Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловно – туристички објекти

Posted by  Published in: Ловен туризам

Веќе е кажано дела ловниот туризам е специфичен и многу скап туризам усмерен кон дивечот и ловниот простор како крајна дестинација. Отука ловно – туристичката инфраструктура има посебно всушност условно значење за развојот на ловниот туризам – веднаш зад производството и одгледувањето на дивечот како услов за одржливост.

Нашата традиција, ловечката култура и состојбата со управување и стопанисување со ловиштата, исклучително е негативна во оваа област.

Но ловниот туризам и во развиените земји воглавном се развивал во склад со посебностите на поединечни земји. Тоа го објаснува недостатокот на литература и стручни трудови на оваа тема, посебно кога се во прашање ловно – туристичките објекти. Врз основа на искуството од развиените земји, стручната литература и побарувањата на ловниот пазар, можно е да се антиципира воглавном во три групи на ловни објекти:

  • Објекти за информатичка дејност, агенциски услуги и сервисни услуги;
  • Објекти за транспорт (превоз), сместување и вршење на лов (фото – сафари);
  • Економски објекти (ладилници, работилници, продавници...).

Првата група ја сочинува сето она што претставува ловно – туристичка понуда и нејзин сервис во договарање и прифаќање на ловните туристи.

Втората група ја сочинуваат угостителски објекти од хотелско – мотелски тип, објекти на ловната инфраструктура, објекти на планинарската инфраструктура, објекти за изведување на лов кои уште се нарекуваат и ловно – технички објекти.

Со оглед на тоа што стандардите на туристичките угостителски објекти се познати, со напомена дека и овие објекти треба да бидат прилагодени кон ловните клиенти, потребно е тежински да се обработат ловно туристичките објекти од аспект на можност на нивно оспособување во ловиштата во Р. Македонија. Наиме, ако под објекти од ловно – туристичка инфраструктура ги сметаме оние објекти кои се наоѓаат во ловиштата и дестинациите за изведување на лов (на ловење) тогаш е можно да се зборува за објекти на селската инфраструктура кои веќе постојат и кои треба да се прилагодат, за објекти на планинската инфраструктура кои можат да се користат и кои исто така треба да се прилагодат и за објекти кои одново треба да се изградат, а се однесуваат воглавном на објекти за изведување на лов (фото – лов).

Што се однесува до објектите од планинската инфраструктура станува збор за повеќе планинарски домови – колиби со различен стандард и состојба. Овие објекти ги има низ теритиријата на целата држава и не се во можност да пружат целодневни туристичко - угостителски услуги. Но и покрај тоа овие објекти се драгоцена основа за развојот на ловниот туризам во Р. Македонија, а нивното користење треба да се усогласи со планинарските друштва кои управуваат со нив.

Посебно важни и основа на ловно – туристичката инфраструктура на Р. Макдонија се старите камени куќи градени во специфичнат стара македонска архитектура во кои не живее никој. Тие куќи и припаѓаат на т.н. рурална архитектура и со својата положба, изглед и содржини се речиси идеален услов за развој на ловно – туристичката инфраструктура во Р. Македонија. Ориенталноста на градбите и вклопувањето во просторот, распоредот на просториите додавајќи ја и оригиналноста на услугата од областа на националната ловечка кујна е всушност она што го бара современата ловечка клиентела. Не впуштајќи се во детали, сите овие објекти би можеле условно да се нарекуваат ловни колиби со капацитет од 5-8 лежаи, со една голема просторија и заеднички камин како препознатлив елемент. Овие куќи редовно се обезбедени со вода и со пристапни патишта, а целокупната територија на Р. Македонија е покриена со неколку оператори на мобилна  телефонија. Вложувањата се релативно мали, но самата адаптација мора да биде работена многу стручно и наменски.

Значи, за да ги придобиеме ловните туристи не треба да ги имитираме другите, туку треба да се стремиме да бидеме оригинални и да понудиме нешто поразлично од другите. Од таа причина треба да го искористиме она по што се разликуваме од другите, а тоа помеѓу другото се и нашите стари градби градени во специфичен македонски стил кои се оставени на забот на времето да пропаѓаат. Вакви успешни примери има во соседна Р. Бугаруја каде се реновирани цели села градени во старо макдонски стил.

Во современата ловно – туристичка понуда стандардизирани се објектите (средствата) за превоз, ловечки чеки, набљудувачници и сето тоа воглавном претставува стандард на понудата и е составен дел од договорот.

Економските објекти всушност се сервис кој го прати ловниот турист од моментот на влегување во земјата и по нив често се определува квалитетот на ловно – туристичката понуда, односно ловниот пазар. Во основа тоа се разни ладилници и работилници за обработка на трофеи и изработка на предмети, различни продавници за ловен прибор и опрема па се до нацонални и ловни сувенири, објекти за сместување или за изнајмување на ловечки кучиња, ергели за коњи и патеки за јавање и сл. За вакви објекти како и за претходните можат да бидат внимателно адаптирани веќе постоечки објекти со тоа што нивната функционалност да биде беспрекорно наменска и квалитетна. Со оглед на тоа што воспоставувањето на ваква ловно – туристичка инфраструктура е само прва фаза која што иде напоредно со производството на дивеч и осовременувањето на ловиштата, бројот на вработени е значителен и е со тенденција на постојан пораст и со статус на одржлива вработеност.

Но дали ловството во Р. Македонија се движи во ова насока или е можеби краен момент за усмерување кон неа можеби најдобро ќе покаже изработката на “Студија за развој на ловниот туризам во Р. Македонија“ и самата пракса.

Weather

Mostly sunny

8°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 92%
Wind: SE at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818284
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
197
586
1306
9123
818284

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:08:49
Web Analytics