Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Босански оштровлакнест гонич - Барак

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

  Баракот спаѓа во групата на гоничи. Заедничка особина на сите кучиња од оваа група е да го гонат дивечот и доколку е тоа потребно да го спречат во понатамошниот бег, како би му овозможиле прилика на ловецот да гозастрела. За кучињата кои што го гонат дивечот “стенкајќи“, во нашите краишта бил одомаќено името “бракарци“, според германскиот и холандскиот назив Bracke. На сите останати јазици се нарекуваат со анлогното име: француски - braque, италијански - bracco, т.е. птичар.

 

 FCI Стандард: 155 / 15/01/1973

 

FCI Класификација:

 

Група: 6 - Гоничи и сродни раси

Секција: 1 - Гоничи

Подсекција: 1,2 - Кучиња со средна големина

Со работен испит

 

Земја на потекло: Босна и Херцеговина

 

Употреба: Одличен гонич, упорен и отпорен со звучен глас, понекогаш и со длабок тон на гласот.

 

Општ изглед: Робусно куче; влакната му се долги и разбушавена; главата му е долга и средно широка; веѓите му се нагласени и чупави; има силно и мускулесто тело. Со сериозен изглед, строг но заитересиран за игра. Гледано од профил, има нагласено испапчувањето зад главата. Челото му е лесно конвексно, носниот мост му е рамен. Има силна муцка со провокативен облик, покриена со густа брада и со бркови. Гледано одозгора главата му е со средна големина со стеснување према носот. Муцката му е нешто поголема од черепот. Вкупната должина на главата изнесува 20-25 см. Забите му се силни, комплетни со нормален загриз.

Линијата на грбот лесно му е навалена кон задницата. Опашот го носи малку заоблено према нагоре. Очите му се големи, овални, костанливо-кафејави, интелигентни и со играчки дојам. Светлите очи се елиминирачки фактор. Шепите со мачји изглед се со добро изразени јастучиња и со цврсти и темни канџи. Основната боја може да му биде пченично-жолта, црвенкасто-жолта, земјастожсива или црнкаста.белините често му се наоѓаат на главата (звездичка или флека на главата), под вратот, под грлото, на градите и под нив, на долните делови на нозете и на врвот на опашката.

Можни се комбинации на две или три бои. Сите други бои или комбинации на бои се елиминирачки фактор. Влакното му е тврдо, оштро, разбушавено заедно со подвлакното.

Должината за мажјаците изнесува од 46 до 56 см или идеално 52 см, додека женките се нешто помали. Тежината на мажјакот изнесува од 16 до 24 кг или идеално 20 кг.

Славниот предок на гоничите е кучето на св.Хуберт, куче со кое Хуберт ловел во седмиот век. Оваа раса ја одгледувале босанските бегови. Била позната и опишана во европската кинолошка литература веќе кон крајот на 19 век. Многу е ценето и со “ustaljenog“ одгледување.

Покрај тоа, се смета дека името “Барак“ потекнува од турскиот збор “барак“, што во превод значи кострушав или островлакнесто куче (ker). Самото име куче (ker), во превод од турски јазик значи куче кои се огласува кога го гони дивечот - гонич.

Суровите босанскохерцеговски планини се дом на низа на диви животни, како што се зајците, лисиците и дивите свињи. Ловците во желба да создадат успешен гонич, ја создале оваа раса во деветнаесетиот век. Неговато отпорно и остро влакно му овозможува изолација и заштите против суровата клима. Босанскиот островлакнест гонич е жилаво, храбро, живо и упорно куче. Има типични карактеристики на еден гонич, а со својот длабик глас исто така е и добар чувар. Добро се однесува кон децата и кон останатите кучиња. Им се радува на активностите, со задоволство спие надвор и ретко каснува.

Висината на гребенот би требало да му биде некаде околу 45 до 56 см. Телото би требало да му биде речиси четвртасто, мускулаво и со добри коски. Босанските бараци имаат шитока глава со рамен и триаголнест череп, уши кои не се премногу долги, кои висат близу до главата и кои немаат нукакви превои. Влакното треба да му биде оштро со густо подвлакно и со бушав изглед.

Порано бил познат како Илирски гонич, а расата му е признаена во 1965 година под името Босански островлакнест гонич - барак.

 

Weather

Mostly cloudy

23°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 88%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Sunday
Partly cloudy
18°C / 30°C
Monday
Scattered thunderstorms
19°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C
Wednesday
Mostly sunny
15°C / 31°C

Translator

Visitors Counter

779116
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
424
517
2666
10922
779116

Your IP: 54.198.195.11
Server Time: 2018-08-18 18:46:50
Web Analytics