, ги белат со хидроген и посетителот може да ги земе со себе.

- Ловците се колекционери и тие, движејќи се по светот, сакаат да направат цела серија. Тие се високоморални и се најголеми заштитници на дивечот. Тие се единствени што се грижат за бројноста, кои плаќаат за отстрел на дивечот, а тие пари пак се враќаат назад кај дивечот, односно се трошат за негова исхрана, превентивни лекувања, чување и благосостојба - објаснува директорот на државното ловиштето „Јасен“, Михаил Малахов.

 

Кланица за дивеч

 

„Јасен“ годишно го посетуваат од 12.000 до 15.000 гости. Минатата година преку туроператори ловеле 340 ловци. Директорот вели дека во последно време има ловци и од Турција, а се враќаат ловците и од Шпанија и од Италија, кои поради економската криза во Европа ги имаше помалку.

- За да ги имаме сите квалитети на ловиштето имаме репроцентри каде што под стручен надзор се одгледуваат чисти генетички линии на автохтон македонски дивеч - истакна Малахов.

Ловецот не може да отстрела она што сака, туку она што е претходно договорено. Цените што се постигнуваат во најголем дел зависат од трофејната вредност на дивечот.

За лов на диви свињи во “Јасен“ треба да се издвојат 800 евра

- Минималната вредност во ловство на дивеч во „Јасен“ е за свиња од 800 евра, а пак најскапиот дивеч за да се отстрела е еленот, кој достигнува вредност и до 17.000 евра - објаснува Малахов.

Тој додава дека оваа година од министерот за земјоделство ќе побараат посебна дозвола за отстрел на две мечки што се веќе 20 години забранети за лов, бидејќи дојде до прекубројност, а тоа им штети на самите мечки затоа што немаат доволно храна и простор. Мечките може да добијат вредност дури и до 30.000 евра.

Директорот на „Јасен“ вели дека ловецот го собира само трофејот по ловот, додека месото останува кај нив.

- Поради веќе постигнатите стандарди што ги има „Јасен“, во почетокот на 2013 година почнавме со изградба на првата кланица за дивеч, која е регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство. Од септември годинава, во соработка со една македонска компанија за месни производи, тоа месо ќе биде спакувано и брендирано под името „Јасен“ и ќе се најде во малотрговијата, односно во сите трговски синџири што се подобро снабдени. А се надеваме дека ќе имаме голема побарувачка, па ќе го откупуваме месото и од другите концесионери, кои ќе имаат лов - објаснува Малахов.

Тој додава дека со регулацијата на месото ќе се намали и ловокрадството, бидејќи нема да откупуваме какво било месо, туку она што има потврда дека е отстрелано во регуларен лов.


Автор: Катерина Панчевска

Превземено од : www.novamakedonija.com.mk


Weather

Mostly cloudy

26°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 50%
Wind: W at 11.27 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741650
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
672
673
5157
11636
741650

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:44:25
Web Analytics