Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Караорман“

Posted by  Published in: Ловишта

 Ловиштето “Караорман“ се простира во југозападниот дел од нашата држава и припаѓа на Охридско-Преспанското ловностопанско подрачје – реон Охрид. Тоа е востановено како ловиште за крупен дивеч во кој од позначајните ловностопански видови можат да се ловат дива свиња и срна. Тоа се простира на површина од околу 14.030 ха и судејќи според природната убавина, еколошките услови и богатството со дивеч, може да се каже дека ова е можеби најубавото ловиште во овој регион.

Ловиштето се наоѓа на потегот помеѓу градовите Кичево и Охрид, со кои е поврзано преку магистралниот патен правец Охрид – Кичево – Скопје. Благодарение на оваа сообраќајница пристапот до ловиштето е лесен и брз во текот на целата година. Низ ловиштето постојат голем број на макадамски и шумски патишта благодарение на кои тоа е одлично отворено и пристапно до скоро секој негов дел.

 Ловиштето во најголем дел се простира на Славеј планина, но ги завзема и источните падини од планината Караорман и југоисточните од планината Стогово. Тоа се карактеризира со планински релјеф во кој со својата височина доминираат билата на планините Стогово и Караорман. Теренот воглавном е стрмен, испресечен со многубројни долови кои се спуштаат кон подножјето на планините. Најголем дел од ловиштето е под шуми, во кои како доминантни дрвни видови се јавуваат дабовите и буката, кои со оглед на нивните природни карактеристики (често и обилно плодоносење), на дивечот, а посебно дивата свиња, му нудат изобилство на природна храна.

 

 Ловечка куќа кај м.в. “Дрен“

Ловиштето е доста богато со разни видови на дивеч. Главни ловностопански видови дивеч во ловиштето се дивата свиња и срната, покрај кои се сретнуваат и мечката, волкот, лисицата, зајакот, еребицата камењарка, лештарка и др. Она што ова ловиште го прави посебни значајно за развојот на ловниот туризам се оградените површини во него. Покрај тоа што тоа е добро уредено со разни ловно-технички објекти, во него постојат и две оградени површини за дивеч. Помалата, согласно нејзината големина е наменета за  одгледување, размножување и заштита на дивечот (размножувалиште), во која се одгледува дива свиња. Таа е со површина од околу 55 ха и се наоѓа на самиот магистрален пат западно од м.в. “Церо поле“.

Втората и поголемата оградена површина која е наменета за интензивно одгледување и застрел на дивеч се наоѓа кај м.в. “Дрен“ во непосредна близина на помалата и се простира на површина од околу 200 ха. Во ова оградено ловиште се врши одгледување и застрел на дива свиња и обичен елен, а во план е и збогатување со нови видови на дивеч. Во непосредна близина на оградата постои наменски сместувачки објект – ловен дом, кој неодамна е реновиран и нуди пристојни услови за сместување на ловците.

Концесионер со ловиштето е “ПИТОН“ од Охрид, кој со него ќе стопанисува во следните 20 години. Тој во него има инвестирано значителни финансиски средства во подигање на ограда, населување на дивеч, реновирање на ловечкиот дом, изградба на голем број ловнотехнички објекти и сл. Благодарение на напорите на новиот концесионер, ова ионака прекрасно ловиште стана уште поатрактивно, така што тое е вистински бисер во близина на охридското крајбрежје.

 

 

 

 

 

 

 

 



Weather

Cloudy

15°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 57%
Wind: E at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698321
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
144
544
688
15865
698321

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:32:17
Web Analytics