Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Англиски шпринглер шпаниел (English Springer Spaniel)

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Англискиот шпринглер шпаниел е една од најстарите раси на ловечки кучиња во Велика Британија. Неговите предци кои се заеднички со поголемиот број шпаниели, донесени се од Шпанија со римските легии. Станува збор за шпаниели од средниот век и узумрените Норфолк шпаниели (некои тврдат дека англиските спрингери всушност Норфолк шпаниели).

Следувале бројни вкрстувања со старите англиски шпаниели за водење (истотака исчезната раса). Англискиот спрингер е татко на сите шпаниели, освен евентуално на Кламберу, 1892 год. Заедно со кокер шпаниелот, спрингерот е признаен како посебна раса, иако во тоа време сеуште се појавувале во исто легло. Во почетокот на 20 век и официјално е прогласена за најпопуларна раса во Велика Британија. Во остатокот на Европа оваа раса дури од неодамна започнато е да се користи при лов.

Англискиот шпринглер шпаниел е компактно куче од типот шпаниел, со средна големина, со впечатливи долги уши. Секогаш е спремен и внимателен, со типични шпаниелски очи. Без оглед што направиле или што сакаат да постигнат, кога гледаат со своите паметни очи можат да добијат све. Секогаш се желни да му удоволат на сопственикот и лесни се за тренинг. Нивното име “спрингер“ потекнува од англискиот збор “спринг“ што значи предизвикување нагла појава, а во овој случај “појавата“ претставува “истерување на дивечот“.

 

 

Земја на потекло: Велика Британија 

FCI-Стандард бр: 125 / 28. 11. 2003 / GB

FCI Класификација:

Група: 8 - Ретривери, шпаниели и кучиња за во вода.

Секција: 2 - шпаниели.

Со работен испит

 

 

Шпринлер шпаниелот е многу корисно (употеребливо) куче. Се помала бројност на одредени видови на дивеч, повлекувањето на дивечот кон тешки и обраснати терени, лошите временски услови и многу други фактори влијаат на определба на ловците да го користат ова куче за лов. Исто така за голем број на ловци сместувањето на кучето претставува голем приблем, така што голем број на кучиња се чуваат во становите или во мали боксови. Голем проблем истотака за ловците е и недостигот на време за работа и обука со кучињата.

Меѓутоа шпринглерите се многу интелигентни кучиња, така што многу брзо и лесно ги учат основните наредби кои му се многу потребните на ловецот. Со нив е вистинско задоволство да се работи и многу ловци забележуваат дека во споредба со другите кучиња за шпринлер шпаниелот е потребно многу помалку време за целосна обука на кучето, а апортирањето им е вродено и потребно е само малку да се дотера.

Шпринлер шпаниелот може да се користи за лов на сите видови ситен дивеч, а некои ловци со него ловат се од препелици проку лето, до чекање на диви патки или зимски лов на лисици со прогон, кога се претражуваат големи површини под трска и останата растителност.

Поради својата убавина, интелигенција и прекрасен карактер, во денешно време шпринглерите се повеќе се појавуваат како домашни миленици.Ова се друштвени кучиња со луѓето, децата и со останатите кучиња. Разиграни и нежни кон децата, неуморно во прошетките во природа и во играта, а од друга страна задоволни и со дел од двориштето и со некое топче. Полни се со енергија во играта и лесно се учат. Љубовта и времето кое ќе што им го посветите, повеќекратно ќе ви ја возврати. Што е можно повеќе сака да биде со сопственикот, така што секое враќање на сопственикот ќе го награди со голема радост. Ако долго време биде оставено само можат да бидат декструктивни и често да лаат. Во првата година потребно е мудро да се однесува со кучето, бидејќи можно е да искажува блага тврдоглавост и агресивност, но се со цел од сопственикот да добие нежен но цврст став.

Расата во нашите краеви е неоправдано запоставена. Во Велика Британија и САД шпринглерите се помеѓу најпопуларните (ако не и најпопларна) раси, токму поради својот атрактивем изглед и интелигенција. Така на пример: специјалните служби ги користат за откривање на дрога (исклучителен мирис, целосна доверба и лесно обучување); за помош на слепите, старите или инвалидизираните лица; како ловечки кучиња или едноставно како домашни миленици на кои секој ќе им позавиди.

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865489
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
295
536
831
12840
865489

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:47:42
Web Analytics