Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Мартолци“

Posted by  Published in: Ловишта

Ловиштето “Мартолци“ се наоѓа во централниот дел од нашата држава и припаѓа на Средно – Вардарското ловностопанско подрачје - ловниот реон Велес. Тоа е ловиште за ситен дивеч кое се простира на површина од околу 7.780 ха.

Иако овој дел од нашата држава изобилува со убави предели и природа, со ловишта богати со дива свиња и во дел од кои може да се лови и дивокоза, сепак ова едноставно ловиште е она со кое може да се пофалат и гордеат жителите од регионот на Извор и Богомила.

Ова наизглед обично ловиште, благодарение на инвестициите и големиот труд на новиот концесионер “Ловечко друштво Сурда-Вахо“ од село Оморани, прерасна во највредното ловиште во овој ловен реон. Повеќето новоизградени ловнотехнички и ловностопански објекти, ова просечно ловиште го вброи во редот на ловиштата за пример, во кои има што да се види и научи. 

До ловиштето најбрзо се пристигнува преку регионалниот патен правец Велес – Извор, кој уште е познат и како стариот пат Велес – Прилеп. Благодарение на железничката линија Скопје – Прилеп која минува во непосредна близина на неговата северна граница, до ловиштето може да се пристигне и со воз.

Тоа се карактеризира со ридчесто-брановиден терен. Северните делови од ловиштето се простираат врз крајните делови од планинскиот систем Јакупица и планината Бабуна, додека неговите јужните делови се изградени од брдски комплекс со мошне развиена морфологија. Во средишниот дел од ловиштето се издига планината Руен која со својата височина доминира во ловиштето. Ваквиот терен нуди одлични услови за зајакот, додека во карпестите делови се сретнува и еребицата камењарка.

За разлика од силно избраздениот релјеф во поголемиот дел од ловиштето, теренот покрај реката Бабуна е зарамнет и со благ наклон. Овој дел е претежно со ниви, што создало одлични услови за опстанок на полската еребица и зајакот.

 

 

 

Прихрана на еребица камењарка

Прихрана на полската еребица


Покрај споменатите видови на дивеч, во ловиштето се сретнуваат и други видови на дивеч, како што се волкот, лисицата, потполошката, шумската шљука, повеќе видови гулаби и др.

Она што го прави ова ловиште поинакво од другите во овој дел од нашата држава, се специфичните ловнотехничките објекти, кои се изградени во изминативе неколку години. Секако дека најкарактеристична помеѓу нив е комбинираната одгледувачница за крупен дивеч, односно за елен лопатар и дива свиња, чие производство целосно е наменето за продажба како жив дивеч и збогатување на другите ловишта со дивеч. Со тоа сите концесионери на ловишта кои сакаат да си ги збогатат своите ловишта со овој атрактивен дивеч се поштедени од скапите и комплицирани процедури за набавка од некоја соседна држава.

 

 

 

Одгледувачница за елен лопатар

Одгледувачница за дива свиња

 

 

 

Одгледувачница за фазани

Одгледувачница за диви пајки

 

Покрај неа, во ловиштето постои и одгледувачница за ситен дивеч, односно за фазани, диви пајки и потполошки, а наскоро треба да профункционира и одгледувачница за полски еребици која засега масовно вештачки не се произведува на друго место во нашата држава.

Во непосредна близина на одгледувалиштата во завршна фаза е и изградба на стопански објект, во чие приземје ќе бидат сместени 3 инкубаторски станици, батерии и магацини, додека на спратот ќе се наоѓаат канцелариските простории на концесионерот и салон.

За сместување на ловците и ловните туристи, концесионерот Сурда Вахо користи наменска ловечка куќа која се наоѓа во село Оморани. Оваа ловечка куќа е во класичен етно македонски стил карактеристичен за регионот, која има 4 опремени соби и кујна со трпезарија, на која се сервираат како ловчеки, така и етно специјалитети.

Комодитетот и можностите кои ги нуди ова ловиште ги препознале и ловните туристи, па така тоа успешно се афирмира и во ова поле од што неоспорно бенифит може да има целиот регион.

 

 

Ловечка куќа во село Оморани

 



Weather

Partly cloudy

14°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 58%
Wind: W at 11.27 km/h
Monday
Rain
13°C / 21°C
Tuesday
Scattered showers
13°C / 21°C
Wednesday
Rain
13°C / 19°C
Thursday
Scattered showers
13°C / 22°C

Translator

Visitors Counter

746316
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
89
917
5338
16302
746316

Your IP: 54.162.227.37
Server Time: 2018-06-24 01:45:39
Web Analytics