Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Јазовичар

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 Јазовичарот кој е наречен уште и “tackle“ и “dackel“, е познат од времето на средниот век. Од гоничите издвоени се кучиња кои трчале без престанок и биле посебно погодни за работа под земја. Од овие краткоконоги кучиња се искристализирале јазовичарите кои се познати како сестрано употребливи ловечки кучиња. Овие кучиња исто така покажува извонредни остварувања и над земјата, како и во следогласен лов и на крвава трага.

Најстаро здружение за одгледување на јазовичари е Deutsche Teckelklub e. v. кое е формирано во 1888 година. Јазовичарот во текот на децениите е одгледан во три големини (стандарден јазовичар, џуџест јазовичар и јазовичар зајчар) и три варијанти на влакното (кратковлакнести, оштровлакнести и долговлакнести).

Во периодот од 1550 – 1850 германските шумари, чувари на ловиштата и ловци ги селекционирале и одгледувале овие кучиња кои биле борбени и спремни да ловат и да се фатат во коштец со 10 – 20 кг тешките јазовци. Во 1879 година е напишан првиот стандард на оваа раса.

 

FCI стандард: N° 148/13.07.2001

Датум на издавање на важечкиот стандард: 13.03.2001 год

 

Класификација според F.C.I.:

Група 4 Јазовичари.

Со работен испит

 

Класификација според UK и AKC:

(Hound Group).

Во лов се користат првенствено за лов во јами (јамарење)

 

Земја на потекло: Германија

 

Употреба:

Ловечки кучиња за работа под земја


 

Тоа се ниски, кратконоги, со долго тело, но компактни и мускулести кучиња, со пркосно држење на главата и со паметен израз. Според големината на ловината и дупките се развиле три големини:

        стандарден (од 35 см, до 9 кг),

        џуџест (до 35 см, до 4 кг),

        зајчар (до 30 см, до 3,5 кг).

И покрај долгите нозе во однос на телото тие не делуваат закржлавено, несмасно или со ограничени покрети. Имаат издолжена глава, со изразени очни лакови, силна вилица, шкарасто и потполно забало, имаат овални и темни очи и долги уши.

Постојат јазовичари со три видови на влакна:

        кратко,

        оштро,

        долго.

Краткото влакно е сјајно и со глатка боја (важи за сите варијанти): црвена, црвено-жолта, црна, кафеава, сива, со или без флека и тигреста. Не е дозволена чисто бела боја, црна и бела со флека.

Долгото влакно е меко, сјајно и мазно, а на долниот дел од телото е подолго додека по ушите и на нозете има реси (главата им е прекриена со кратко влакно).

Краткото влакно е оштро и густо со обилно подвлакно (козја брада, густи веѓи). Бојата како дива свиња е дозволена кај сите типови, но најчеста е кај кратковлакнестите (оштровлакнестите).

И покрај кратките нозе, јазовичарите се кучиња на кои им треба многу движење, поради што потребни се редовни повеќе километарски прошетки и истрчувања. Склони се на дебелеење па имаат потреба од правилна исхрана. Тие се одлични чувари (со задоволство лаат) и исклучително се храбри. Многу се приврзани но и тврдоглави и итри, заиграни, срдечни и многу сериозного сваќаат своето постоење, интелигентни се и учат едни од други низ игра. Тоа не се кучиња за фамилии со многу мали деца. Децата може во игра случајно да ги повредат бидејќи се со мало тело и со доста осетлив ‘рбетен столб.

 

Работа

Според правилникот за оценување на работата на расите јамари (ловни териери и јазовичари) испитите имаат за цел утврдување на вродените природни особености на кучето и докажување на неговата употребливост во лов. Пристап на испитот им  едозволен само на кучињата кои поседуваат родовница признаена од FCI. За пристап на IPO (испит на вродени особини) потрбна е минимална возраст од 9 месеци. На натпреварите смеат да учествуваат само чистокрвни кучиња.

 

Работа под земја

 –        во работата под земја се покажани како големи борци, многу упорни и истрајни, гласно лаат со звонест глас и на тој начин го известуваат ловецот за својата положба,

        работата под земја се испитува во ровови за време на испитите на вродените особини, како и за време на работните испити од различни рангови (локални, државни или меѓународни работни испити).


 

Работа над земја

 –        над земја служат како гоничи. Ги користиме при погон на диви свињи и зајак,

        начинот накој го погонуваат дивечот зависи од тоа дали кучињата се следогласни или видогласни,

        погонот на зајак е дел од испитот на вродени особини, додека употребливоста на кучето за лов на диви свињи ја испитуваме на дива свиња во гатер за време на испитот на гласно гонење при работа.

  

Крвава трага

        јазовичарите служат и како крвоследници,

        испитот на крвава трага е дел од испитот на вродени особини, додека употребливоста на кучето за пронаоѓање на ренет дивеч по крвава трага се испитува за време на испитот на работа на крвава трага.

 

Работа во вода

        иако тоа се кратконоги кучиња многу ја сакааат водата. Испитот на работа во вода, односно склоноста за влегување во вода е дел одиспитот на вродени особини,

        лесно се учат да донесуваат отстрелан пердувест дивеч од вода.


Поради свестраната употребливост при лов, популарноста на овие кучиња во западните земји е голема. Се користат за лов под земја, донесување на влакнест и пердувест дивеч, следогласно и видогласно гонење како и за пронаоѓање ранет дивеч по крвав траг.

Во последно време овие кучиња се повеќе се користат во лов на диви свињи. Се покажале како подобри од останатите раси на гоничи бидејќи покажуваат поголема храброст и борбеност, па така можат да го дигнат дивечот и гласно да го гонат. Но радиусот на движење не им е преголем, па поради тоа погодни се за поспор погон.



Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778494
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
319
411
2044
10300
778494

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:56:00
Web Analytics