Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Германски долговлакнест птичар

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Долговлакнестиот птичар долго време било шумарско куче и “кртица за све“ на германските ловци. Карактеристиките на расата прв пат ги опишале во 1879 година кои до денеска речиси не се променети. Потеклото на оваа раса кучиња не е познато, сепак може да се насети дека потекнува од птичарот и сетерот. Тоа по карактер е мирно, лесно за одгледување, благо и многу послушно, на кого му е потребна лубов и внимание од сопственикот.

Германскиот долговлакнест птичар е навистина убаво куче: кога укажува на дивечот стои со опашка израмнета со грбната линија. Познато е само во Германија, каде е ценето поради нескротливиот интерес за секој вид на дивеч, поради одличниот нос, неуморното тражење и смиреност во најдраматичните моменти на лов.

 

 

German Longhaired Pointer :: Deutscher langhaariger Vorstehhund

FCI-Стандард:117/ 16. 03. 2001 

 

FCI Класификација

 

Група: 7 - Птичари.

Секција: 1.2 – Континентални птичари “Шпаниел тип“.

Со работен испит

 

Матична земја: Германија

 

Употребливост: Птичар

 

Опис: Силно, елегантно, мускулесто и темпераментно куче. Опашката му е долга, не превисоко поставена, а на опашката има убава заставичка. Посебно е убава неговата глава: племенита, долга, односот помеѓу челниот и носниот дел е 1:1, ушите му се обесени и ресесто влакнести. Кафеавите очи треба да бидат што потемни. “Муцката треба да биде складна со бојата на крзното, со што потемно кафеава боја. Градите му се широки и длабоки, не е слаб како сетерот. Стомакот треба да биде стегнат, задните нозе да имаат доволно простор за долг чекор при галопирање. Влакното му е средно долго (од 3 до 5 см), рамно или лесно брановидно и прилепено. Бојата му варира од еднобојно кафеава до кафеаво-бела боја. Дозволени се пеги во нијанси на кафеава боја. Високо е од 58 до 70 см. Во вените на долговлакнестиот птичар тече крвта од старите гоничи, кучиња за лов на птици, кучиња за во вода и на англиските специјалисти за работа во поле. Крвта на тие предци му ја дала повеќенаменоста (свестраноста).

Елегантно е и напнато, а ушта ако има и ветер се игра со заставичката на опашката поради што навистина е привлечно. Тоа робусно куче е водливо и послушно на секоја команда на својот сопственик. Долгото влакно го штити од студ и влага, посебно при работа во вода. Како и другите ловечки кучиња и германскиот долговлакнест птичар одгледувачите им го препорачуваат на ловците. Ова куче не е погодно како фамилијарно куче. Тежи околу 25 кг и живее приближно 12 години.

 

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 73%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865466
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
272
536
808
12817
865466

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:36:09
Web Analytics