Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Посавски гонич (посавец)

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 Посавскиот гонич и припаѓа на ретката хрватска автохтона раса на ловечки кучиња. Тој спаѓа во групата на кратковлакнести гоничи. Се одгледува уште од 16 век и тоа посебно на просторот на сисачката Посавина. Најстарите пишани документи за таа раса потекнуваат од далечниот 14 век.

 Настанал од прастариот панонски гонич кој најпрво се одгледувал во Посавјето, а подоцна е раширен по целата држава. Името посавски гонич го добил во 1959 година. Стандардот му е признаен во 1955 година (важечки од 1969 година), а потврден му е во 2003 година.

 

Матична земја: Хрватска

 

FCI стандард: бр. 154/10.04.2002.

 

FCI класификација:

Група: 6 Гоничи и сродни пасмини

Секција 1.2 Гоничи со средна големина 

Со работен испит

 

 Опис: Посавскиот гонич е средно голем гонич, со цврсто тело и темелна пченично црвена боја во сите нијански. Висина од 46 до 58 см, тежина околку 18-20 кг. Главата му е издолжена. Муцката силна црна или темна; забалото му е шкарасто и потполно, погледот буден; ушите му се виснати и при врвот заоблени, вратот му е мускулест, опашот го носи рамно или понекогаш свиткан со “мала заставичка”. Влакната му се долги 2-4 см, густи и тврди. По боја се црвенкасти, со пченично-жолта боја, секогаш со белини на главата, градите, стомакот и шепите. Билините не смеат да бидат поголеми од 1/3 од површината на телото.

На главата во облик на цвет има пруги или лиски. Обично има бел околувратник, бели гради, бел стомак, бели долни делови на нозете и бел врв на опашката.

 

Карактер: Сигурен, послушен, жив (темпераментен), со симпатичен изглед и приврзан на фамилијата. Тоа е добар, многу отпорен гонич, посебно за лов на див зајак и лисица, кој исто така може да се употребува и како крвоследник. Неговата цврста конституција погодна е за лов во шумски подрачја кои се карактеризираат со многу грмушки. Посавскиот гонич има смирен темперамент, но се уште е доволно жив за да не биде премногу тром при гонењето. При пребарувањето се користи исклучително со неговиот мирис. Работи нешто поспоро од истарскиот кратковлакнест гонич. При работа не го губи контактот со ловецот иако гони доста оддалечено од дивечот. Многу е послушен и самиот после гонењето се враќа кај ловецот. Се јавува со средновисок глас. 

Може подеднакво добро да се користи во горските шумовити предели и во камењарите. Најпогоден е за лов на диви зајци, лисици и диви свињи.

Многу е ценет во Хрватска и во Босанска посавина поради брзината и подвижноста, а посебно поради послушноста и приврзаноста кон господарот.

Држење: Со одличен развиено сетило за мирис, отпорен на напор и на каменити терени, упорен во гонењето и во потрагата, со добар глас, се користи во на диви зајци и лисици.

 

Weather

Mostly cloudy

26°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 50%
Wind: W at 11.27 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741653
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
675
673
5160
11639
741653

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:44:51
Web Analytics