Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Сараево“

Posted by  Published in: Ловишта

Ловиштето "Сараево" е востановено како ловиште за крупен дивеч и се наоѓа во Влаинско - Малешевско ловностопанско подрачје - реон Берово. Своето име ловиштето го добило по истоимениот врв кој се наоѓа на Влаина планина во неговиот северен дел.

Ловиштето се простира во крајниот источен дел на Република Македонија, односно источно од градот Пехчево и североисточно од градот Берово. Тоа е со површина од 10.840 ха, од кои речиси во целост се ловна површина. Концесионер на дивечот во ловиштето е ДЛЛТ ГС "Хантинг Тим" ДООЕЛ од Скопје, кој ќе стопанисува со него во следните 20 години.

До ловиштето се пристигнува преку регионалниот патин правец Берово - Делчево кој минува покрај самата западна граница од ловиштето. Од него кај Пехчево се двои патен правец кој води до граничниот премин "Клепало" кој во блиска иднина би требалода ја поврзе нашата држава со Република Бугарија. Овој пат е делумно изграден и останува да се довршат останати градежни работи и да се отвори граничниот премин.

За жал и покрај тоа што патната мрежа во ловиштето е солидно развиена, таа е со слаб квалитет бидејќи речиси сите патишта во ловиштето се замјани шумско - камионски по кој е возможен сообраќај само со теренски моторни возила или трактори.

Имајќи ја во предвид релјефната структура на теренот во ловиштето, може да се заклучи дека тоа е брдско-планинско ловиште со многу развиен релјеф. Поголемиот дел од него е распослан по западните експозиции на Влаина планина, додека помал дел по северните експозиции на Малешевските планини. Северните делови од ловиштето се карактеризираат со високи ридови кои се со умерено стрмни наклони и плитки долови, за разлика од неговите јужни делови во кои ридовите кои се подолги и пониски но со поголеми наклони. Разликата помеѓу најголемата и најмалата надморска височина изнесува околу 1.112 метри. Најголема надморска височина во ловиштето се наоѓа на сртот на Влаина планина во источниот дел од ловиштето и изнесува 1932 метри, додека најмалата надморска  височина изнесува околу 820 метри и се наоѓа во северозападниот дел од ловиштето кај село Панчарево.

 
 

Како последица на разновидноста на рељефот, во ловиштето има повеќе помали реки, долови и потоци. Реките и водотеците во јужниот дел од ловиштето течат по длабоки долови, додека во северниот дел од ловиштето доловите по кои течат реките се поплитки, што го прави овој дел од ловиштето полесно прооден. Најголема река во ловиштето е Брегалница која тече низ јужниот дел од ловиштето  Покрај неа во ловиштето се сретнуваат и други реки, како што се: Крива река, Љутачка река, Пехчевска река, Желевица и др. Тие се со постојани водотеци што овозможува водата да му е лесно достапна на дивечот во текот на целата година.

Речиси во целост ловиштето е под шуми, ливади и пасишта. Обработливи површини има многу малку и се наоѓааот околу населените места и во неговите пониски делови. Како резултат на релјефот и на влијанието на умерено-континенталната клима со нејзина модификација во високите планински и рамнински делови, на просторот на ловиштето се сретнуваат поголем број на растителни заедници. Големата површина под шуми, како и разноликоста на растителноста овозможила дивечот во ловиштето да има одлечни услови за криење и исхрана.

Главни ловностопански видови дивеч во ловиштето се срната и дивата свиња. Покрај нив во ловиштето може да се сретнат и други видови дивеч како што се: зајакот, еребицата камењарка, разни видови на гулаби, лештарка, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч, кои видови корисникот на дивечот во ловиштето има право да ги користи во согласност со Законот за ловството.

Во ловиштето од дивечот без заштита се среќаваат: волк, лисица, куна белка и златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други. Нивната бројност варира, но не е регистрирана пренамноженост на истите, така што штетите кои ги предизвикуваат се во рамките на нормалата.

 Близината на државната граница со Република Бугарија има благопријатно влијание врз дивечот, поради што нивната бројност во ова ловиште отскокнува во однос на ловиштета од внатрешноста. Ваквото влијание врз бројноста на дивечот се должи воглавном на неговите миграци од една во друга страна на границата и на поголемиот мир кој го има дивечот како резултат на подобрата контрола на движење во пограничниот појас.

 

Мост на реката Брегалница

Мотел во ловиштето


Во ловиштето не постојат наменски сместувачки објекти во кои ловците би можеле да се сместат и престојуваат. Но сепак ова и не е некој проблем бидејќи големите и восхитувачки убавини кои со кои се карактеризира природата во ловиштето, ја препознале вљубениците во природата кои по течението на река Брегалница изградиле голем број на сместувачки објекти кои можат да бидат одлична замена на наменските ловечки сместувачки објекти. Исто така оваа празнина може да ја надополнат и сместувачките објекти (хотели, мотели и слично) кои се наоѓаат во блиските градови Берово, Пехчево и Делчево.


Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865537
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
343
536
879
12888
865537

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:26:44
Web Analytics