Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Зебрњак”

Posted by  Published in: Ловишта

  Ловиштето “Зебрњак“ е едно од најубавите ловишта за ситен дивеч во нашата држава. Тоа се наоѓа во северниот дел на Република Македонија источно од градот Куманово и спаѓа во Скопско - Кумановското ловностопанско подрачје – реон Куманово. Со ловиштето од 1999 стопанисува ЛД “Сокол” од Куманово, на кого концесијата му истекува во 2018 година .

Ловиштето е со површина од околу 7.500 ха. Главни ловностопански видови на дивеч во ловиштето се зајакот и полската еребица, но во него може да се ловат и повеќе видови на гулаби, потполошка, повеќе видови на пајки (покрај реката Пчиња) и други видови на пердувест и влакнест дивеч.

 Поволните климатски услови, местоположбата, конфигурацијата на теренот, типот на вегетацијата и разновидноста на земјоделските култури и идат во прилог на полската еребица, која во ова ловиште нашла речиси идеални услови. Ова резултирало со голема бројност на полските еребици така што ова е можеби најбогатото ловиште со овој вид на дивеч во Кумановско. Богатството на полските еребици, како и изобилството на пелетен дивеч чија рута на преселба минува низ ова ловиште, секоја година привлекуваат голем број на странски ловци.

 

Пристапот до ловиштето е возможен преку повеќе квалитетни и брзи сообраќајници. Помеѓу нив најквалитетна и најбрза сообраќајница е автопатот Скопје – Куманово – Белград која го поврзува ловиштето со главните градови на нашата држава и на Република Србија. Со соседна Република Бугарија ова ловиште е поврзано со магистралниот патен правец Куманово – Крива Паланка, додека од градовите Свети Николе и Штип најбрзо се придтигнува преку регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе. Покрај ова, за пристапот до ловиштето од големо значење е и близината на аеродромот Александар Велики, така што странските ловци кои патуваат со авион по слетувањето можат мошне брзо да стигнат до него.

Ловиштето се карактеризира со мала вертикална разлика помеѓу најголемата и најмалата надморска височина која изнесува само 230 метри. Тоа во најголем дел е зарамнето и со благи нагиби на теренот. Како резултат на одредени морфогени процеси, на одделни делови во ловиштето се појавуваат ниски возвишувања во форма на платоа без изразита релјефна форма, како што е и самото возвишение “Зебрњак” кое се наоѓа во централниот дел од ловиштето.

По границата на ловиштето тече реката Пчиња која е најголем водотек во овој дел од државата, благодарение на што понудата на дивеч за лов е збогатена со повеќе видови на пајки. Покрај тоа, оваа река има влијание и врз видот на вегетацијата која се развива покрај нејзиното течение, што создава услови за вештачко внесување на фазански дивеч со што би се збогатила понудата на ловен дивеч.   

За просторот на ловиштето се врзува еден исклучително важен историски настан. Тука во далечната 1912 година се одвивала одлучувачката битка во која српската војска издвојувала голема победа врз турската, која го одлучила исходот на Првата балканска војна. Како спомен на тоа време на врвот од ридот Зебрњак денес сведочи спомен костурницата во која почиваат посмртните остатоци на 678 загинати српски борци.

 

Овој споменик е изграден во 1932 година по проект на архитектот Миодраг Коруновиќ. Споменикот бил со импозантна висина од  48.5 метри со што во времето на градбата бил највисок споменик на целиот балкан. На најврбните точки споменикот бил осветлуван со три петро-макс лампи поради штоноќе се гледал од голема далечина. Во приземјето на споменикот биле сместени коските од погинатите војници. Над споменикот во осум преградени простории имало мал музеј на артефакти од кумановската битка, на 18 метар имало меморијална капела, на самиот врв имало импозантен крст. Фреските во капелата биле изработени од Живорад Настасијевиќ.

Во денешно време споменокот од споменикот останати се околу 2/3 од првобитната големина. Бидејќи ова место за српскиот народ има на некој начин статус на свето место, на просторот околу него секоја година на 28 октомври се одбележува годишнината од оваа битка на која се одава почит на паднатите борци, на која присуствуваат граѓани како и значајни личности од политичкиот живот од нашата држава и од соседна Република Србија.

 

Weather

Cloudy

15°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 57%
Wind: E at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698316
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
139
544
683
15860
698316

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:31:05
Web Analytics