Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Баварско брдско куче крвоследник

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Градбата на телото одговара на потребите за лов во високите ридови и во нив се соединува силата и подвижноста. Може одлично да се употреби и во средните ридови и во шумите во рамнините. Особено е погоден за оние подрачја со крупен дивеч на кои има повеќе диви свињи одколку елени. Вонредно подвижен и секогаш спремен за поголеми скокови, лесниот ридски крвоследник е многу прикладен за погон, брзо и моментално застанува. Речиси и да нема примери дива свиња да ранила некој ридски крвоследник.

 Ова куче е многу разумно, лесно учи, малку чувствително, но со многу скромни потреби, како само од себа да усовршува многу наследени добри својства. Неговото водење не му остава на водичот големи барања, но бара стрпливост и љубав. Сепак, во младоста на поводник не работи така мирно како хановерскиот крвоследник, но во покасните години може да се научи и на тоа, да оди по трага без поводник на неколку метри пред водичот, да подзастанува и завртувајќи се да внимава дали господарот го следи. Во Алпите со него се врши потрага за елен, дивокоза, срндак, лисица, па и за тетреб.

 Тој вид рано созрева и многу долго се користи. Така има случаеви кучиња од оваа раса да работат одлично на трага по тежок терен дури и до 21 годишна возраст.

На постарите крвоследници увезени од Австрија или Баварија, неповолно влијае промената на климата, тешко се прилагодуваат на новата околина, на некои од нив на пример им смета шушкањето на сувите лисја отпаднато во висока шума, други се плашат или има се гадат дивите свињи. На трага од дива свиња најпрво се валкаат, па дури потоа ја примаат трагата. Од таа причина потребно е да се увезуваат мали кутриња. Баварските крвоследници окучени во Унгарија или увезени таму како кутриња, работат на трага со уште поголема страст одколку хановерците.

 

FCI-Стандард: N° 217/ 01. 04. 1996

 

FCI Класификација

 

Група: 6 – Гоничи, трагачи по крв и сродни раси.

Секција: 2 – Трагачи по крв.

Со работен испит


Оригинален назив на расата: BAYERISCHER GEBIRGSSCHWEISSHUND

 

Матична земја: Германија

 

Употребливост: Крвоследник

 

Потекло: Предок на баварскиото горско куче крвоследник било црвеното ловечко куче (canis bracco intermedius) од тиролските, баварските, швајцарските и италијански Алпи, од кого ги одбрале оние, кои се употребувале за следење на ранетиот дивеч и ги одгледувале понатаму под името крвоследник (Schweiss-bracke). Една испрева од 18 јули 1419 год., докажува дека манастирот на Tegernsee добил еден расплоден мажјак од одгледувалиштето на грофот Gaspar Tirring во Jekenbach. Почетната буква на една исправа од опатијата во Berchtesgaden од 1589 год., го прикажува кучето крвоследник во бело-црвена боја. Серазбира, се случувало овие кучиња да ги вкрстувале со ловечки кучиња со друга боја, со црно-црвени знакови. Но со тек на времето чистата црвена боја станала основна.

Според Brock im Sylvanu (1812) во ловиштето на кнезовите Thurni-Taxis во Regensburg одгледувале вид на куче крвоследник со помала градба, кој се проширил во целата Горна Баварија. Бенедиктинскиот манастир во Admont одгледувал од 1848 до 1890 год., брдски кучиња крвоследници и оваа крвна линија се проширила во Salzkammergut. Од оваа линија потекнува еден од најодличните предци на денешните баварски брдски кучиња крвоследници Diana Wasserwerg.

Во 1883 година баронот Josip Karg во Reichenhall извршил вкрстување на своите брдски кучиња со хановерскиот крвоследник. Од оваа одгледувачница испраќале годишно 40-60 грла за баварските и австриските ловци. Овој нов вид е денешниот баварски брдски крвоследник.

 

 Карактеристики: Ова е куче со средна големина, многу подвижно и мускулесто со мал налегнат грб. Во задниот дел изгледа како да е надограден. Главата и опашката ги носи во висина на грбната линија. Муцката му е црна или темнокафејава, а усните му висат нешто под долната вилица иако не се премногу изразени. Грбот му е силно мускулест. Влакното му е  потполно налегнато, мазно, густо и помалку сјајно. Тоа е со темнокафејава или окер боја. Може да има темни пеги по крзното. Основната боја најмногу му доаѓа до израз на грбот. Устата и ушите му се често црни. Високо е од 48 до 50 см, а тешко од 15 до 20 кг. Животниот век му е околу 12 години.

Тоа е оштро куче, приврзано за сопственикот на кое му е потребна помош во работата. Не е примерен “викенд“ ловец. И за оваа раса важат строги прописи при одгледување – бројот на кутиња е ограничен. При работниот испит за крвоследник, на кучето треба да му се даде најмалку 4 часа стара крвна трага. Добриот тандем на крвоследници има многу работа во текот на целата ловна сезона. Жив е, храбар, сигурен и многу приврзан за својот господар. Германците пред се го користат за лов на зајци и на пердувест дивеч.

 

Weather

Partly cloudy

14°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 58%
Wind: W at 11.27 km/h
Monday
Rain
13°C / 21°C
Tuesday
Scattered showers
13°C / 21°C
Wednesday
Rain
13°C / 19°C
Thursday
Scattered showers
13°C / 22°C

Translator

Visitors Counter

746289
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
62
917
5311
16275
746289

Your IP: 54.162.227.37
Server Time: 2018-06-24 01:41:25
Web Analytics