Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Обука на птичари

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Обуката или дресурата на кучињата опфаќа усовршување на вродени особини и нивно прилагодување кон потребите на ловецот. Таа се состои од два дела и тоа:

- претходна обука и

- подоцнежна обука во ловиштето.

Претходната обука е заедничка за сите раси на ловечки кучиња. Со оваа обука кај кучињата треба да се одстранат вродените особини на кучињата кои му пречат во односот со човекот. Кучето треба да се обучи на активности кои се неопходни за подоцнежната обука во ловиштето. При обуката треба да се исклучат силата и казнувањето, бидејќи трпението во работата и благоста со кучињата даваат најдобри резултати. Претходната обука започнува од најрана возраст. Веднаш штом ќе прогледаат кутрињата се учат на ред и хигиена.   

 

Во овој период, кога тие ќе прогледаат излегуваат од леглото и вршат нужда. Секое од нив привлечено од мирисот на мокрачата и изметот во иднина ќе врши нужда на истото место каде за прв пат го направило тоа. На овие места се поставуваат неколку плитки кутии со песок и кога кутрето ќе се привикне на некоја од нив, останатите постепено се отстрануваат и се остава една во која кутрето ќе врши нужда.

Кога кутрињата ќе започнат да излегуваат од куќичките и оградениот простор во двориштето, треба да се доведат во контакт со домашните животни како би се привикнувале на нив. Кучињата кои се окучени во град каде нема домашни животни, треба почесто да се водат во домаќинства во кои ги има и таму да се привикнуваат на нив.  Младото куче треба и да се изнесува во прометни улици за да се навикнат на луѓето и на возилата.

Посериозен дел на претходната обука опфаќа обука на послушност и водливост.

 

Послушност е дисциплина која е неопходна за сите кучиња. Таа се состои во тоа што кучето на повик на сопственикот послушно да доаѓа и да ги извршува сите активности кои се бараат од него. На оваа дисциплина кучето се обучува од најрана младост, при што обуката се извршува во дворот. Најпрво на младото кутре веднаш треба да му се даде име и да се довикува по него. Кога ќе дојде треба да се награди со парче месо или друга храна, да се помилува и да се пофали. При обуката потребна е голема трпеливост и разбирање, бидејќи кучето во почетокот не знае што се бара од него. Во прво време кучето треба да се довикнува по име, а подоцна со свирка за да научи да доаѓа на повик. Не смее во никој случај да се губи трпение и да се удира кучето, бидејќи кучето тоа може да го свати дека доаѓа за да биде тепано. Вежбата треба да се повторува во секоја прилика, а особено подоцна кога ќе го привикнуваме на водење приврзано, со оглед на тоа што тогаш кучето безволно ќе доаѓа бидејќи не трпи да се води врзано.


 Обука на водливост

Водливост е дисциплина со која настојуваме кучето да го обучиме да се движи уз нога послушно додека е врзано, а подоцна и без да биде врзано. Вежбата започнува на возраст помеѓу 3-6 месеци. На неа и претходи навикнување на кучето на окулувратник, кој треба да е од мека кожа и да не е премногу стегната, туку доволно за кучето да не може да ја извади. Неа кучето нерадо ја прима и се обидува да ја извади, но набрзу се привикнува на неа. На него се прикачува каиш, појака врвка или синџирче за водење, кое треба да е нешто подолго. Кучето во прво време ќе се обидува да се ослободи од него, па првиот ден треба да се остави да се обидува во тоа. Дури откако ќе свати дека не може да се ослободи од него, постепено со водич треба да се привикнува заврзано да се води. При тоа ако кучето нагло се затрча напред или ако заостанува, каишот со кој се води треба нагло да се повлече и кучето да се погали и пофали.  Ако сакаме кучето да го привикнеме да се движи строго покрај нога, треба да се користи зид или ограда, така што тоа не би можело да се одалечи од едната страна од зидот, а од другата од водичот. Ако сепак кучето се обидува да се одалечи од страната на водичот не треба да се удира, туку нежно да се побутне. Кога ќе сме сигурни дека послушно се движи покрај нога и не заостанува, не истрчува или не забегува лево - десно, внимателно може да го откачиме каишот со кој се води и да му дозволиме на кучето да оди слободно покрај нога. Кај тврдоглавите кучиња се препорачува употреба на огрлица за стегање и со боцки.

 

Седи

Оваа вежба ја надополнува послушноста и водливоста на кучето. Со вежбата се започнува кога кучето ја совладало дисциплината “водливост“. Каишот со кој се води кучето со едната рака се затегнува наназад и малку во вис, а со другата рака му се притискаат шепите кон земјата проследено со командата “седи“. Тоа се повторува неколку пати, потоа се изостанува и се продолжува само со благо повлекување на каишот и со команадата “седи“. Кога кучето оваа дисциплина доволно ќе ја совлада од место, неа ја вежбаме во движење се додека не се дојде до тоа кога ќе застанеме самото да седне.

Кога овие дисциплини ќе се усовршат се преоѓа на наменската обука.
 

Куче во седечка положба

Обука на кутре за апортирање


Апортирање - донесување. Во оваа дисциплина кучето се обучува уште додека е кутре, бидејќи се искористуваат особините на малото кутре за игра и нагонот да фаќа предмети кои се движат. На командата “донеси“, “дај“ или “апорт“,на ловџијата кучето треба да му го донесе дивечот неоштетен и да го држи во устата во седечка положба се додека не му се зададе команда “пушти“. Оваа дисциплина е подеднакво корисна за сите раси ловечки кучиња. Кучето треба да донесува од земја и од вода.

За вежбата се употребува цврст дрвен цилиндар. Кучето се држи за околувратникот, а цилинерот се фрла со другата рака за да се тркала. Додека цилиндерот се тркала, кучето се пушта со повикот “држи“ или “фати“. Тој ќе се обидува во трк да го фати цилиндерот кој не е застанат. Кога ќе го фати кучето ќе отрча на страна за да си игра со него. Во почетокот тоа треба да му се дозволува, бидејќи е важно да го зема цилиндерот и да го носи. Некои кучиња само ќе го помирисаат и ќе го остават. Во тој случај треба да му се пријде на кучето, нежно да му се отвори устата и милувајќи го во уста да му се стави цилиндерот настојувајќи да го задржи. Кај некои кучиња може да потрае и подолго додека не научат да го земат и да го држат цилиндерот.

 

Обука со цилиндар обвиткан со кожа од зајак

Обука со цилиндар


Кога кај кучето сме констатирале дека го зема цилиндерот, тоа треба да се поврзе со увежбаната послушност и да се бара од него да пријде и да го донесе. После цилиндерот се преоѓа на наполнета кожа од зајак или провизорно наполнет гулаб.

Кога кучето е целосно сигурно во денесувањето се привикнува со задоволство да влегува во вода, по што се преоѓа со вежбање на донесување од вода.

 

Обука во ловиштето

Обука во ловиштето значи синхронизација на вродени особини на кучето и на претходната обука научена дома. Таа не е иста за сите раси. За некои е поедноставна, а за некои таа е посложена. Вродените особини не можат да се надокнадат или да му се дадат на кучето. Ако птичарот нема добар осет за мирис, со обука тоа не може да му се даде. Ако гоничот нема истрајност, тешко дека ќе може тоа да се надокнади и сл.



Обука на птичарите

Секој птичар кој го користиме за лов мора да има добар осет за мирис, страст за лов и секој дивеч кој ќе го пронајде да го маркира. Ако не ги поседува овие карактеристики тогаш трудот кај претходната обука бил залуден, па и трудот околу обуката во ловиштето ќе биде залуден. Кај птичарите во ловиштето треба да посветиме внимание на дисциплината на која сме го обучиле при претходната обука, а особено на послушноста.


Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698407
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
230
544
774
15951
698407

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:50:44
Web Analytics