Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Лов во срцето на балканот

Written by  Published in: Ловен туризам


Ова е статија објавена во популарното американско ловечко списание “Sports Afield“ од авторот Крег Бодингтон. Авторот и самиот е пасиониран ловец и во списанието ги опишува своите ловечки искуства низ целиот свет. Тој во списанието на многу афирмативен начин го споделува своето искуство од ловот во нашата држава и воедно дава свое видување за нашата држава и ловот во неа. Во продолжение ќе Ви овозможам да го прочитате во целост неговиот текст.



Лов во срцето на балканот

Македонија, некогашен дом на Александар Велики, е нова атрактивна локација за европски лов


Нашиот план затоа мирисно мартовско пладне беше да се заземе позиција над крмната нива и да чекаме да се појави дивата свиња. Планот беше добар, но малку задоцнивме. И покрај благите временски услови, свињите веќе беа раздвижени, а ние дури неколку и заплашивме додека се приближувавме кон чеката.

Може пак да се појават или да дојдат други, па се искачивме и се сместивме. По речиси петнаесетина минути ветрот задува во спротивен правец, сега ширејќи го нашиот мирис преку полето до густиот гребен позади. Чекав трпеливо, знаејќи дека залудно го трошиме нашето време, чувствувајќи како ветрот заладува, а сонцето само што го допре хоризонтот, кога водичот Антон Тончев - Тони, ме чукна по рамото и рече: "Да си одиме." Добра одлука. Си помислив, тоа е тоа. Нашата топла куќичка и прекрасната дружина не чекаа. Но, Тони имаше друга идеја. Се качивме во возилото, па со мака поминавме неколку километри, запазувајќи ја дневната светлина која се повеќе се намалуваше. Без оглед на тоа, тој пак застана и продолживме брзо да пешачиме, упатувајќи се кон еден понизок срт кој нуди поглед на уште една крмна нива. Стигнавме на врвот, полето беше празно - и тогаш, од нашата десна страна како по наредба, голема, осамена свиња се појави од долот, движејќи се со свински инстинкт, не кон полето туку по дијагонала, насочувајќи се кон нас.

 

Крег Бодингтон

Брзо чекоревме по сртот за да и го пресечеме патот и кога достигнавме една точка од густата шума, Тони ме намести пред себе, давајќи ми знак да се подготвам.

Мислев дека сум подготвен, но кога свињата се појави на помалку од пет метри од нас, не бев сосема сигурен во тоа! Co погледот што го имав заради најниската положба, ја подигнав пушката и испукав точно под брадата, баш во рамото. Свињата падна, се стркала еднаш и тоа беше крајот на мојот втор лов во Македонија.


Дел од Грција ?


Уф, не, не е. Македонија е независна држава која се простира на север од Грција. Дом е на Александар, син на кралот Филип II Македонски, кој уште го нарекуваме и Александар Велики. Тој беше Македонец, не Грк. Македонија е земја од сите страни опколена со копно, помалку од 16.000 квадратни километри, ретко населена со нешто околу милион Македонци кои имаат сопствен јазик, сопствена валута и свое наследство со кое се гордеат. Поголем дел од земјата е планинска, точно во срцето на Балканот, со највисоката точка која е над 3.000 метри и со вкупно шеснаесет планини со висина од околу 2.000 метри. До неодамна, Македонија беше една од неколкуте полу-независни републики во составот на Социјалистичка Југославија. Се отцепи, мирно, во 1991 година и одлучи да се држи настрана од војните во Југославија во тој период, но се соочи со внатрешен судир во 2001 година, меѓу македонската државна војска и албанските бунтовници. Во последната деценија е стабилна и просперитетна, модерна Македонија членка на Обединетите Нации и Советот на Европа и во фаза на барање на членство во НАТО и Еврпската Унија.

Јас не знаев ништо од ова во времето кога за прв пат планирав лов во Македонија. Како и многу други и јас го ставив на погрешно место наследството на Александар, и навистина постои долготраен дипломатски спор меѓу Македонија и Грција, која има своја област која е именувана Македонија, и не дај Боже, веројатно ќе го изгубат приходот во туризмот од нивниот северен сосед! Ја запознав Македонија на малку невообичаен начин. Како што и претходно имам пишувано за тоа, летав од Франкфурт за Дар де Салаам, Танзанија. Тоа беше едно бескрајно долго време на сред долга ноќ, се движев меѓу седиштата во авионот кога скришно ѕирнав во книгата на еден млад човек кој седеше и читаше една од моите книги. Застанав и реков нешто многу глупаво, нешто како: "Одлична книга". Човекот кој ја читаше беше Сашо Иванов, бизнисмен од Скопје, главниот град на Македонија - и одговорен за тоа што после беше аматерска ловечка операција. И тој како мене патуваше за Танзанија, во лов на бафало, па така започнавме и разговор, ми даде своја бизнис картичка, велејќи ми дека мора да одам во Македонија во лов на дивокози.

He бев сосема сигурен каде се наоѓа Скопје, но барем знаев доволно историја за да можам да поврзам кога слетав на меѓународниот аеродром Александар Велики. А знаев и дека ќе ловам балканска дивокоза, една од поголемите вариетети од неколкуте европски видови, што никогаш порано не сум го правел. Делумно врз основа на убедување и делумно на моето погрешно разбирање за "најдобро време за лов на дивокози", ловот го испланирав за средината на ноември. Неколку недели пред моето заминување, ми се јави Сашо и ме праша дали можам да одам малку порано, изразувајќи загриженост заради длабокиот снег. Го проверив мојот мал џебен Светски Атлас и ја имаше оваа кратка реченица за планините во Македонија кои се "познати по силните врнежи од снег". Го променив малку распоредот и го поместив ловот за почетокот на ноември.

Како што се приближував имав јасен поглед на Балканот и освен на врвовите, немаше снег. Изгледаше добро. Доцна ручавме во Ловниот дом Камник - скопски ресторан и хотел кој изобилува со ловни трофеи, a потоа се упативме на сртот во близина каде го проверивме оружјето. По извесно време почна да врне и врнеше непрестајно додека патувавме до прекрасниот мал хотел во близина на ловиштето. Некое време во ноќта дождот го заменија врнежи од снег, првата балканска снежна виулица за таа сезона. Кога се разбудивме снегот имаше покриено се. И патиштата кои ќе ги користевме за да се искачиме на врвовите беа со наноси од снег кои достигнуваа висина и до 3 метри. Немавме друта опција па пешки го пробивавме патот, првиот ден во поларни услови. Видовме дивокози и промашив еден добар истрел во дивиот ветер од спротивен правец. Наредниот ден работите беа посмирени и видовме уште неколку дивокози. Но и наспроти ужасните услови, моите водачи не беа среќни со квалитетот и не можевме да стигнеме до областа кадешто требаше да одиме. Затоа се вративме во резерватот на Караџица над Скопје, каде и немаше толку многу снег. Таму, на мојот педесет и петти роденден застрелав прекрасен примерок на балканска дивокоза.


Европски волк


Ha првиот и многу тежок лов, се спијателивме со Сашо. Тој е вистински ловец со огромно искуство во Европа па и пошироко и бидејќи знаев многу малку за ловот во неговиот регион, го следев со особено внимание. Me информираше дека Македонија има неверојатно густа популација на волци, најверојатно повеќе од две илјади. Но, волците како волци, тој и неговмте партнери сеуште ги немаат ловено заради посебниот начин на нивен лов. Рече дека ќе ме извести кога ќе го најдат вистинскиот начин. Тој повик дојде две години подоцна. Поставувале мамки за волците и имало ситуации кои се чини, давале некакви резултати. Удирајќи со главата во ѕид многупати, во обидите да фатам волк на мојот континент, имав некоја мала надеж, ама ми звучеше повеќе како забава.

Ловот го испланирав на самиот крај од доцниот зимски период за лов на мунтјак и кинески воден елен во Англија. Ловот беше предвиден за почетокот на март, полна месечина, a Сашо ме увери дека ќе има и многу снег. Обично има, но не и оваа година. И повторно, планинските врвови беа чисти кога јас и Дона слетавме во Скопје и овој пат, со бадемите во полн цут, имаше малку надеж за повеќе снег. Сашо и нашиот водач, Антон - Тони Тончев, не пречекаа и ручавме заедно повторно на истото место. Да, раната пролет беше тешка и загрижувачка, но волците сеуште беа активни. Сашо и Тони ништо не ги загрижуваше. Првата ноќ имаше лош ветер и и покрај добрата светлина се откажавме. Втората ноќ беше мирно и многу поразлично од претходната. Co последната светлина се придвиживме во скривалиштето, кое повеќе личеше на дупка за снајперист на врвот на една стара куќичка. Заплашивме два волка на влегување, а надвор, само зраци од изгревот на месечината.

Сфатив - тоа е тоа и се сместив, подготвен за долга, свежа ноќ. Многу беше рано кога почнаа да лаат селските кучиња и неколку минути подоцна Тони ме потчукна, движејќи се кон неговата лева страна. И да, таму беше тој, во сребрената месечева светлина, сив волк, внимателно се движеше кон замката. Мислев дека можам да го видам оптичкиот инструмент токму позади неговото рамо кога пукна пушката и повеќе ништо не видов. Внимателно се приближивме и забележав дека ненадејно се појави ловџиска пушка. He беше неопходно. Волкот беше совршено застрелан и лежеше ниско во грмушките Голем мажјак со прекрасно крзно и остри заби, карактеристични за неговиот вид.


Уште нешто


Bo Македонија покрај тоа има и срндаци како и нешто добри обични елени мажјаци, но таа не е главна дестинација за овие животни. Популацијата на мечки е добра; додека ловевме дивокози на неколку патеки видов огромни траги од мечка. За жал не е дозволен нивен лов. Македонија има и многу добри дивокози, мноштво волци и огромна популација на диви свињи кои растат како огромни едмнки и се со добри заби. Има и уште многу многу други. Во минатото критскиот козорог или кри кри се простирал во Македонија. Пред повеќе од деценија, мојот другар Сашо имал важна улога за нивното враќање во Македонија. Годишно само неколку се достапни, но добро напредуваат.

Денот кога ја застрелав дивокозата беше оној истиот кога познатиот ловец Хектор Куељар го доби својот кри кри улов. Ова можам да го кажам бидејќи јас го добив мојот улов на грчкиот остров Сапиензе, но Куељаровиот е поголем трофеј од мојот. Присутни се и уште некои други невообичаени животни вклучувајќи елен аксис, хималајски тар, берберска овца, како и вообичаените европски животни, елен лопатар и муфлон. Сите успешно се прилагодени во ниските долини на Македонија. Откако го зедовме мојот волк, имавме уште малку време. Дона го доби својот улов, убиен елен лопатар и навистина спектакуларен муфлон и како што опишав јас застрелав капитален примерок на дива свиња.


Најдобро во Европа ?


Сум ловел секаков вид на дивокози, освен кавкаскиот вариетет и сигурен сум дека порано или подоцна и него ќе го имам. Но, искрено, сите тие наликуваат едни на други и само упорниот планински ловец треба тоа да го загрижува. Пред дваесетина години кога ја добив мојата прва дивокоза, имаше само две основни можности, или алпска дивокоза во Европа (најчесто во Австрија) или онаа алпската што беше внесена во Нов Зеланд. Времињата се променија. Цените во Европа се покачија и популацијата на дивокози во Нов Зеланд значајно се намали. Денес достапни се алпинката и сите други вариетети: кантабриска и пиринејска во Шпанија, карпатска во Романија, двата азиски вариетети, анатолиска во Турција и кавкаска во неколку земји од Кавказ. Ах, но ако сакате да изберете само една дивокоза, која треба да биде?

Мојот глас го давам на балканската дивокоза во Македонија. Изгледа моето искуство беше невообичаено, но тоа беше најдобриот лов на дивокоза кој некогаш сум го искусил, со висока популација, добра селекција и лов кој и покрај снежната виулица беше чиста забава. Сакате волк? Нема друго место на светот кое има погуста популација или со поголеми шанси за успех од Македонија.

Ловот на волци никогаш нема да биде сигурна работа, никаде. Но со висока распространетост на добиток со кој се храни и добри техники на намамување, шансите за успех се дорби насекаде во светот, но овде, веројатно се најдобри во Европа. Секако има и многу други места за лов на дива свиња, муфлон, елен попатар и друт европски дивеч и јас претпоставувам дека некој ќе негодува дека има и многу подобри места за лов на нив. Но, оваа мала, од сите страни опколена со копно, земја, Македонија, нуди несекојдневна можност за комбиниран лов по разумни цени, земја во која се добредојдени и ловците и нивното оружје, со постојано присутните замислени Балканци. Како држава, Македонија е релативно млада, но може да стане најдобра во Европскиот лов.



Автор: Крег Бодингтон

Преземено од : Sports Afield

 

 

 

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 79%
Wind: W at 4.83 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861166
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
250
674
1536
8517
861166

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 06:04:54
Web Analytics