Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Германски ловен териер

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

Тоа е чисто ловечко куче, познато во оштровлакнеста и кратковалнеста варијанта. Има сплесната глава, која помеѓу ушите е поширока како и кај фокстериерот. Муцката му е силна, лицето му е изразено. Муцката ми е црна, а ако  е доминантна кафејавата боја, може да биде и кафејава. Очите му се со сериозен и внимателен изглед. Ушите му имаат форма на биквата “V“, во долниот дел се навалени нанапред и прилично се големи. Грбот му е силен и рамен, иако не така кратки како кај фокстериерот. Опашот му е краток и силен. Влакната му се рамни, дебели, тврди и долги. Кај кратковлакнестиот ловен териер е цврста и дебела. Бојата му е црна, црно-сива ил икафејава со светли белези, (на сликата е црна со кафејави пеги). Висината му е до 40 см, тежината до 10 кг. Тоа е германска раса која е создадена со вкрстување на различни англиски кратковлакнести и островлакнести териери, а започнато е со стариот англиски “brokenhair “ териер.

 Добиено е куче кое со својата храброст ги уништува штетниците. Тоа не може да биде куче за прошетки и не може да живее заедно со деца. Тоа припаѓа само на ловечките раце. Неговата главна работа е јамарење, т.е. лов на лисици и јазовци по тунели. Поради исклучителната оштрина ловците го користат и за запирање на чопори од дивеч. Го користат како крвоследник, па и како куче за лов на крупна дивеч (мечка). Додека следи тој е посебно внимателен. Тоа е куче кое може да има само еден господар. Робусно е  и отпорно, доживува длабока старост.

 

 German Hunting Terrier :: Deutscher Jagdterrier

                                                           

 

FCI стандард: N° 103/05.02.1996

 

FCI класификација:

Група 3 – Териери

Секција 1 – Долгоноги териери

Со работен испит

 

Потекло: Германија

 

Употреба: свестрано употребливо ловечко куче, особено за работа под земја и на трага.

 

Краток историски преглед:

После првата светска војна од бројниот foxterrier клуб се издвоиле неколку активни ловци со намера да одгледаат раса која би се одликувала со својата работна способност. Така ловните кинолози Rudolf Friess, Walter Zangenberg i Carl-Erich Grunewald одлучиле да одгледаат црвено-црно ловечко куче за работа под земја. Нивните настојувања ги потпомогнала една случајност. Директорот на зоолошката градина Lutz Heck/Hagenbeck му поклонил на Walter Zangenberg четири црно-црвени териери, кои наводно, потекнувале од чистокрвни фокстериери. Со тие кучиња втемелено е одгледувањето на германскиот ловен териер. Во тоа време на втемелувачите на расата им се придружил dr. Herbert Lackner. Со заеднички напори после повеќегодишен труд им успеало со умешно внимателно вкрстување со англискиот оштровлакнест пратериер како и со велшкиот териер да го зацврстат изгледот на расата.

Истовремено вложено е многу труд да се одгледа свестрано надарен, оштар, гласно, водољубиво куче со беспрекорен ловечки нагон и способен за школување. Во 1926 година е формиран Deutscher Jagdterrier Club e.V. Како и во почетокот, одгледувачите на ловниот териер посветуваат големо внимание на ловната истрајнот, постојаноста на карактерот, вољата и храброст на ова ловечко куче.


 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778491
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
316
411
2041
10297
778491

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:54
Web Analytics