Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Германски кратковлакнест птичар

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 

 Тоа е најстарата раса помеѓу германските птичари. Овој германски птичар потекнува од шпанскиот птичар, кого фламандските ловци го довеле во германија во седумнаесетиот век. Подоца со вкрстување со италијанскиот птичар и со англискиот поентер станал побрз и поенергичен. Медерниот кратковлакнест птичар веднаш се раширил по целата Европа.

 





FCI-Стандард бр: 119/ 25. 04. 2001 

FCI Класификација

 

Група: 7 - Птичари.

Секција: 1.1 - Континентални птичари.

Со работен испит

 

Употреба: Повеќенаменско ловечко куче.

 Матична земја: Германија

 

Опис: Тоа е племенито и убаво обликувано куче со елегантно градено тело. Тенката купирана опашка и силната глава ја надополнуваат неговата племенитост. Висината му е 60 до 65 см, а тежината од 25 до 28 кг. Женките се нешто пониски од мажјаците. Нозете на повисоките кучиња се предолги па таквото куче не е доволно подвижно. Главата на кратковлакнестиот птичар е слаба, добро отцртана, черепот му е широк, сплеснат. Кафејавата муцка му е истакната, а муцка со боја на месо не е пожелна. Усните му се тесни и го нагласуваат изгледон на муцката. Забалото е силно, очите му се кафејави (жолто око е грешка). Ушите се со средна должина, сплоснати, прилепени за образите, со заоблени врвови. Вратот му е мускулест, а кожата на вратот напната. Градниот кош е подлабок отколку широк, ребрата се убаво заоблени, но не бочвесто. Влакното му е кратко и густо, тврдо на додир.

Основната боја му е кафејава со ситни бели флеки на градите и нозете или подобро речено со точкести ознаки. Дозволени се и следниве бои: еднобојно кафејава со ситни бели флеки на градите и нозете, кафејава со кафејава глава и кафејави флеки; бела со кафејава маска и кафејави точки и флеки; црна во сите горе споменати градации; жолтата боја не се смета за грешка.

Карактер: Жив, лесен за одгледување, енергичен, интелигентен, весел, послушен и ги сака децата.


 

 Германски кратковлакнести птичари при “маркирање“

 

Држење: На секој ловец му служи за стоење пред дивечот (маркирање) и како личен чувар. Тоа е куче со извонредни ловечки способности кое добро ги поднесува сите клими и кое знае да работи подеднакво добро во ридови, шуми и бари. Има малку погруб изглед па поради тоа ретко се држи во стан иако има многу пријатен темперамент. Меѓутоа ако му се овозможи доволно движење на отворено за време на ловостојот, тој добро се прилагодува на секоја ситуација.

Всушност кај оваа раса името птичар не е најсоодветен. Тоа е одлично и во други активности бидејќи тоа е добар трагач на крвен траг (крвоследник), а знае и да улови некое помало животно. Може слободно да се каже дека е повеќестрано корисно ловечко куче. За да се избегнат повреди при ловот, опашката му се скратува за 1/3 од должината.

Храна: Благодарение на доброто варење и асимилација, теба да се храни умерено за да не се задебели. Најпогодно е ако дневно му се дава 300 до 350 грама варено месо, исечкано на ситни парчиња и 200 грама тестенини или ориз, како и варен зеленчук. Во периодот на ловот треба да се зголемат количините на месо, а да се намалат тестенините и зеленчукот.

Неговото кратковлакнесто крзно е едноставно за негување. После ловот речиси и не го прља автомобилот и брзо се исушува кога го користиме за работа во вода. Помеѓу ловечките кучиња нема ни едно куче кое е посбособно за учење од германскиот кратковлакнест птичар. На својот господар како да му ги чита желбите од очите. Право е ловечко куче, кое можеме да го држиме во станот или куќата. Има потреба од многу движење. Има добар апетит.

 

Weather

Mostly cloudy

13°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 64%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Monday
Rain
13°C / 21°C
Tuesday
Scattered showers
13°C / 21°C
Wednesday
Rain
13°C / 19°C
Thursday
Scattered showers
13°C / 22°C

Translator

Visitors Counter

746331
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
104
917
5353
16317
746331

Your IP: 54.162.227.37
Server Time: 2018-06-24 01:47:41
Web Analytics