Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Државно ловиште “Лешница“

Posted by  Published in: Ловишта

 Државното ловиште “Лешница“ се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија и спаѓа во Полошкото ловностопанско подрачје. Тоа се простира западно од градот Тетово во највисоките делови од Шар Планина на површина од 12.400 ха. Со одлука на Владата на Република Македонија ова ловиште е определено за државно ловиште и е дадено на стопанисување на ЈП “Македонски шуми“.

Слободно може да се каже дека ова е најубавото ловиште за дивокози на планината Шар Планина и воопшто едно од најубавите ловишта во нашата држава. Ваквиот епитет го заслужува не само заради богатството на дивокоза која е нашиот најценет дивеч, туку и заради прекрасната природа и амбиент кој многу наликува на алпскиот.

 Покрај тоа, постоењето на надалеку познатиот ски-центар Попова Шапка кој се наоѓа во неговите граници ја зголемува атрактивноста на ова ловиште. Големата надморска височина на планината, прекрасната природа и величенствениот поглед на полошката котлина, ентузијастите нашле начин како ди ги преточат во задоволство па така низ ловиштето постојат прекрасни mountbike и планинарски патеки, како и места за полетување на параглјадерите. Благодарение на ова ловците имаат можност за богати дополнителни содржини, така што тие може да го надополнат престојот во ловиштето со разни активности.

 

 

Со прогласувањето на ловиштето за државно ловиште, на овој објект на природата му се дава и друга значајна компонента. Организирањето на висококомерцијален и дипломатски лов придонесува за пошироко запознавање со богатството и разновидноста на ловната фауна на Република Македонија, како и за афирмирање на ловиштето и нашата држава на меѓународен план.

Поради разновидноста на геоморфолошките појави и сочуваната автентичност на фауната и флората,државното ловиште “Лешница” е од исклучително значење за нашата држава. Во него се среќаваат голем број на ретки, ендемични и загрозени видови од животинскиот свет. Шар планина е најбогато подрачје во Европа и има преку 200 видови на птици (брадест орел, сур орел, белоглав орел).

 


Најквалитетна и најбрза сообраќајница преку која се пристигнува до ловиштето е регионалниот пат Тетово – Попова Шапка. Поради специфичноста на теренот ловиштето се карактеризира со слабо развиена патна мрежа, поради што до одредени ловни терени за дивокоза се пристигнува со помош на коњи за јавање. Ова секако е добра прилика за сите авантуристи во седло да уживаат во прекрасниот амбиент на Шар Планина.

  Ловиштето зазема површини од источните и североисточните падини на Шар планина, која претставува голем планински масив со изразит релјеф. Планината се карактеризира со пространо било со голема должина, над кое се издигнува планински гребен (со просечна височина од 2300м), со голем број на врвови и преслапи. Поради тоа гребенот остава впечаток на голема назабеност. Билото на Шар планина, низ ловиштето орографски се протега во правец север – југ, од м.в. “Карникола” до “Езерски рид”. Релјефот во ловиште е многу разгранет и на поедини делови остава впечаток на посебни целини (средниот дел со “Титов врв”).


   

 

Под самиот гребен на планината лежат бројни циркови, во кои се сместени преубави леднички езера. Под цирковите формирани се длабоко всечени долини кои најчесто претставуваат изворишта на многуте реки во ловиштето. Но, и покрај големите надморски височини (над 2700 метри), низ ловиштето доминираат зелени пасишта што одава слика на питомост на теренот.

Ловиштето се карактеризира со голема вертикална расчленетост на теренот. Разлика помеѓу највисоката и најниската точка во ловиштето изнесува дури 1.770 метри, поради што во него се сретнуваат повеќе климазонални асоцијации. Благодарение на ова, дивечот во ловиштето има во изобилие разновидна природна храна и места за криење.

Во ловиштето опстојуваат повеќе видови на дивеч помеѓу кои од интерес за ловството се дивокозата, дивата свиња и срната. Поради големите надморски височини на кои се простира ловиштето како и специфичниот терен кој е идеален за дивокозите, допринесуваат овој вид на дивеч да е најброен во ловиштето. Сепак, и покрај тоа што бројноста на дивите свињи и срните во ловиштето е помала, поради поголемиот прираст нивниот дозволен застрел е на нивото на дивокозите.

Покрај нив во него може да се сретнат и други видови дивеч како што се мечката, рисот, волкот, куна златка, куна белка. видра, дива мачка и др. Посебно за одбележување се големата популации на мечки и присуството на рисот, кои поради малата бројност во нашата држава се трајно заштитен вид на дивеч.

 

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865536
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
342
536
878
12887
865536

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:26:01
Web Analytics