Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Српски (Балкански) гонич

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Куче со средна големина, со робусна и мускулеста конструкција. Куче со силен карактер, жив (темпераментен) и енергичен. Телото му е малку издолжено со пропорција поголема од 10% во однос на височината. Силен врат, клинеста муцка која е малку пократка од черепот. Куче со силна вилица. Подгризот е дозволен. Очите му се со средна големина со рабови на очните капаци и на зениците со што потемна боја (светлите очи се елиминирачки фактор). Нозете му се силни, мускулести и паралелни со еластични и отпорни јастучиња на шепите.

Канџите му се црни. Основни бои на оваа раса се кафејаво-црвена или жолто-црвена со црн плашт или седло.Плаштот или седлото иде од главата со црнина од секоја страна на слепоочницата; на градите му е дозволена белина на поголема од 2 см во пречник. Влакната му се кратки, густи, јаки и пролично дебели. Влакното му е нешто подолго на задната страна на бутовите и под опашката. Ушите му се високо поставени, со средна ширина и должина, тенки и висат блиску до образите. Врвоти на ушите малку овални. Мажјаците достигнуваат должина од 46-56 см, идеално помеѓу 51 и 52 см, а женките 44-54 см, идеално помеѓу 48 и 49 см.

Расата припаѓа на група гоничи која е раширена низ целиот Балкан. Се претпоставува дека Азијските гоничи одиграле голема улога во генетиката на оваа раса. Првиот опис на оваа раса е под името Балкански гонич и потекнува од 1905 година. Првиот стандард е утврден во 1924 година, но е усвоен дури на заседанието на FCI во мај 1940 година. Во ноември 1996 година, на седницата во Копенхаген, Генералниот комитет на FCI одлучувал за ставот на тогашниот ЈКС и го прифатил нивното барање името на расата да се промени во Српски гонич, што денеска е службено име на расата.

Замја на потекло: Србија

Употреба: Верен и многу истраен гонич.

 

Група: 6 - Гоничи и сродни раси

Секција: 1 - Гоничи

Подсекција: 2 - кучиња со средна големина

Со работен испит.

 

Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818407
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
320
586
1429
9246
818407

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 08:38:31
Web Analytics