Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Финансиски ефекти од ловниот туризам

Posted by  Published in: Ловен туризам

Несомнено дека ловниот туризам има голем финансиски потенцијал. Во Европа има околу 7,5 милиони регистрирани ловци, помеѓу кои 10% се т.н. транснационални ервопски ловци, односно такви кои обично ловат надвор од границите на своите држави. Ова е дејност во која на ниво на Еврпската Унија на годишно ниво се вртат околу 10 милијарди евра. Едни од државите во Европа со најголем приход од ловен туризам се Австрија со околу 500 милиони евра и Унгарија со околу 100 милиони евра.

 Земјите од нашето соседство се чекор пред нас во поглед на ловниот туризам. Тоа се должи на нивната богата традиција и децениската континуирана работа во ловството. Развиеноста на нивното ловство може да се согледа и преку финансиските ефекти кои тие ги имаат од ловниот туризам кои се значително поголеми од кај нашите. Така например, соседна Србија од ловен туризам во 2011 година заработила околу 3 милиони евра, при што во неа влегле околу 1.500 странски ловци. Најголем дел од нив (1.000 ловци) ги посетиле ловиштата низ Војводина, кои воглавном биле од Австрија, Италија, Германија и Шпанија.

Речиси исто толку од ловен туризам заработила и соседна Бугарија, во која  во 2011 година влегле 3.779 странски ловци кои во државата оставиле околу 3 милиони евра, од кои 2,2 милини евра во државното претпријатието која стопанисува со шумите, а останатите во ловните друштва.

Хрватска која годишно ја посетуваат некаде помеѓу 7.000 и 7.500 странски ловци, е значително поуспешна во ова поле од Србија и Бугарија. Во Хрватска во 2011 година од ловен туризам ЈП “Хрватске шуме“ заработило околу 1,6 милиони евра, додека во регионот Истра од 600-1000 странски ловци оставиле дури 3 милиони евра што било ¼ од вкупните приходи во оваа држава од овој вид на туризам.

За жал, во нашата држава многу е тешко да се дојдат до точни податоци за финансиските ефекти од ловнитот туризам, бидејќи директно инволвираните во него нерадо ги споделуваат финансиските информаци. Поради тоа, никој со сигурност не може да каже колку пари се влеваат во нашата држава по основ на ловен туризам. Сето тоа создава проблеми при планирањето на развојот на ловниот туризам, бидејќи недостасуваат одредени параметри кои би требало да се ориентир при креирањето на разни стратегии и планови за развој.

Сепак врз основа на одредени сознанија стекнати во неофицијални разговори може да се оформи првична слика за финансискиот потенцијал на оваа туристичка гранка во нашата држава. Така на пример, нешто над просечните концесионери кај кои иако нивото на менаџирање со ловиштата е нешто понапредно од просечните концесионери, сепак добри финансиски ефекти бележат воглавном како резултат на богатството на нивните ловишта со дивеч кој е баран од ловните туристи, а помалку од начинот на менаџирање. Овие концесионери од ловниот туризам годишно заработуваат до 25.000 евра и тука на пример може да се вбројат концесионерите од Куманово, Гевгелија и Штип.

Повеќе од 25.000 евра по овој основ во нашата држава внесуваат концесионерите кои покрај тоа што имаат ловишта со атрактивни видови дивеч, менаџирањето им е на едно повисоко ниво од претходните. Поголемиот дел од концеисионерите во нашата држава се стремат да го постигнат ова ниво. Тука може да се вбројат концесионерите од Свети Николе, Битола, Кавадарци, двата концесионери од Велес и ЈУНП “Маврово“.

Најголем прилив на финансиски средства по основ на ловен туризам кој се мери во стотици илјади евра имаат концесионерите кои се длабоко навлезени во ловниот туризам и нивната работа се базира на висок професионализам. Тука спаѓаат концесионерите со ловиштата “Конечко“, “Шешково“ и јавното претпријатие ЈПУЗПП “Јасен“.

Вакви концесионери засега во нашата држава се малубројни, но доколку се има во предвид податокот според кој оградените ловишта во “Ниџе“, “Караорман“ и “Исток“ (Ресен) полека влегуваат во полна кондиција и се при крај во формирањето на матичните стада, па може да се очекува дека и овие концесионери наскоро ќе се најдат помеѓу оние со најголем прилив на финансиски средства од ловниот туризам. Тука може да се најде и ЈП “Македонски шуми“, дотолку повеќе ако се има во предвид што сродните претпријатија на него од соседните земји од ловен туризам остваруваат приходи кои се мерат во милиони евра.

Гледано во целина, според слободна проценка во нашата држава од ловниот туризам годишно влегуваат помеѓу 1-1,5 милиони евра. Судејќи според инвестициите во ловството, може да се очекува дека според финансиските ефекти од ловниот туризам, нашата држава наскоро ќе може да се носи рамо до рамо понапредните соседни држави. Во прилог ни одат и поволните климатски, еколошки и природни услови, благодарени на кои нашата држава е богата со атрактивни видови дивеч за странските ловци. Покрај тоа и местоположбата на нашата држава е мошне погодна, така што со авионските линии за кратко време може да се стигне кај нас од било која европска метропола.

Сепак за да се постигне ова и да се задржи трендот на развој и афирмација на ловството, добро би било државата со одредени мерки да ја потпомогне оваа дејност. Постојат голем број на проблеми со кои постојано се судруваат концесионерите на ловиштата што создава несигурност кај нив и кај странските ловци. Така на пример странските ловци се судруваат со големи непријатности уште при влез во нашата држава поради разни пробелеми со царинските процедура, како на пример за внес на ловечко оружје, муниција или ловечки кучиња и сл. Тие не се поштедени од непријатности ниту при напуштањето на нашата држава бидејќи често се судруваат со проблеми при обид да се изнесе уловениот дивеч или трофеите.

За крај, се чини дека во нашата држава недостасува една посериозна студија за ловниот туризам, со која помеѓу другото би се направила анализа на проблемите со кои се судрува оваа гранка и би понудила решение за истите. Меѓу другото оваа студија би дала и јасна претстава за тоа со што може да се афирмира нашата држава на ова поле, што може да им понуди на странските ловци, како може да се збогати и подобри понудата за ловните туристи, како држават би требало да ја потпомогне оваа гранка, какви се ефектите може да се очекуваат од ловниот туризам и сл.

Се разбира дека водечка улога во ова треба да има високонаучната институција која на научна база би требало да ја третира проблематиката на ловството, но доколку истата не е кадарна или доволно стручна од оваа област, за таа цел би требало да се ангажираат стручњаци од нашата држава кои се навлезени во проблематиката на ловниот туризам или некоја странска научна институција по можност од држава во која има високо развиен ловен туризам.


Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778272
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
97
411
1822
10078
778272

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:11:35
Web Analytics