Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Отстрелани два волка

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

 

Во неделата 35 ловџии во Росоманско организирале хајка на штетен дивеч, при што се отстрелани два волка. Според претседателот на Здружението на ловци Тиквешија од Кавадарци, Васко Иванов, оваа акција е редовна.

- Се работи за редовна хајка на штетен дивеч, која се организира веднаш по сезоната за лов на полезниот дивеч. Хајката беше одржана во ловиште број 7 во Росоман, во делот кај росоманското село Крушевица. Акцијата беше многу успешна. Беа најдени неколку волци, а се отстрелаа два, што е голем успех - соопшти Иванов.

 Инаку, жителите на повеќе македонски села се жалат дека годинава имало голем наплив на волци. Поради недостигот од храна, волците се симнуваат до самите села, па им земаат на мештаните овци, кокошки и се што ќе најдат, па дури и нивните кучиња.

- Секоја вечер слушаме како вијат волците. Пред еден месец едно од нашите кучиња беше целосно распарчено. Се симнуваат премногу блиску до селата, поради што ние избегнуваме да шетаме во шума за да не не нападне некој волк - додаваат жителите.

 

Извор: Vecer.com.mk


Weather

Cannot get Skopje location id in module mod_sp_weather. Please also make sure that you have inserted city name.

Translator

Visitors Counter

910970
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
437
654
2046
12204
910970

Your IP: 18.206.175.155
Server Time: 2019-02-20 13:16:33
Web Analytics