Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

На кратко за ловниот туризам во Македонија

Posted by  Published in: Ловен туризам

Радува фактот што благодарение на креативноста, амбициозноста и енергијата кои денешните ловци и концесионери со ловиштата ја вложуваат во ловството, ловниот туризам полека но сигурно граби напред. Тие користејќи ги придобивките на современите средства за комуникација мошне брзо навлегуваат во тајните на ловството и стекнатото знаење го имплентираат во своите ловишта.

Веќе се видливи резултатите од големиот напредок на ловството во нашата држава, така што доколку се направи некоја посериозна анализа нема да биде изненадување ако се испостави дека во изминатиов период ова е гранка со најголем развој кај нас. За ова сведочат повеќето ново формирани и реновирани оградени ловишта, гатери, одгледувачници, фазанерии и ловечки куќи кои никнуваат низ целата наша држава.

 Сето ова резултира со зголемување на бројот на странски ловци кои како дестинација за лов ја одбираат нашата држава. Речиси и да нема концесионер кој не зачекорил во водите на ловниот туризам и не угостил некој странски ловец. Отприлика 90% од странските ловци доаѓаат за лов во ловиштата за ситен дивеч, во кој најмногу ловат полски еребици, еребица камењарка или одредени видови на прелетен дивеч. Цената за застрел на овие видови на дивеч се движи од 3 до 40 евра по птица во зависност од видот на дивечот и од концесионерот. Сепак поголемиот дел од концесионерите не наплаќаат врз основа на поединечен застрел, туку нудат дневни пакети за лов кои чинат од 60 до 100 евра.

Најрепрезентативен дивеч за лов во нашата држава е дивокозата. Со овој вид на дивеч се богати ловиштата на Шар Планина, НП “Маврово“ и ЈПУЗПП “Јасен“, додека во помал број неа ја има и во дел од ловиштата во Македонски Брод, Кичевско, Велешко, на Кожув и НП “Галичица“. Цената за нејзин застрел е различна од концесоинер до концесионер, но отприлика се движи во рамките од 900 евра до 1.800 евра за златен медал (ЈП “Македонски шуми“). Некои концесионери како што се ЈПУЗПП “Јасен“ и ЈУНП “Маврово“ нејзиниот застрел го пласират во пакет ангажмани кои чинат по околу 3.500 евра,  во кои покрај лов на диокоза се вклучени и други услуги.

За жал поради недоволно искорестениот потенцијал кој го нуди ловот на овој вид на дивеч, поголемиот дел од концесионерите и државата секоја година испуштаат прилика да се здобијат со големи финансиски средства од ловниот туризам. Како за илустрација за пример, ако во минатото ЈП “Македонски шуми“ од застрел на дивокоза во ловиштето “Лешница“ на годишно ниво остварувало приход од околу 3,3 милиони денари, во денешно време тоа е сведено само на околу 160 илјади денари годишно. Слична е состојбата и со поголемиот дел од концесионерите на ловиштата на Шар Планина кои или воопшто немаат застрел на дивокоза од страна на ловните туристи или тоа се прави инцидентно.

Покрај дивокозата интересен за лов на ловните туристи е и волкот, кој во нашата држава го има во голема бројност, поради што често прави штета како на дивечот така и на домашните животни. Некои досетливи концесионери ја согледале приликата, па така за негов застрел од странските ловци наплаќаат по 1.000 евра. Во организирање на лов на волк најуспешни се концесионерите од Свети Николе, Штип и Велес, но добри услови за организирање на негов лов има и во другите региони кои што се богати со овој вид на дивеч, како што се Делчево, Берово и др.

Интересно е тоа што она што е атрактивно за домашните ловци не е привлечно за странските. Ова е случај со дивата свиња и срната за чиј застрел има многу слаб интерес помеѓу странските ловци. Дива свиња некој странец може да застрела единствено во оградените ловишта и тоа како наметнато од концесионерите во пакет ангажман со друг вид на дивеч.

Многу значајни за развојот на ловниот туризам во нашата држава се оградените ловишта во кои покрај автохтон може да се лови и алохтон вид на дивеч. Станува збор за сосема различен концепт на стопанисување и функционирање одколку отворените ловишта. Во нив може да се ловат десетина алохтони видови на дивеч, како што се муфлонот, еленот лопатар, еленот аксис, критскиот козорог, берберската овца и др., што претставува големо надополнување на понудата за лов во нашата држава. Карактеристично за оградените ловиште е тоа што во нив се инвестират најголеми финансиски средства, но од друга страна може да се остваруваат и најголеми добивки.

Сепак под ловен туризам не се подразбира само застрелот на дивеч, туку и сите пропратни услужни дејности кои се дел од него. Добрите концесионери ова го имаат добро разбрано и разработено, па нудат и палета на дополнителни услуги, се со цел ловниот турист да е задоволен и да посака повторно да се врати во нивното ловиште. Тоа дава плод па така тие не само што имат постојана клиентела, туку и задоволните ловци со своите пофалби и препораки се најдобрата реклама за нив. Покрај тоа, постојат и позитивни примери во кои поголем број на разни услужни дејности остваруваат профит врз база на ловниот туризам. Така на пример во региони каде има голем прилив на ловни туристи раце тријат и хотелиерите, угостителите и трговците.

Интересен е податокот што во нашата држава најголем број од ловните туристи доаѓаат преку странски туристички агенции или агенти специјализирани во областа на ловниот туризам. Овие странски агенции најчесто имаат свои претставништа регистрирани во нашата држава или делуваат на база на партнерски односи со нашите ловни работници. Така на пример, на територија на нашата држава дејствуваат десетина странски ловно-туристички агенции од нашите соседи и Италија, кои да нема забуни одлично си ја вршат работата и даваат голем допринос за развојот на ловството во нашата држава.

Странските ловци во нашата држава доаѓаат воглавном преку ловно-туристичките агенции или организации како што се: “Safari Club International“, “A.di.ca. Caccia“, “Diana hunters“, “Hunt Europe Ltd“, “Olimpic hunting“ и др., додека дел од сопствениците и стопанисувачите со оградените ловишта и самите носат ловци во своите ловишта, како на пример ЈПУЗПП “Јасен“, ЈУНП“ Маврово“ и ЈП “Македонски шуми“.


 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 79%
Wind: W at 4.83 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861151
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
235
674
1521
8502
861151

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:54:50
Web Analytics