Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Хановерски крвоследник

Posted by  Published in: Ловечки кучиња

 Ова куче собено е употребливо на рамни и на средно-брдски терени со крупен дивеч, подеднакво како за следење на поводник така и за погон. Но во високите предели кучето крвоследник го чекаат такви задачи, за кои хановерскиот крвоследник, поради градбата на своето тело не е способен да ги изврши. Да се следи на поводник тешкото куче крвоследник уз стрмен рид е особено заморно, па дури и опасно по живот. Хановерецот покажува малку склоности за скокање и качување, па при погон на високи ридови послабо се покажува. Многу е осетлив. Неговото водење бара разбирање и многу љубав, но кога помеѓу водичот и кучето ќе се створи полна хармонија, тоа е способно за решавање и на најтешките задачи.

 Хановерските кучиња од типот куче-водич се помирни, имаат пофин нос, пријатни се, попослушни и полесно се водат. Порадо работи на трага на мажјакот елен (наследство од кучето-водич), а трагата на кошутата редовно ја прифаќаат само ако потекнува од рането грло. Овие кучиња редовно сами од себе бараат, кружејќи на повратен траг и пронаоѓаат излез од лавиринтот на траги од дивечот. Поради својата телесна градба тие се при погон полесни од кучињата од типот крвоследник.

 

FCI-Стандард: N° 213/ 09. 06. 1999

 

FCI Класификација

 

Група: 6 – Гоничи, трагачи по крв и сродни раси.

Секција: 2 – Трагачи по крв.

Со работен испит

 

Матична земја: Германија

 

Употребливост: Крвоследник

 

Оригинален назив на расата: HANNOVERSCHER SCHWEISSHUND

 

Потекло: Претците на хановерскиот крвоследник можат да се следат наназад се до келтското куче Canis braco segusius, кого го спомнува и грчкиот историчар Аријан во своето дело “Kynegetikos” од 250-та година. Тоа куче е предок на западноевропското ловечко куче, па според тоа и на т.н. куче водич. Тоа куче водич првобитно било кучето со најдобар нос (мирис) во чопорот на кучиња при лов на елените, куче водач, кого го користеле за пронаоѓање на живеалиштата на мажјакот елен. Тоа куче на врзано го водел ловечкиот помошник по ладна трага од мажјакот елен. Таа работа ја викале претходна потрага.

Од Галија, која била освоена од Германите, келтската ловечка култура, а со тоа и употребата на кучето водич, се проширила по целото франачко царство па веќе од времето на царот Карло Велики (768-814) секој германски закон го споменува “Laiti-Hund”. Работата на кучето водич прв го опишува Gottfried Strassburski во својот еп “Тристан и Исолда“ во 1210 година, а најстариот приказ на куче-водич се наоѓа во Ловечката книга на французинот Gaston Phobus од 1387 година.

За потрага по ранет елен го чувале посебното куче трагач “Spuri-Hund”. Leo Bajuvaris од VIII век за тоа куче пишува дека “на поводник држи трага“. Dreilichen-скиот шумски закон од 1338 година опишува што треба да направи ловецот ако при лов рани елен “нека влезе во куќа на ловец стручњак, таму ќе најде бело ловечко куче со висечки уши, нека го земе на поводник и со него нека го следи дивечот“. Работата на кучето крвоследник на крвен траг на елен ја викале дополнителна потрага.

 

 

Бојата на кучето-водич и кучето-крвоследник била бела, но имало и црни кучиња. Така станале славни црните кучиња-водичи, кои низ вековите ги одгледувале опатите на манастирот на Св. Хуберт во Ардените.

Овие два вида на кучиња се користеле за лов на елени се до почетокот на XIX век, кога заради изменетите ловечки прилики имало се помалку можности за употреба на кучето-водич. Во почетокот на 1800-тите години ловниот стручњак Knoop кај Кралскиот ловен уред во Hannover извршил вкрстување на двата вида, со цел одличните способности на кучето-водич да ги пресади на кучето-крвоследник. Така настанало кучето водич-крвоследник (Leit-Schweisshund), со кое ги извршувале работите на кучето водич и кучето крвоследник т.е. претходна и дополнителна потрага. После вкрстувањето потомците ги имале сите добри својства, но биле претешки за да би можеле да го поднесат погонот на ранетиот елен. Како би добиле куче со полесна градба, извршиле вкрстување на кучето водич-крвоследник цо црвеното куче гонич (Heidebracke). Така настанала денешниата раса на кучето хановерски крвоследник.

Разликуваме два типа на ова куче: тип на кучето водич е потешко, а неговата глава, носот и ушите потсетуваат на кучето водич, додека типот на куче крвоследник е полесно, повитко, главата му е послаба, а ушите пократки. Во повеќе случаи карактеристики на двата типа се јавуваат мешано.

 

Општи карактеристики: Муцката му е силна, длабока и широка. Добро развиена за работа (околу 50% од целокупната должина на главата). Клештестото забало има 42 заби. Носот му е голем, широк со добро отворени ноздрви. Вратот му е долг и силен кој постепено се шири кон градите. Кожата под грлото му е обилна и опуштена. Дозволен е слабо изразен подгушок.

Градите му се длабоки и пространи, повеќе длабоки одколку широки. Стомакот му е лесно прибран, создава долна линија која постепено се издига. Грбот му е силен и рамен, слабинскиот дел широк и рамен.

Шепите му се цврсти, округли и со добро затворени прсти. Јагодиците и табаните му се големи и цврсти. Бутините на задните нозе му се силни и мускулести. Потколеницата му е права и сува. Скочниот зглоб му е широк и силен, а задната дошепа скоро вертикално према телото. Костурот му е доволно силен, а мускулатурата добра за работа. Одот му е динамичен, лесен и издашен.

Главата му е со карактеристики кои го одредуваат типот. Черепот му е широк и благо конвексен.  Ушите му се со средна должина, високо и со цела ширина всадени, рамни, несвиткани, висечки и прилепени уз главата. Долната вилица му е лесно заоблена, носот широк и најчесто црн. Очите му се живи и отворени, со добро прилепени капаци и со темно-костенеста боја.

Опашот му е долг, малку свиткан и високо всаден, силен и постепено потенок кон врвот. Односот на главата и трупот, како и односот на трупот и нозете е складен. Влакното му е кратко и густо, оштра и скоро накострешена на трупот, единствено на задната ивица на бутовите е нешто подолга и погруба. На опашот е дебела и оштра, а на долната страна на опашот нешто погруба.

Специфичната разлика помеѓу половите е јасно изразена. Висината на мажјаците е од 50 до 55 см, а на женките од 48 до 53 см. Дозволени се отстапувањата до 2 см под или над дадените височини.

Бојата на влакното е светла до темно црвена боја како кај еленот, помалку или повеќе тигреста, со или без маска. Дозволени се мали бели точки на градната коска.

 

 

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698399
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
222
544
766
15943
698399

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:49:37
Web Analytics