Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Нови 39 ловишта ќе се даваат под концесија

Posted by  Published in: Од весници и интернет портали

 

 

Со одлука на Владата на Ребублика Македонија, 39 ловишта во нашата земја ќе бидат доделени на концесија. Тоа се ловишта кои припаѓаат на ловните реони, Македонски Брод,  Берово, Свети Николе, Прилеп Тетово, Велес, Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани.

 

За порталот Лидер, извор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изјавел дека: “Со давање на дивечот во ловиштата под концесија ќе се обезбедат услови за одгледување и заштита на дивечот, одржување на нормална бројна состојба на дивечот  според капацитетот на ловиштето, заштита , преземање на превентивни мерки за заштита на дивечот од болести, обезбедување на храна за дивечот. Основна цел на давање на дивечот под концесија е планско стопанисување , односно одгледување заштита и користење на дивечот, а крајна  цел е развој на ловниот туризам 

Владата по предлог на ресорното министерство веќе ја формира Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесии на дивечот во ловиштата, која треба да изработи Предлог за тендерската документација и Јавен повик, кој по прифаќање од страна на Владата ќе биде објавен во најмалки два печатени медиуми - еден македонски јазик и еден на албански јазик. 

Специфично за овој Кункурс ќе биде тоа што за прв пат ловиштата, согласно измените и дополнувањата на Законот за ловството,  ќе се доделуваат по електронски пат. Со тоа треба да се обезбеди транспарентност во целиот процес и да се отстрани влијанието на човечкиот фактор про доделување на ловиштата. Сепак имајќи во предвид што се ближат избори, може да се очекува дека за распишување на конкурсот ќе се почека тие да поминат, бидејќи аникорупциската комисија согласно на Законот за време на изборниот циклус ги стопира сите активности за распределба на ловиштата.

Досега во нашата држава од 2008 година па до денес, од вкупно 256 ловишта под концесија се дадени 205 ловишта чии Договори за концесија беа истечени.Со доделувањето на ловиштата под конецисја,новите концесионери потпишуваат Договор во кој се дефинирани правата и обврските на концесионерите кон државата и обратно. Доколку новите концесионери не го почитиваат договореното и не се придржуваат по Посебните ловностопански основи, државата има право да го раскине Договорот и да им го одземе ловиштето 

 

 

Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818371
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
284
586
1393
9210
818371

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 08:05:27
Web Analytics