Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловџии од странство плаќаат по 17.000 евра за да отстрелаат елен во “Јасен“

Written by  Published in: Ловен туризам

 

Ловџии од САД, Русија, Австралија, па дури и Нов зеланд плаќаат и по 17 илјади евра за да ловат во Македонија. Државното ловиште Јасен, според директорот Михаил Малахов,  веќе три години е едно од десетте најпознати ловишта во светот. Најмногу се лови балканската дивокоза и за неа ловџиите плаќаат од 1 500 до 4.500 евра. Најмала вредност има дивата свиња, за која просечно се плаќаат по 400 евра, но може да достигне и цена од 6 илјади евра. Најскапо во Јасен е да убиеш елен.

-За нив плаќаат и по 17 000 евра, последниот пред два месеци го уби жена, жените се покрволочни во ловот од мажите, вели  директорот на ловиштето “Јасен“,Михаил Малахов.Ловот во ова ловиште е исклучиво врз основа на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите има ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира. Ловџиите не можат да си ги земат трофеите дома. По потреба можат со нив да се фалат на изложби дома и во странство, но мора да ги вратат во Македонија. Месото се носи на анализа и се продава или се користи во ловиштето. 

 

Михаил Малахов

Во “Јасен“ се одгледуваат чисти генетски линии на автохтон дивеч. Неколкумина концесионери веќе биле казнети затоа што мешале домашна со дива свиња, што според директорот, може да го загрози целиот вид. Годишно во ова ловиште доаѓаат по 12 до 15 илјади посетители, од кои само околу 300 се ловџии. Останатите уживаат во природата, а можат да ловат и риби.   Во ловиштето има и 18 рисови,но за нив има забрана за лов.  

 

Извор : telma.com.mk

 

 

Weather

Sunny

18°C

Skopje

Sunny
Humidity: 55%
Wind: E at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699405
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
174
347
1772
16949
699405

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:18:46
Web Analytics