Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловишта

Ловиштето "Сараево" е востановено како ловиште за крупен дивеч и се наоѓа во Влаинско - Малешевско ловностопанско подрачје - реон Берово. Своето име ловиштето го добило по истоимениот врв кој се наоѓа на Влаина планина во неговиот северен дел.

Ловиштето се простира во крајниот источен дел на Република Македонија, односно источно од градот Пехчево и североисточно од градот Берово. Тоа е со површина од 10.840 ха, од кои речиси во целост се ловна површина. Концесионер на дивечот во ловиштето е ДЛЛТ ГС "Хантинг Тим" ДООЕЛ од Скопје, кој ќе стопанисува со него во следните 20 години.

Според многу параметри, ловиштето “Полаки“ е едно од најубавите ловишта во нашата држава. Тоа е вистински “бисер“ со кој нашата држава може со гордост да се промовира во полето на ловниот туризам. Поради своите карактеристики, ова ловиште се до минатата година имаше статус на државно ловиште, кој со одлука на Влада го изгуби и стана комерцијално ловиште.

Ловиштето “Полаки“ се наоѓа во Брегалничкото ловностопанско подрачје - реон Кочани и е востановено како ловиште за крупен дивеч. Тоа е со вкупна површина од 12.930 ha. Позиционирано е на потегот северно од градот Кочани и се протега од врвот “Султан Тепе (Царев врв)“ на север, па се до браната “Градче“ на Кочанското езеро на југ.

Ловиштето “Тажево“ е востановено како ловиште за крупен дивеч. Тоа се наоѓа во централниот дел од нашата држава, односно е дел од Кичевско – Бродското ловностопанско подрачје – реон Македонски Брод. Ловиштето е лоцирано во крајниот северен дел на овој ловен реон и е со површина од околу 7.680 ха.

Ловниот реон Македонски Брод се карактеризира со неколку убави ловишта за крупен дивеч, од кои со својата атрактивност се издвојува токму ловиштето “Тажево“.  Тоа се должи на повеќе фактори, помеѓу кои се богатството со разни видови на дивеч, можноста за лов на дивокоза, убавата природа, слабата населеност, граничењето со ловиштето “Јасен“, близината на акумулационото езеро “Козјак“ и сл.

Ловиштето “Мартолци“ се наоѓа во централниот дел од нашата држава и припаѓа на Средно – Вардарското ловностопанско подрачје - ловниот реон Велес. Тоа е ловиште за ситен дивеч кое се простира на површина од околу 7.780 ха.

Иако овој дел од нашата држава изобилува со убави предели и природа, со ловишта богати со дива свиња и во дел од кои може да се лови и дивокоза, сепак ова едноставно ловиште е она со кое може да се пофалат и гордеат жителите од регионот на Извор и Богомила.

Ова наизглед обично ловиште, благодарение на инвестициите и големиот труд на новиот концесионер “Ловечко друштво Сурда-Вахо“ од село Оморани, прерасна во највредното ловиште во овој ловен реон. Повеќето новоизградени ловнотехнички и ловностопански објекти, ова просечно ловиште го вброи во редот на ловиштата за пример, во кои има што да се види и научи. 

Ова ловиште се наоѓа во крајниот источен дел од нашата држава и е дел од Влаинско – малешевското ловностопанско подрачје – реон Делчево. Тоа е востановено како ловиште за крупен дивеч и се простира на површина од речиси 14.000 ха. Според многу параметри ова ловиште кое е лоцирано јужно од градот Делчево е најдоброто ловиште во овој ловен реон. Концесионер на ова ловиште е ЛД “Острец“од Делчево, но нивниот Договор за концесијаистекува во текот на оваа година.

Пристапот до ловиштето е лесен и брз, со оглед на тоа што низ него минуваат магистралниот патен правец М5 (Штип – Делчево) и регионалниот патен правец кој ги поврзува градовите од источниот дел од нашата држава Струмица – Берово - Делчево. Во негова непосредна близина се наоѓа и граничниот премин “Делчево“, така што и пристапот од соседна Бугарија не претставува никаков проблем. Благодарение на густата мрежа од сообраќајници од разни категории која се наоѓа на просторот на ловиштето, пристапот до ловните терени во ловиштето од градот Делчево е многу лесен и брз.

 Ловиштето “Тајмиште“ се наоѓа во западниот дел од нашата држава и е дел од Кичевско – Бродското ловностопанско подрачје – реон Кичево. Тоа е ловиште за крупен дивеч, кое е со вкупна површина од околу 12.400 ха од кои најголем дел се под шуми. Тоа е лоцирано северозападно од градот Кичево, на потегот помеѓу градовите Кичево и Гостивар.

Ловиштето се простира по источните падини на планината Бистра и по дел од јужните падини на планината Буковиќ. Според конфигурацијата на теренот и надморската височина, тоа е ридско планинско ловиште испресечено со голем број на високи ридови и длабоки речни корита.

 До ловиштето се пристигнува преку магистралниот патен правец Скопје – Охрид, кој навлегува во ловиштето кај планинскиот превој “Стража“ и го напушта во северните предградија на Кичево. Покрај него, до ловиштето може да се стине и по железнички сообраќај, бидејќи низ неговиот југоисточен дел минува железничката пруга Скопје – Кичево, на која кај село Зајас се наоѓа истоимена железничка станица.

 Ова ловиште кое под коцесија го има ЗЛФ “Муфлон“ од Гостивар е едно од најомилените ловишта за крупен дивеч на гостиварчани. Тоа се наоѓа во северозападниот дел од нашата држава и е дел од Полошкото ловностопанско подрачје – реон Гостивар. Ловиштето се простира во југоисточниот дел од овој ловностопански реон на падините од планините Добра Вода, Буковиќ и Сува гора. Тоа  е со површина од околу 8.730 ха од кои најголем дел се под шуми. Името го има добиено по селото кое се наоѓа во срцето на ловиштето.

Најквалитетна и најбрза сообраќајница која води до ловиштето е регионалнот патен правец Гостивар – Србиново – Самоков. Сепак пристапот до ловиштето од страна на поречието е отежнат бидејќи ова е делумно асфалтирана сообраќајница, односно од село Трново до село Растеш тој е со мека подлога па не е погодна за движење со леки возила. Благодарение на тоа што низ ловиштето минува железничката пруга Скопје – Кичево на која што во близина на село Падалиште се наоѓа железничката станица “Хан”, пристапот до ловиштето е возможен и по железнички сообраќај.

 Според многу параметри ова е најубавото и најатрактивно ловиште за ситен дивеч во нашата држава. Ова е едно од ловиштата со кои можеме како држава да се пофалиме во полето на ловството на меѓународен план. Тоа се наоѓа во средишниот дел од нашата држава и му припаѓа на Средно вардарското ловностопанско подрачје – реон Свети Николе и со него стопанисува ЛД “Еребица“ од Свети Николе кое е можеби најдоброто ловечко друштво во нашата држава.

Ловиштето се простира на површина од околу 10.530 ха од кои најголем дел се земјоделско земјиште. Иако шумите зафаќаат мал дел од површината на ловиштето, тие се распоредени во големиот број ветрозаштитни појаси што создава идеални услови за ситниот дивеч. Благодарение на ваквата структура на вегетацијата, дивечот на мал простор има и храна и места за криење во текот на целата година.

Page 1 of 2

Weather

Sunny

30°C

Skopje

Sunny
Humidity: 33%
Wind: N at 6.44 km/h
Monday
Partly cloudy
13°C / 30°C
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C

Translator

Visitors Counter

805926
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
291
509
3730
14191
805926

Your IP: 54.198.52.82
Server Time: 2018-09-23 16:22:22
Web Analytics