Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Вајмарски птичар

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 

Вајмарскиот птичар е средно големо куче, убаво обликувано и жилаво ловечко куче. Кратковлакнестиот и долговлакнестиот птичар се разликуваат од него само по влакното. Главата му е масивна со долг носен дел. Очите кај младенчињата се плавкасти, а покасно стануваат светли до боја на јантар. Ушите му се широки и прилично долги. Подвлакно има малку или воопшто го нема.

Вајмарецот е исклучително свестрано куче кое неуморно го претражува теренот и со стоење (маркирање) го означува дивечот. Со задоволоство донесува се што може да носи. При работа главата ја носи значително пониско од другите птичари. Во маркирањето е сигурен, исклучително водољубив и многу отпорен на временските услови.  Покажува исклучителна наклонетост за работа на дисциплини после истрел, вклучувајќи и работа на трага на ранета дивеч. Често овие кучиња се користат и како чувари, службени кучиња, па и како натпреварувачки кучиња за влечење на санки.


FCI стандард: No. 99/04.12.1998

Датум на публикација на оригиналниот валиден стандард: 27.02.1990

 

FCI класификација:

  • Група 7 Континентални птичари. 
  • Секција 1.1 Континентални птичари.
  • Тип "Braque" со работен испит.

   

Матична земја: Германија

 

Потекло: Не се знае точното потекло на оваа раса кучиња и за него постојат бројни теории. Она што се знае е дека на почетокот се вкрстувани со крвоследници (што го потврдуваат и старите цртежи).

Покасно во одгледувањето е уведена и крв од птичари и сетери, а од 1890 година се води одгледување на “чиста крв“. Се смета дека тој е најстариот германски птичар. Во почетокот на 19-от век вајмарецот го познавале како “крал на ловечките кучиња“.

 Опис: Вајмарскиот птичар можеме да го сретнеме во три варијации на бои: миш-сива, сребрено-сива и срнечко-сива, како и во нијансите од тие бои, со дозволена белина на градите и прстите и потемна лента на грбот. Идеалното влакно е кратко и густо, но постојат и вариетети со долго влакно. Тој е со нешто посилна градба од попознатиот кај нас германски кратковлакнест и оштровлакнест птичар. Мажјакот е со висина од 59-70 см, а женките 57-65 см. Со своето аристократско држење како и со спојот на елеганција, издржливост и интелигенција остава силен впечаток.

 

 


Главата му е племенита, очите во нијанси на “јантар“, сиви или плавосиви. Ушите му се високо всадени и широко носени и десегаат до усните. Вратот му е сув и цврст, “предградието“ му е добро изразено, добро развиен, со длабок граден кош. Грбот му е нешто подолг (што е карактеристика на расата), цврст и мускулест, опашот му е ниско всаден во однос на другите птичари. При движење грбната линија му е мирна, а движењето му е складно и издашно.

 

Карактер: Секој припадник на оваа раса треба да биде темпераментен, приврзан, оштар, желен за учење и дружељубив.

Боја: сребренесто-сива, сива како кај срните, миш-сива. Главата и ушите му се нешто посветли.

Држење: Многу отпорен и со добар нос. Се користи за стоење (маркирање) пред ситниот дивеч.

 

 

 WEIMARANER :: Вајмарски птичар :: Vajmarac


Кратковлакнестиот вајмарски птичар некогаш го одгледувале скоро исклучително во Thurengen. Оваа раса се до неодамна можеле да ја поседуваат само ловци и благодарение на тоа расата ги сочувала своите извонредни особини и карактеристики. За жал, вајмарскиот птичар во денешно време го плаќа данокот на својот аристократски и атрактивен изглед. Постојат се повеќе одгледувачи кои не водат сметка за работните карактеристики на оваа раса.

Тоа е одличен трагач, се користи и за барање на погодениот дивеч. Сегашното име го добило во последната третина на XIX–от век по големиот кнез Karlu Augustu Weimarskom (1757-1828), кој што ловел со каратковлакнести светли, а веројатно и сиви кучиња. Првото друштво за одгледување на чистокрвни кратковлакнести птичари со сребрено-сива боја било втемелено во 1897 година. Водлив е и има втемелено исклучително развиен ловечки нагон, темпераментно е и примерно за живот со фамилја.

Добро се чувствува во куќа, има развиен и одбрамбен нагон. Тоа не треба до го сватиме погрешно – иако може да живее во куќа покрај фамилијата кратковлакнестиот вајмарски птичар не е фамилијарно, туку ловечко куче. За одгледување се користат само кучиња кои што завршиле одредени ловечки работни испити како и испит за одбрамбена работа.

 


Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865492
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
298
536
834
12843
865492

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:50:18
Web Analytics