Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Улогата на надзорните камери во ловиштата

Posted by  Published in: Ловечки објекти

Во денешно време кога технологијата од ден во ден се повеќе напредува, улогата на надзорните сензорски камери кои се современ начин на постојан надзор во ловиштата е голема. Камерите за надзор на дивеч може да се користат за различни намени. Тие првенствено се користат за снимање на активностите на дивечот поради што најчесто се поставуваат на места каде најчесто се движи и задржува дивечот како што се хранилишта, солишта, калишта, поилишта или патеки. Покрај тоа тие се користат и за извидување и подготовки за лов, како и за пратење на активностите на криволовците и ловокрадците.

Овие камери по пат на квалитетни фотографии и видео клипови, даваат информации за активностите во ловиштето во текот на вашето отсуство од него. Со употреба на сензорски камери се отвораат сосема нови можности во поглед на пратење на дивечот, неговата бројност, половата структура, физичката состојба и неговите трофејни вредности. Со помош на овие камери добиваме информации за должината на задржувањето на дивечот во одредена област или колку често тој поминува низ неа, што е од големо значење за успешно организирање на ловот. Покрај тоа употребата на камерите овозможува исто така и надзор на ловиштето во поглед на спречување на криволовот и ловокрадството, така што криволовците веќе никогаш нема да знаат кога и каде ќе ги сними некоја надзорна камера.

Сите камери имаат батериско напојување, поради што не е потребна никаква инфраструктура на местата на нивното поставување. На секоја од нивните фотографии означени се одредени параметри како што најчесто се: датумот, часот, температурата и сл.

 

Камери за надзор на дивеч: Каква да одберете

Во денешно време постојат различни камери за дивеч на пазарот, па без соодветно знаење може да се знае каква да се одбере. Она што треба да се има во предвид при изборот на камерата за надзор на дивеч се сведува на пет категории: дизајн, квалитет на сликата, карактеристики, траење на батеријата, капацитет на Меморијата и Помош и поддршка. Преку анализа на овие категории, одлучуваме која камера ги има најдобрите карактеристики соодветни за нашите потреби.

 

Дизајн

Добро дизајнираната камера се одликува со добра за преносливост и употребливост. Камерите за надзор на дивеч, треба да се компактни и лесни за да може лесно да се носат и пренесуваат на определената локација за надгледување. Неопходен елемент на дизајнот на овие камери е нивната способност да бидат наместени на некое дрво за дискретно снимање.

Овие камери се практични бидејќи не мора да има никој во нивна близина кога се снима фотографијата, со што се избегнува вознемирувањето на животните додека тие се фотографираат. За да се постигне ова, потребно е да бидете во можност да ја поставувате камерата на поголем број различни локации низ ловиштето и да се осигурате дека таа ќе биде стабилна и дека ќе ги детектира движењата на животните во нејзината област.

 

Квалитет на сликата

 Најдобрите камери за дивеч во денешно време нудат висока резолуција на сликата која овозможува не само да се види она што е фатено во кадарот, туку исто така и утврдување на неговата големина и полот на животното. Иако резулуцијата не е онаква каква како кај современите DSLR фотоапарати, таа кај камерите за надзор на дивеч достигнува до 10-12 мегапиксели што е повеќе од доволно за квалитетни фотографии и снимки. Тие исто така имаат и можност за ноќно снимање, што е од големо значење бидејќи одредени животни се поактивни во текот на ноќта. Со цел да се одбере најсоодветната камера за надзор на дивеч за нас, од дополнителни опции за квалитетот на сликата може да се има во предвид дека некои од нив нудат уште можност за зумирање, брзина на блендата, фокусирањето опсег, ISO брзини и слично.

 

Карактеристики

 

Поставување на камера за надзор на дивеч

Каркатеристики кои најчесто се земаат во предвид при одбирање на соодветната камера се уште пасивен инфраред, IR блиц, фотографирање, тајмер и континуирано снимање. Овие карактеристики овозможуваат да се намести камерата да снима видео или фотографии во одредено време и после одреден временски период. Карактеристики на врвните камери исто така вклучуваат способност за осетливост на движење и правење на фотографии или видео во секое време кога инфрацрвената технологија ќе забележи движење. Некои камери за дивеч се поосетливи на движење и побрзо прават фотографии од другите, што ги прави подобар избор за нас. Овие се особини кои се земаат во предвид при анализата на критериумот за карактеристиките на камерите за дивеч.

 

Траење на батеријата и меморија

Во однос на должината на траењето на батеријата и капацитетот на меморијата, треба да се има во предвид каков тип на батерии користат камерите и капацитетот на меморијата која тие ги нудат. Додека повеќето камери за надзор на дивеч овозможуваат ограничен капацитет на внатрешната меморија, за да се направат поголем број на фотографии тие се опремени со мемориска картичка која овозможува да се проширува меморијата со SD картичка.

 

Помош и поддршка

Една од најважните области кои не треба да се превидат се помошта и подршката.  За овој критериум, треба да се имаат во предвид видовите на услуги на потрошувачите достапни од страна на производителот, како и можноста за сервисирање. Исто така треба да се разгледаат ресурсите за камерите за дивеч кои се достапни на корисниците и да се има во предвид и нивната достапност. Постоењето на ресурси за да е направат повеќето од порачките е една од најважните алатки која производителот може да ви ја овозможи.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861108
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
192
674
1478
8459
861108

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:20:30
Web Analytics