Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловиштето Јасен на светската мапа на ловните туроператори

Posted by  Published in: Ловен туризам

Ловиштето Јасен е атрактивна и позната дестинација за ловџиите од САД и Русија, а последните години и љубителите на ловот од Европа.

За да го одржат интересот за овој ловен предел во кој живее и рисот како заштитен автохтон и редок дивеч, во соработка со дипломатските претставништва и промотори низ светот, раководството на Јасен заедно со Агенцијата за промоција на туризам вршат интензивен маркетинг прилагоден на подрачјето каде се презентираат.

 - Во моментов државните ловишта на Република Македонија се лидери на Балканот, а веќе три години зад нас се Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска.., истакнуваат од ловиштетот Јасен.

Ловот во ова државно ловиште се спроведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите се дадени т.н. ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.

Директорот на ловиштето Михаил Малахов на денешната прес-конференција ќе информира за  досегашните активности на ова ЈП, како и за идните планови, кои се засноваат на програмата на Владата на Република Македонија за забрзан развој на ловниот туризам, преку која добиваат финансиски средства за интензивна продукција на автохтон дивеч.

Измените на Законот за ловство, особено во делот, учество на сите домашни и странски лица преку електронски систем на надавање за добивање на концесија на дивечот во ловиштата поднесени од Владата на Република Македонија, ја лансира Република Македонија меѓу државите низ светот со најуреден и единствен таков пример на можност и транспарентност во светот.

ЈП Јасен од 2011 год е членка на Интернационалниот Совет за заштита на дивиот свет и дивечот, која е  најголемата интернационална организација за лов како држава членка под уставно име - Република Македонија. 

  

Извор: МИА

 

Weather

Mostly clear

12°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 78%
Wind: W at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818007
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
506
523
1029
8846
818007

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 22:43:53
Web Analytics