Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Англиски Поентер

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 Спротивно на општото мислење оваа раса не ја створиле Англичаните, туку расата настанала со подобрување на шпанскиот поентер, како најстара раса која се појавила пред околу 300 години. Расата се развила на Британските острови и се до крајот на минатиот век трпела напливи на крв од неколку раси, помеѓу кои сетер, бладхунд, фоксхунд, хрт, мастиф, терриер, па дури како што пишува Arkwriht и од бултериерот и булдогот. Како посебна раса се појавува кон крајот на минатиот век како многу поспособна, побрза и подобра од сте до тогаш познати птичари.

Во почетокот тие се користени за откривање на зајаци кои потоа ги бркале хртовите, но со доаѓањето на пушките нивното знаење и способност на маркирање доаѓа до израз така што оваа раса станува све поомилена кај англиските ловци особено помеѓу благородниците. Неговото умеење, елеганција и убавина на пребарување и маркирање доаѓа до израз при лов на препелици на терени со ниска вегетација. Поради убавината во текот на ловот англиските благородници го сметале поентерот за кралевски птичар и не го користеле за донесување на дивечот, сметајќи дека тоа е под честа за таков птичар, туку за таа цел ги користеле лабрадорите.

 Поентерот во денешно време е многу ценет во Англија и распространет е низ Европа. Меѓу кинолозите владее мислење дека за лов на птици во поле, најдобри се англиските птичари, а помеѓу нив најдобар е англискиот поентер. Поентерот станал ненадмашен во ловот на пердувест дивеч, но сепак, длабоко во него е скриена страста за гонење зајаци, па поради тоа до ден денес се избегнува неговото носење на лов на зајци. Тој се користи за лов на препелици, еребици, шљуку и за фазани.

 Поентерот делува како многу силно и витко куче. Се одликува со племенитост, брзина, елеганција и одличен нос. Многу е живо куче на кое му е потребно доста слобода и движење. Негови основни квалитети се добриот нос, истрајноста во работата и брзината. Без разлика дали стои или се движи тоа секогаш е елегантно и убаво. Теренот го претражува темелно. Преубавата мускулна конституција и идеалната градба на телото показуваат совршеност, складност и снага.

 
 

Матична земја: Англија

  Употребливост: Птичар

 
 FCI-Стандард: N° 1/ 07. 09. 1998

FCI Класификација

 

Група: 7 – Птичари.

 Секција: 2 – Британски и Ирски Поентери

 и Сетери.

 Подсекција: 2.1 – Поентер

 Со работен испит

 
 

Опис: Она што ова куче го прави посебно е и неговата глава. Таа е како извајана и изразува страст и жив темперамент, а паметниот поглед одразува високо ниво на интелигенција. Има аристократско држење на главата, високо нагоре. Черепот е со умерена ширина и е пропорционален со должината на муцката. Стопот му е јасно изразен, а гледано од профил главата му е конвергентна. Должината на главата му е сразмерна на ширината. Устата никако не смее да биде тешка, опуштена или широка. Носот му е широк, а вилиците му се со речиси иста должина. Носот, гледан од профил, по малку му се издигнува во однос на хоризонталната линија.

 Муцката и работ на очите ме се црни. Очите му се сјајни, весели и со благ и интелигентен израз. Кај светлите кучиња очите се со костенлива т.е. посветла боја, додека кај потемноте се со кафејава т.е. потемна боја.

 Ушите му се високо поставени и висат веднаш покрај гравата. Увото треба да биде меко, тенко и со облик на триаголник. Основата на увото е голема. Врвот на увото завршува во една одредена точка, никако не смее да биде широко заокружен. Кога кучето маркира, основата на увото се подигнува. Максималната должина на увото му е 12 см.

 Поентерот е висок е од 63 до 69 см, а тежок од 20 до 30 кг. Доживува старост од10 до 12 години. Вратот му е силен, мускулест, со лебедов изглед и без фанон. Должината на вратот му е 4/10 од висината на гребенот.

 Телото му е силно или елегантно и лесно се спушта кон задните нозе. Опашот му е со средна должина поставен рамно во висина на грбната линија и го истакнува ставот на кучето кога го покажува пленот. Влакното ме е кратко, мазно и во различни бои. По боја е бледожолт, портокалово-бел, црвенкастокафеаво-бел и црно-бел, а може да биде и еднобоен.

 

 Карактеристики: Специјалност на поентерот е тражење, пратење и укажување. Дивечот го бара исклучително брзо на голема површина и при тоа многу се одалечува од ловецот. При пронаоѓање на дивечот создава единствена слика – изгледа како бела точка во полето (point - точка). Поентерот го интересира само топлиот телесен мирис на живиот дивеч. Кога стои високо ја подигнува главата и интензивно го прибира мирисот. Го означува т.е. маркира секој пердувест дивеч. Кога ќе го осети мирисот на пленот се укочува во карактеристичен став и останува неподвижен се додека не добие наредба да тргне напред. Може да биде извонреден апортер, не обраќајќи внимание дали е поле или вода.

 Во фамилијата е верен на членовите на својот “чопор”, ги сака децата и многу е прилагодлив. По карактер е внимателен, укажува на присуство на туѓи луѓе. Ако знаеме да работиме со него тоа е пријатно животно. Некогаш бил прилично агресивно куче но со вкрстување со сетерите претворен е во приличо доброкарактерна раса.

 Школувањето на поентерот е многу специфично и тоа може да го работи само стручњак. При обуката на овие племенити кучиња, мора да се биде многу внимателен и никако груб. Посебно е важно кога за прв пат се излегува во ловиштето, во него да не се појави нагонот за гонење зајаци, бидеји тоа покасно тешко се се исправа. Потребно е многу да се шета, во спротивно сам се шета без господар и така станува скитник. Ова не е домашно ниту куче за не-ловци.

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865516
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
322
536
858
12867
865516

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:12:04
Web Analytics