Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечки кучиња

Англискиот шпринглер шпаниел е една од најстарите раси на ловечки кучиња во Велика Британија. Неговите предци кои се заеднички со поголемиот број шпаниели, донесени се од Шпанија со римските легии. Станува збор за шпаниели од средниот век и узумрените Норфолк шпаниели (некои тврдат дека англиските спрингери всушност Норфолк шпаниели).

Обуката или дресурата на кучињата опфаќа усовршување на вродени особини и нивно прилагодување кон потребите на ловецот. Таа се состои од два дела и тоа:

- претходна обука и

- подоцнежна обука во ловиштето.

Претходната обука е заедничка за сите раси на ловечки кучиња. Со оваа обука кај кучињата треба да се одстранат вродените особини на кучињата кои му пречат во односот со човекот. Кучето треба да се обучи на активности кои се неопходни за подоцнежната обука во ловиштето. При обуката треба да се исклучат силата и казнувањето, бидејќи трпението во работата и благоста со кучињата даваат најдобри резултати. Претходната обука започнува од најрана возраст. Веднаш штом ќе прогледаат кутрињата се учат на ред и хигиена.   

 Јазовичарот кој е наречен уште и “tackle“ и “dackel“, е познат од времето на средниот век. Од гоничите издвоени се кучиња кои трчале без престанок и биле посебно погодни за работа под земја. Од овие краткоконоги кучиња се искристализирале јазовичарите кои се познати како сестрано употребливи ловечки кучиња. Овие кучиња исто така покажува извонредни остварувања и над земјата, како и во следогласен лов и на крвава трага.

Најстаро здружение за одгледување на јазовичари е Deutsche Teckelklub e. v. кое е формирано во 1888 година. Јазовичарот во текот на децениите е одгледан во три големини (стандарден јазовичар, џуџест јазовичар и јазовичар зајчар) и три варијанти на влакното (кратковлакнести, оштровлакнести и долговлакнести).

Долговлакнестиот птичар долго време било шумарско куче и “кртица за све“ на германските ловци. Карактеристиките на расата прв пат ги опишале во 1879 година кои до денеска речиси не се променети. Потеклото на оваа раса кучиња не е познато, сепак може да се насети дека потекнува од птичарот и сетерот. Тоа по карактер е мирно, лесно за одгледување, благо и многу послушно, на кого му е потребна лубов и внимание од сопственикот.

Германскиот долговлакнест птичар е навистина убаво куче: кога укажува на дивечот стои со опашка израмнета со грбната линија. Познато е само во Германија, каде е ценето поради нескротливиот интерес за секој вид на дивеч, поради одличниот нос, неуморното тражење и смиреност во најдраматичните моменти на лов.

Гоничите се најстара раса на ловечки кучиња од кои најверојатно настанале повеќето ловечки раси на кучиња. Воглавном секоја држава си има свои раси на гоничи, но кај сите нив исти се заедничките особини: претражување на теренот и пронаоѓање на дивечот, како и негово гласно гонење. Со текот на времето и во согласност со потребите на ловците, кај гоничите се развиени и други работни особини, кои ги чинат сестрано употребливи.

Така тие можат да се научат да работат како трагачи по крвна трага, помалите раси успешно  се користат за работа во јами, ги специјализираат за тражење и лов на диви свињи, лисици или само зајак. Тие може да се употребуваат и за истерување на фазани, но може да се обучат и за донесување на помал дивеч, со лаење да јавуваат каде се наоѓа застреланиот дивеч, да ги чуваат оставените работи и сл.

 

Вајмарскиот птичар е средно големо куче, убаво обликувано и жилаво ловечко куче. Кратковлакнестиот и долговлакнестиот птичар се разликуваат од него само по влакното. Главата му е масивна со долг носен дел. Очите кај младенчињата се плавкасти, а покасно стануваат светли до боја на јантар. Ушите му се широки и прилично долги. Подвлакно има малку или воопшто го нема.

Вајмарецот е исклучително свестрано куче кое неуморно го претражува теренот и со стоење (маркирање) го означува дивечот. Со задоволоство донесува се што може да носи. При работа главата ја носи значително пониско од другите птичари. Во маркирањето е сигурен, исклучително водољубив и многу отпорен на временските услови.  Покажува исклучителна наклонетост за работа на дисциплини после истрел, вклучувајќи и работа на трага на ранета дивеч. Често овие кучиња се користат и како чувари, службени кучиња, па и како натпреварувачки кучиња за влечење на санки.

Тоа е чисто ловечко куче, познато во оштровлакнеста и кратковалнеста варијанта. Има сплесната глава, која помеѓу ушите е поширока како и кај фокстериерот. Муцката му е силна, лицето му е изразено. Муцката ми е црна, а ако  е доминантна кафејавата боја, може да биде и кафејава. Очите му се со сериозен и внимателен изглед. Ушите му имаат форма на биквата “V“, во долниот дел се навалени нанапред и прилично се големи. Грбот му е силен и рамен, иако не така кратки како кај фокстериерот. Опашот му е краток и силен. Влакната му се рамни, дебели, тврди и долги. Кај кратковлакнестиот ловен териер е цврста и дебела. Бојата му е црна, црно-сива ил икафејава со светли белези, (на сликата е црна со кафејави пеги). Висината му е до 40 см, тежината до 10 кг. Тоа е германска раса која е создадена со вкрстување на различни англиски кратковлакнести и островлакнести териери, а започнато е со стариот англиски “brokenhair “ териер.

 Ова куче собено е употребливо на рамни и на средно-брдски терени со крупен дивеч, подеднакво како за следење на поводник така и за погон. Но во високите предели кучето крвоследник го чекаат такви задачи, за кои хановерскиот крвоследник, поради градбата на своето тело не е способен да ги изврши. Да се следи на поводник тешкото куче крвоследник уз стрмен рид е особено заморно, па дури и опасно по живот. Хановерецот покажува малку склоности за скокање и качување, па при погон на високи ридови послабо се покажува. Многу е осетлив. Неговото водење бара разбирање и многу љубав, но кога помеѓу водичот и кучето ќе се створи полна хармонија, тоа е способно за решавање и на најтешките задачи.

Weather

Mostly cloudy

25°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 46%
Wind: N at 22.53 km/h
Friday
Partly cloudy
20°C / 28°C
Saturday
Sunny
14°C / 32°C
Sunday
Sunny
17°C / 33°C
Monday
Thunderstorms
17°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

760752
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
450
513
2343
10607
760752

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-19 15:28:47
Web Analytics