Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Набљудувачници и чеки

Posted by  Published in: Ловечки објекти

Чеките овозможуваат набљудување на дивечот, но од нив може и да се лови. Значи тие имаат две многу значајни различни намени:

Набљудувачниците се ловностопански објекти кои им овозможуваат  на одгледувачите од одредена положба над површината на ловиштето да се набљудува дивечот за потребите на одгледувањето и заштитата на дивечот. Од таа причина набљудувачниците најчесто се градат покрај местата за прихрана на дивечот (хранилишта). 

 

Чеките кои се користат за пречекување на дивечот при поединечниот лов се ловнотехнички објекти.

 ОД НАБЉУДУВАЧНИЦА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРШИ ОТСТРЕЛ за разлика од чеките кои служат за пречекување на дивечот при поединечен лов.

Чеките можат да бидет:

·                     високи и

·                     ниски.

Во поглед на покривот чеките можат да бидат:

·                     покриени и

·                     откриени.

 Најзгодни се чеките кои се покриени бидејќи ги штитат ловците од атмосферските непогоди (дожд, снег).

Високите чеки за лов даваат можност за добро набљудување, избор на возрасна и полова категорија, намалена е можноста на ранување на дивечот и негово минимално вознемирување. До чеките редовно води шумски пат, па доаѓањето до чеката на ловецот, како и самата манипулација со отстреланиот дивеч е лесна и едноставна.

Чеките набљувачници се поставуваат во близина на хранилиштата или поилиштата, бидејќи тоа се места на кои може најлесно да се прати бројноста и структурата на дивечот. Чеките вградени во стеблата воглавном се отворени и вклопени во околината, обично немаат кров, но може да им се направи настрешница. Постојат и привремени заседи каде се изработиваат само скали, a на гранките се поставуваат даски за седење и даски за нозе.

Вкопани чеки се градат во планинските предели за чекање на волци. Во падина се ископува дупка со димензии 2х2 метри, која во внатрешноста се обложува со даски, се поставува кров на кој се враќа земјата како и бусени со трева кои замаскируваат све. Обично овие чеки на кровот имаат отвор со скали за спуштање внатре како и отвор за пукање. Предност на ваквите чеки е што се незабележителни, а преку зима потопли од подигнатите чеки. Вакви чеки исто така можат да се прават и за лов на лисици.

Преносните чеки најчесто се метални кои можат да се расклопат и донесат на предвиденото место. Постојат и дрвени преносни чеки кои се изработуваат од лесно дрво и кои можат да се превезуваат од едно место во ловиштето во друго. Овие чеки за дивечот да се привикне на нив, се донесуваат неколку дена пред планираниот дочек и лов или набљудување, и при тоа малку се замаскируваат за подобро вклопување во околината.


Weather

Sunny

18°C

Skopje

Sunny
Humidity: 55%
Wind: E at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699391
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
160
347
1758
16935
699391

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:14:02
Web Analytics