Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиште “Железна Река“

Posted by  Published in: Ловишта

 Ова ловиште кое под коцесија го има ЗЛФ “Муфлон“ од Гостивар е едно од најомилените ловишта за крупен дивеч на гостиварчани. Тоа се наоѓа во северозападниот дел од нашата држава и е дел од Полошкото ловностопанско подрачје – реон Гостивар. Ловиштето се простира во југоисточниот дел од овој ловностопански реон на падините од планините Добра Вода, Буковиќ и Сува гора. Тоа  е со површина од околу 8.730 ха од кои најголем дел се под шуми. Името го има добиено по селото кое се наоѓа во срцето на ловиштето.

Најквалитетна и најбрза сообраќајница која води до ловиштето е регионалнот патен правец Гостивар – Србиново – Самоков. Сепак пристапот до ловиштето од страна на поречието е отежнат бидејќи ова е делумно асфалтирана сообраќајница, односно од село Трново до село Растеш тој е со мека подлога па не е погодна за движење со леки возила. Благодарение на тоа што низ ловиштето минува железничката пруга Скопје – Кичево на која што во близина на село Падалиште се наоѓа железничката станица “Хан”, пристапот до ловиштето е возможен и по железнички сообраќај.

 Тоа се протега по западните падини од планината Добра Вода, по северните падини на планината Буковиќ и по јужните падини на планината Сува Гора. Ваквата негова поставеност условила ловиштето да е доминантно со планински релјеф кој е испресечен со голем број на ридови и долови. Сепак, иако по него се сретнуваат голем број на ридови кои се со различен наклон, вогламном тие се лесни за движење и лов. Билата на планините воглавном се зарамнети и по одредени места на нив се сретнуваат разни карстни форми.

Местоположбата на ловиштето како и неговата надморска височина условиле во ловиштето да доминира шумската вегетација, од која најзастапени дрвни видови се разните видови дабови и буката. Големата застапеност на овие дрвни видови делува поволно за дивечот, бидејќи нивните жирови се одлична природна храна за него.

Главни ловностопански видови на дивеч во ловиштето се срната и дивата свиња, но во него се сретнуваат и други видови на дивеч како што се: мечката, волкот, зајакот, еребицата камењарка, разни видови на гулаби, лештарка, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч, од кои некои видови може да се ловат во согласност со Законот за ловството.

За жал во ловиштето не постојат наменски сместувачки капацитети во кои може да се сместат ловците кои готуваат во него. Сепак, благодарение на близината на градот Гостивар до ловиштето, во кој постојат голем број на сместувачки капацитети од разни категории, тоа и не претставува посериозен проблем.

Мирот кој се должи на слабата неселеност на ловиштето и неговата одвоеност од главните сообраќајници кои минуваат низ овој дел од нашата држава, како и на изобилството на природна храна и неговиот поволен хидролошки потенцијал, допринесуваат тука дивечот да има одлични услови за опстанок што резултира со висока негова бројност.

 

 Ловци со улов во ловиштето “Железна Река“


 Судејќи според видовите ловен дивеч ова ловиште не е атрактивно за странките ловци, додека слабата опременост со разни ловнотехнички и ловностопански објекти допринесуваат тоа и да не е баш многу погодно за развивање на ловниот туризам. Сепак, поради богатството со дива свиња и срна тоа е вистински бисер за домашните ловци на кои месото од дивеч им е поважно од трофеите.


Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778443
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
268
411
1993
10249
778443

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:54:08
Web Analytics