Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Солишта за дивеч

Posted by  Published in: Ловечки објекти

Солта игра важна улога во прехраната на дивечот, особено на крупниот дивеч. Солта го подобрува варењето, отвара апетит, ги дава потребните хемијски елементи кои дивечот во природната исхрана не ги наоѓа во доволни количини, особено во зима. Покрај тоа, таа игра важна улога во изградбата на телото, мускулите, роговите и др.

 Кај тревопасните животни поради начинот на исхрана се појавува вишок на калциум,  а недостаток на натриум (кој го има во солта), поради што солта во ловиштето е потребна во текот на целата година. Доколку солта дивечот ја нема во доволни количини често во потрага по неа тој е принудет да мигрира во соседните региони и ловишта. Затоа е потребно во ловиштето да се изградат доволен број на солишта од кои дивечот ќе ја зема и ќе ја лиже солта колку што му е потребно, односно колку што ќе бара организмот.

Секој вид на крупен дивеч, а од ситниот дивеч зајакот, имаат потреба од сол. Во текот на годината за еден обичен елен треба 3 kg сол, за елен лопатар 2 kg, а за срната 1 kg сол. Во денешно време солта наменета за дивечот се подготвува посебно, така што во неа освен кујнската сол (NaCl) има и други минерали и елементи па дури и некои лекови против внатрешни паразити. Солта се поставува во форма на цигла или пита или пак мелена во посебни солишта. Бројот на солиштата зависи од бројот на дивечот во ловиштето.

Солиштата можат да бидат на земја во посебно направена рамка, во природна пенушка или во некое вдлабнување во карпа. Рамка за сол се прави од даски или подебели гранки (облици), со димензии за елен 80 х 80 cm и висина 50 cm, а за срни 50 х 50 cm и висина 20 cm.

Рамката можеме да ја зкопаме во земја така што над земјата да остане околу 15-20 cm.

Најпогодни се солиштата во шуплив столб со висина 1,5 m и широчина 20 cm. Ако нема некоја природна шуплина можеме самите да издлабиме некоја широка околу 15 cm и длабока 25 cm, во која што ќе ставиме чиста сол. На столбот се бушат неколку отвори закосени надоле, за кога ќе врне дожд да ја испира солта кон надворешниот дел од столбот која што дивечот ќе ја лиже. Солиштата можат да бидат со различна изведба, но принципите и целта мораат да бидат исти.

 


Каде да се постави солиштето?

           

Солиштата ги поставуваме во шумата во близина на патеките по кои се движи дивечот, а со цел дивечот полесно да ги пронајде на почетокот можеме во нив да додадеме и малку анис. Кога дивечот еднаш ќе го најде солиштето, тогаш повеќе нема потреба да се намамува. Во случај да го тргнеме солиштето, довечот потоа уште долго време доаѓа и копа на тоа место.

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 73%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865478
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
284
536
820
12829
865478

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:36:47
Web Analytics