Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Голак“

Posted by  Published in: Ловишта

Ова ловиште се наоѓа во крајниот источен дел од нашата држава и е дел од Влаинско – малешевското ловностопанско подрачје – реон Делчево. Тоа е востановено како ловиште за крупен дивеч и се простира на површина од речиси 14.000 ха. Според многу параметри ова ловиште кое е лоцирано јужно од градот Делчево е најдоброто ловиште во овој ловен реон. Концесионер на ова ловиште е ЛД “Острец“од Делчево, но нивниот Договор за концесијаистекува во текот на оваа година.

Пристапот до ловиштето е лесен и брз, со оглед на тоа што низ него минуваат магистралниот патен правец М5 (Штип – Делчево) и регионалниот патен правец кој ги поврзува градовите од источниот дел од нашата држава Струмица – Берово - Делчево. Во негова непосредна близина се наоѓа и граничниот премин “Делчево“, така што и пристапот од соседна Бугарија не претставува никаков проблем. Благодарение на густата мрежа од сообраќајници од разни категории која се наоѓа на просторот на ловиштето, пристапот до ловните терени во ловиштето од градот Делчево е многу лесен и брз.

 По општата физиономија ова е типично ридско-планинско ловиште. Низ централниот дел од ловиштето протекува реката Бргалница која го дели на два дела, западен кој е дел од источните падини на планините Голак и Обозна, и источен кој е дел од планината Бајаз Тепе. Иако високите делови од ловиштето се силно развиени, со мали исклучоци движењето по нив не претставува проблем.

Најголем дел од ловиштето е прекриено со шуми, кои се претежно дабови и букови, но како резултат на интензивните пошумувања во минатото во него постојат и разни зимзелени иглолисни насади. Покрај под шуми значителен дел од ловиштето е и под ливади, пасишта и ниви, што секако дека има многу позитивно влијание врз дивечот.

Ваквата речиси идеална структура на површините, составот на шумите, одличната местоположба и развиеност на релјефот, овозможува тоа да е богато со разни видови на дивеч, па така во него освен крупен дивеч може да се лови и ситен дивеч.

 

 

Ловци од Делчево со својот улов

 Повисоките делови од ловиштето се богати со дива свиња и срна, кои поради големата бројност не ретко може да се сретнат и во неговите пониски делови. За богатството со дивеч влијание покрај поволната клима и прехрамбениот потенцијал, секако дека имаа и близината со соседна Бугарија од каде често на наша територија се префрлаат голем број на срни и диви свињи. Близината на границата има влијание и врз чувањето на дивечот, така што чести се патролите на пограничната полиција, па во ловиштата од овој регион криволовот е сведен на минимум.

Во пониските делови од ловиштето, посебно во подножјето на планините постојат одлични услови за зајакот, поради што тука е дозволен негов лов. Покрај него, од ситниот дивеч во тесен појас по течението на река Брегалница се сретнува и полската еребица, па така ловната понуда во ова ловиште е збогатена и со овој вид на дивеч.

Кога станува збор за ова ловиште за одбележување е близината на спортско-рекреативниот центар “Голак“ во чиј состав се наоѓа и одморалиштето “Голак“. Сепак за жал овој прекрасен објект е целосно руиниран и препуштен самиот на себе, што е навистина е жалосно и трагично. Она што требаше да биде најголем двигател на развојот на руралниот и планинскиот туризам во овој дел од нашата држава и комотно место за претстој на ловците, човековата неодговорност и негрижа целосно го уништи.

 

   
   
   

 

Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778297
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
122
411
1847
10103
778297

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:12:37
Web Analytics