Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Хранилишта за дивеч

Posted by  Published in: Ловечки објекти

Во ловиштата во поединечни периоди од годината (во зима) се јавува недостаток  на храна или само на некои видови на храна, па дивечот треба да го прихрануваме. Прихранувањето на дивечот најдобро е да го извршуваме по природен пат, со едногодишни и повеќегодишни ремизи, со подобрување на прехранбените прилики на живеалиштети како и со други природни начини. Но сепак доколку за тоа немаме прилики треба да се изложи готова храна за дивечот.

 Најдобро е ако при тоа користиме природни заклони под кои ја поставуваме храната (густи грмушки, природни карпи и сл), а ако такво нешто во околината нема, се изработуваат хранилишта за ситен дивеч. Хранилиште се мали покриени површини во природата под кои ја поставуваме храната.

Во основа разликуваме хранилишта за крупен и хранилишта за ситен дивеч. На крупниот дивеч му поставуваме волуминозна (кабаста) храна, компиреста  (гомолеста) храна и житарици. Хранилиштата се прават во зависност од видот на прихраната. За волуминозна храна (сено, детелина и сл.) се прават покриени хранилишта за храната да не се навлашнува. Јаслите можат да бидат и оградени, така што до нив да може да дојде само оној дивеч кој што ние сакаме. Најчесто под јаслите се прави корито во кое ставаме житарици и компиреста (гомолеста) храна (репа, морков), а може да се додава и костен и жир.

Доколку крупниот дивеч го прихрануваме со силажна храна (силажа е конзервирана зелена маса - трева, детелина, пченка, гранки), тогаш правиме посебни корита на столбови. Во денешно време во оградените ловишта за дивата свиња се градат посебни хранилишта:

-  Оградени покриени хранилишта за прасиња  и останати.

-  Буриња за тркалање со дупчиња, од кои кога дивите свињи ги тркалаат низ дупчињата се истура пченката.

На ситниот дивеч му ставаме зрнеста храна (житарици), репа, морков и сл., како и песок заради полесно варење и препелкање.

Исто така, најдобри се едногодишните ремизи (пченица, сончоглед, јачмен, зоб, просо, сточен кељ). Таму каде што тоа не е возможно да се создадат ремизи најнапред користиме природни засолништа (густи грмушки), а потоа градиме и покриени хранилишта.

 

Каде да се градат хранилиштата?

 

Хранилиштата за крупен дивеч треба да се градат на такви места во ловиштето каде што храната е најпотребна, т.е. таму каде што нема диволно природна храна или каде што има поголема концетрација на дивечот. Хранилиштата треба да се блиску до вода и што е посебно важно да бидат блиску до засолниште. Доколку хранилиштата се наоѓаат на голем и “бришан“ простор, тешко дека дивечот ќе дојде до нив по храна. Ќе дојде можеби само оној дивеч кој иде во потрага за храна ноќе.

За ситниот дивеч важат истите правила, со тоа што при градењето на хранилиштата треба да водиме сметка за секој вид на дивеч посебно.

Хранилиштата за фазан треба да ги градиме во мали шумовити места, во живици покрај потоците, а во поголемите шумски комплекси покрај рабовите на шумите.

За еребици хранилиштата ги градиме во поле покрај живици или на нивите кои наесен се засеани со житарици. Кога ќе падне снег, од хранилиштата треба да се исчисти снегот се до земја, како еребиците би забележиле каде се црнее земјата и тука да побараат храна. На нивите со  житарици добро е да се постават “ставици“ од сончогледки сложени во стожец, при тоа во подножјето се оставаат тесни отвори за еребицита да можат да влезет и тука освен хранта која сме им ја оставиле наоѓаат листови од “озимните“ житарици кои претставуваат добра храна за нив, додека во исто време “ставиците“ им пружаат и засолниште. За еребиците се добри и стоговите од сено, но на такви места каде што нема опасност од грбливки.

Хранилиштата за зајакот се состојат од еден колец со должина од 50-80 см за кој врзуваме сено.

Во хранилиштата за крупен и за ситен дивеч храната започнуваме да ја ставаме порано (октомври) за дивечот да се навикне и кога ќе паѓа снег да знае каде ќе најде храна.

 Храната со која го прихрануваме дивечот треба да биде здрава - не смее да биде мувлосана, гнила, трула, бидејќи девечот е присилен да го јаде она што ќе го најде, но ненавикнат на лоша храна добива проблеми со варењето, а може да дојде и до негово угинување. Многу е важно хранилиштата секогаш да имаат храна, бидејќи хранилиште без храна не служи за ништо, а тоа е најчестата болка на нашите ловци.

Обидете се да најдете задоволство во поставувањето на храната во ловиштето, внимавајте дали доаѓа дивечот, од кој вид и во колкав број. Проверете дали во околината има поставено стапици, железо и евентуално дали има трагови од ловокрадци и предатори. Најдобро е во хранилиштето донесува храна во исто време во текот на денот. Одкако ќе ја оставите храната иставете се и набрзо ќе го видите дивечот на хранилиштето.

Според член 54 од Законот за ловство, забрането е ловење на дивечот на 200 метри од хранилиштата и поилиштата, но тоа исто така од ловно-етички поглед не е исправно.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861054
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
138
674
1424
8405
861054

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 04:56:15
Web Analytics