“Охрабрува тоа што сите учесници се подготвени своите искуства да ги пренесат на македонската страна, воедно радува фактот што како еден од водечките концесионери, односно стопанисувачи со дивечот ЈП “Јасен“ се јавува како носител на иницијативата и на сите работи што треба да ги имплементираме во следниот период“ изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Претставникот на Словенија Вриниј, рече дека овие соработките со земјите од регионот се од голема важност за разменат искуства во областа на ловството, за тоа како подобро може да се управува со дивечот.
Во нашата држава има над 250 ловишта. Досега сите оние кои се доделени под концесија работат според договореното, рече министерот Димовски. Претседателите од регионалните ловечки федерации во знак на интензивирање на соработката на министерот му подарија ловечки нож и капа.