Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Милисин“

Posted by  Published in: Ловишта

 Ова е ловиште кое се карактеризира со многу убава природа и богатство на дивеч, како по видови така и по количина. Природата и богатството на дивеч од ловечки аспект ја надополнуваат и оградениот простор за интензивно одгледување и застрел на дивеч во кој покрај автохтоните видови на дивеч може да се лови и елен лопатар. 

Сето ова надополнета со ски-центарот “Кожуф“ кој се наоѓа во границите на ловиштето и близината на градот Гевгелија кој нуди можности за забава во повеќето казина, на ова ловиште му даваат посебен шмек и го прават доста атрактивно за ловните туристи.

Интересен податок за ова ловиште е тоа што во овој дел од нашата држава се наоѓало последното природно живеалиште на автохтониот обичен елен, каде е застрелан последниот елен.

 Ловиштето “Милисин” - Гевгелија се наоѓа во крајниот јужен дел од нашата држава и спаѓа во Долно - Вардарското ловностопанско подрачје - реон Гевгелија. Со Одлука на Владата на РМ за востановување на ловишта на територијата на РМ тоае востановено како ловиште за крупен дивеч.

Ова е најрепрезентативното ловиште во Долно - Вардарското ловностопанско подрачје кое се простира на вкупна површина од 10.400 ха. Тоа е лоцирано во југо-западниот дел од ловниот реон Гевгелија, поточно западно од градот Гевгелија. Ловиштето и е распостлано на просторот источно од ски-центарот “Кожуф” и северно од државната граница со Република Грција. 

Сообраќајница по која најлесно се пристигнува до ловиштето е регионален патен правец Гевгелија - Горничет - Конско - Смрдлива Вода - ски-центар “Кожуф”. Благодарение на солидно развиена мрежа на земјени патишта, т.е. црни ( шумско - камионски ) патишта, пристапот до ловните терени во ловиштето е можен со моторни возила.

 Ловиштето зафаќа дел од источните експозиции на планината Кожув, поради што теренот на кој се протега ловиштето се карактеризира со мошне развиена конфигурација. Тоа се карактеризира со голема разлика помеѓу највисоката и најниската надморска височина која се движи од 410 метри па се до 2.165 метри.

Како резултат на тоа во ловиштето постојат поголем број на различни шумски заедници, што благопријатно се одразува врз дивечот. Па така, во најниските делови од ловиштето се јавуваат дабовите шуми, кои постепено се заменуваат со буковите шуми, за во највисокиот дел да се јават висикопланинските пасишта. Структурата и составот на шумската и друга вегетација допринесуваат во ловиштето да преовладуваат доста поволни услови за природна исхрана на дивечот, а покрај тоа застапеноста на најразлични типови на шуми на дивечот му обезбедуваат природни засолништа особено во периодот на  репродукција.

Просторот кој го зафаќа ловиштето “Милисин” се карактеризира со развиена хидрографска мрежа што допринесува водата да не му недостасува на дивечот и таа да му е лесно достапна во текот на целата година. Ова е дотолку значајно ако се има во прецвид дека водата е доста важен ограничувачки фактор за опстанок на дивечот. Развиеноста на хидрографската мрежа во ловиштето е резултат на големината и разгранетоста на сливното подрачје на Конска Река, која воедно претставува главен и најголем водотек во ловиштето.

Од аспект на температурниот режим во ова подрачје се чувствува медитеранското климатско влијание во комбинација со умерено континентално климатско влијание. Како последица на тоа тука се чувствува посебна локална клима со изменети медитерански и ублажени умерено континентални обележја, која се манифестира преку релативно топли лета и релативно студени зими, зголемената средна годишна температура, смалено средно годишно температурно колебање и значително потопла есен од пролет. Преодот од зимата кон летото е постепен со јасно изразена пролет. Минималните зимски температури се со најмали вредности, така да Гевгелиското подрачје спаѓа маѓу најтоплите подрачја во Република Македонија.

Ваквиот температурен режим има пријатно влијание врз дивечот и овозможува во ловиштето да се внесуваат и некои видови на дивеч кои би имале потешкотии при адаптацијата на климатските услови кои владејат во поладните северни делови од нашата држава.

Во ловиштето се застапени голем број на видови дивеч под заштита и дивеч без заштита. Од дивеч под заштита се сретнуваат дивата свиња, срната, а е забележано и присуство на мечката. Покрај нив во ловиштето се среќаваат и повеќе видови на ситен дивеч кои имаат значење за ловството, како што се: дивиот зајак, грлицата, повеќе видови на гулаби и шумска шљука.

Од дивеч без заштита во ловиштето се среќаваат куна белка и златка, волк, лисица, твор, јастреб кокошкар и други.Бројноста на волците во ловиштето е занемарлива и нивното периодично присуство се забележува само во највисокоте делови на ловиштето.

Голема предност е тоа што во ловиштето постои и ограден простор за одгледување и застрел на дивеч кој се простира на површина од околу 310 ха. Во него покрај дивата свиња и срната исто така е застапен и еленот лопатар кој е алохтон вид во нашата држава. Ова оградено ловиште е изградено со сите стандарди и е опремено со голем број на чеки и набљудувачници од кои може да се набљудува и врши застрел на дивечот.

Во непосредна оддалеченост од оградата за интензивно одгледување и застрел на дивеч постојат неколку стопански објекти, и тоа:

- современа ловечка куќа со корисна површина од околу 100 м², која се состои од: 3 соби, кујна со трпезарија, 2 купатила. Оваа куќа е со  капацитет за сместување на 6 ловци, на кои им нуди можност за пристоен престој во срцето на ловиштето во автентичен ловечки амбиент;

- куќа за сместување на ловочувари;

- комора-ладилник за месо;

- простор за сместување на ловечки кучиња.


* Концесионер на ловиштето “Милисин“ е ЈП “Македонски шуми“, па според тоа сите заинтересирани ловци или вљубеници во дивечот кои сакаат да го посетат ловиштето може да се обратат во секторот за лов и ловен туризам при ова јавно претпријатие.


Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865513
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
319
536
855
12864
865513

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:09:51
Web Analytics