Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Премини за дивите животни

Posted by  Published in: Ловечки објекти

 

Брзо уништувањето на шумите и прекумерна човечка интервенција во живеалиштата на дивиот свет доведува до честите средби помеѓу луѓето и дивите животни. Упадот во живеалиштата на дивиот свет обично се случува кога патишта, пруги, канали, електрични далноводи и цевководи ќе се изградат во нивните живеалишта и ќе ги поделат нивните живеалишта. Тие обидувајќи седа ги минат патишта често страдаат од брзите возила.

Сударите со возилата можеби се најнегативна последица кои ги имаат патиштата и возилата врз животните, но не и единствена. Постојат четири начини на кои патиштата и сообраќајот влијаат врз дивите животни. Прво, предизвикуваат фрагментација на живеалиштата и одвојување на пристапот до нивните природни ресурси лоцирани од другата страна на патот; второ,намалување на вредноста и квалитетот на природните живеалишта; трето, поделба на популациите на дивите животни во суб-популации; четврто, сообраќајни несреќи со смртни последици предизвикани од судири помеѓу дивите животни и возилата.

Според проценките, во Европа годишно се случуваат повеќе од половина милион судари помеѓу моторни возила и животни, кои како последица имаат една милијарда штета врз возилата, 30.000 повредени и 300 загинати. Во САД секоја година, само во сообраќајни несреќи во кои се вклучени елените не сметајќи ги другите животински видови, се случуваат 1,5 милиони сообраќајни несреќи.

Еден од начините да се минимизира конфликтот помеѓу човекот и дивите животни е да се изградат премини за дивеч, како што се мостови и подземни премини, кои ќе им овозможат на животните безбедно да ги минуваат бариерите создадени од човекот. Основна функција на овие градежни објекти е да се овозможи безбедно минување на дивите животни преку патиштата (или другите препреки изградени од човекот), овозможувајќи им непречени природни миграции и редуцирање на сообраќајните несреќи.

 

Екодукт во Холандија

Според големината тие може да бидат мали и големи. Малите премини се со дијаметар помал од 1,5 метри и воглавном се амфибиски тунели и т.н. “екоцевки“ и “екопремини“. Амфибиските тунели се широко застапени во Европа на места каде годишните миграции кон местата за хранење на дивите животни им се блокирани со патишта. Екоцевките или цевките за диви животни се мали и суви тунели со дијаметар од 30 - 40 см, дизајнирани за минување на мали и средно големи цицачи. Тие се така поставен да водата не може да тече низ нив. Екопремините се слични на претходните, но тие се изградени за премин преку водените патишта.

Во големите премини спаѓаат оние објекти кои се со дијаметар поголем од 1,5 метри и во нив спаѓаат подвозници за диви животни и надвозници, кои се првенствено дизајнирани за големите цицачи и за голем број на други видови на животни. Подземните премини се тесни тунели под патиштата кои се поголеми од 2 метри во дијаметар и долги повеќе од 100 метри, кои може да бидат метални или бетонски.  

Надвозниците за диви животни или т.н. екодукти и премини за диви животни, се исто така дизајнирани за цицачите. Поголемиот дел од нив се 30 до 50 метри широки, но тие може да бидат широки и повеќе од 200 метри. Повеќето се со конвексен дизајн, со наклони од двете страни па се до релативно зарамнета површина на патот. Нивната должина е во зависност од конфигурацијата на теренот и широчината на транспортниот коридор, но можат да бидат и релативно кратки на места каде минуваат преку пат од кој се издигаат стрми страни. Всушност, најголемите градби на премини за диви животни, пејсажни мостови, обично се изградени на релативно тесни места.

Терминот “зелени мостови“ понекогаш се користи за објекти како што се надвозниците за диви животни, кои се релативно широк непрекинат појас од природна вегетација (вклучително и дрвја) преку патот. Овие структури вообичаено се проектирани да овозможат минување на покрупните цицачи, но може да имаат и дополнителни намени да овозможат минување на локалното население или излетници. Поздземните премини и зелените мостови се комбинирани со огради за да ги задржат понастрана од патиштата и да ги насочат кон премините. Пејсажот околу и на премините создава привлечна и смирувачка средина за подобро привлекување на дивите животни.

 

 

Подвозник за дивеч


Првиот премин за дивеч е изграден во 1950 година во Франција. Од тогаш, неколу европски држави, вклучувајќи ја Холандија, Швајцарија, Германија и Франција употребиле разни градби за премини за да го намалат конфликтот со дивите животни на патиштата. Само во Холандија има повеќе од 600 екодукти и подвозници изградени преку главните и споредните патишта, вклучувајќи го и најдолгиот мост “екодукт“, во близина на Краило кој е широк 50 метри и долг 800 метри.

 

 

Екодуктот Краило во Холандија


Премините за дивеч, исто така станале се позастапени во Канада и САД. Најпрепознатливите премини за дивеч на светот се наоѓаат во националниот парк Банф во Алберта, каде што националниот парк е поделен од долгиот комерцијален пат наречен Транс-Канадски автопат. За да се редуцираат негативните ефектие од автопатот со четири ленти, за да се осигура поврзаност со живеалиштата и да се заштитат возачите, се изградени 24 премини за диви животни (2 озеленети надвозници и 22 подвозници). Овие премини редовно се користат од мечки, лосови, елени, волци и многу други видови.

 Во последните 30 години и во САД изградени се илјадници премини за дивеч, вклучувајќи подвозници, мостови и надвозници.

 

 

Зелен мост во близина на Гравесмулен во Германија


 

Премин за диви животни во национален парк Бунф во Алберта Канада

 

 

Премин за диви животни во Њу Џерси во САД


Weather

Sunny

30°C

Skopje

Sunny
Humidity: 33%
Wind: N at 6.44 km/h
Monday
Partly cloudy
13°C / 30°C
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C

Translator

Visitors Counter

805902
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
267
509
3706
14167
805902

Your IP: 54.198.52.82
Server Time: 2018-09-23 15:53:35
Web Analytics