Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиштето “Ниџе“ збогатено со нови грла дивеч

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

Развојот во ловиштето “Ниџе“ е повеќе од очигледен. Инфраструктура, сместувачки капацитети, почитување на Законот за ловството, професионална ловошуварска служба и т.н. Но, за поздрав е фактот кој говори дека покрај сите елементи кои ги обезбедува концесионерот „Еуроимпекс“, фокус на компанијата е насочен кон грижа за дивечот и заштита на животната средина.

 “Еуроимпекс“ на планината Ниџе има изградено модерно оградено ловиште за одгледување и застрел на дивеч, во кое во моментов има преку 500 единки разни видови дивеч. Дивечот се прихрануваат во текот на целата година и за него се грижи професионална ветеринарна служба.

 Југоисточно од градот Битола, ловиштето “Ниџе“ од 2010 година е под концесија на компанијата Еуроимпекс која во изминативе 3 години успешно ја спроведува планираната развојна програма. Ветено-сторено. Изрека, која во пракса многу ретко се среќава на балканскиве простори, што не е случај кај ловиштето “Ниџе“.

“При стопанисување со ловиштето „Ниџе“ во својот фокус ја имаме заштитата на животинскиот свет пред сè. Затоа изградивме модерен репроцентар со цела инфраструктура. Во моментов, репроцентарот се простира на површина од 250 хектари со 7 километри ограда, а во првата половина на 2014 репроцентарот ќе биде двојно зголемен и ќе оградиме дополнителни 200 хектари со 6 километри ограда. Репроцентарот во почетокот го оплеменивме со  увезени 192 грла дивеч, од кои: 100 елени лопатари, 38 горски елени и 54 берберски овци. Додека пак, на крајот од минатата година дополнително увезовме: 30 муфлони и 50 грла сика елени. Доколку се земе во обѕир природниот прираст, во моментов репроцентарот на ловиштето “Ниџе“ импресивно брои преку 500 единки дивеч.

 

За животните во репроцентарот се грижи ветеринарна служба и одделна служба која е задолжена за дотур на свежа храна во ловиштето. За да животните безгрижно ја минат зимата, секоја година вршиме набавка и редовен дотур на храна. Само за оваа зима имаме обезбедено преку 180 тони храна и тоа: преку 70 тони пченка, 70 тони луцерка, 10 тони јачмен, преку 20 тони тиква, приближно 10 тони јаболка од ресенскиот регион“ – изјави Даниел Воиновски, управител на концесионерот “Еуроимпекс“.

По многу други нешта, ловиштето “Ниџе“ се двои како едно од најдобрите во балканскиот регион. Концесионерот, покрај максималната грижа за животните, имплементација и почитување за Законот за лов, има инвестирано во развој на инфраструктура и патишта како и изградба на модерни сместувачки капацитети. Од минатата година во функција е помалиот сместувачки капацитет кој располага со 16 легла распоредени во спални соби со тоалети, голема трпезарија, кујна и две големи тераси. Во фаза на изградба е куќа за ловочувари и поголем сместувачки капацитет кој ќе може да понуди сместување во 10 апартмани.

 

 

 



Почитувањето на планот во развојната програма, која е во фокусот на концесионерот, придонесе во овој регион од Македонија максимално да се почитува Законот за лов, но и да се извршува населување со дивеч што е од големо значење за природата.

“Воведовме ред во ловиштето, спроведувајќи максимално почитување на Законот за лов и ловната сезона. Постојат правила кон кои ловците задолжително мора да се придржуваат, во спротивно следуваат санкции. За оваа цел, оформивме професионална ловочуварска служба која активно и будно ја следи состојбата на теренот“ – изјави Даниел Воиновски, управител на концесионерот “Еуроимпекс“ и додаде:

“Согласно развојната програма, одреден број на единки од видот елен лопатар се пуштени во отворениот простор и овој процес секоја година ќе биде повторуван со цел да се изврши населување на овој вид на дивеч на планината Ниџе“.

Со максималната грижа за дивечот и ваквата динамика на развој, целта на концесионерот “Еуроимпекс“ да се биде едно од најдобрите ловишта во Македонија, а и пошироко, збогатување на животинскиот фонд и развој на селскиот туризам во руралните области, поточно во Мариовскиот регион.

 

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865557
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
363
536
899
12908
865557

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:41:14
Web Analytics