Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Здружение Ловечко друштво “Руен“ од Велес

Posted by  Published in: Ловечки друштва

Здружението ловечко друштво (ЗЛД) ,,РУЕН,,- Велес е едно од ретките друштва во Република Македонија за кое врз основа на пишаните документи се потврдува дека е едно од најстарите во Државата. Според пишаните документи, како и сведоштвата на најстарите ловци, потврдуваат дека почетокот на организираниот лов на територијата на Велес започнува уште пред Балканските војни во 1920 година во времето на првата демократизација на деловите на Турската империја. Во 1930 веќе било формирано ловечкото друштво во рамките на Сојузот на Југословенските кралевски ловечки организации. Со одлука на 1.2.1979 година Собранието на општина Велес на својата територија формира 7 ловишта со кои стопанисува општинското ловечко друштво ,,РУЕН,,.

Првите ловностопански основи (за периодот од 1970-1979 год) се донесени од страна на ловечкото друштво и одобрени од општинското собрание. За периодот од 1980 до 1989 се изработени и вторите ловностопански основи кои се исто така донесени и одобрени од страна на ловечкото друштво и општинското собрание. Сега ловностопански основи ги донесува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за секое ловиште посебно.

Во денешно време ловечкото друштво ,,РУЕН,, преставува современо ловечко друштво со 800-900 членови, чии канцеларии се наоѓаат во центарот на Велес. За нормално одвивање на своите активности тоа има вработено 5 лица, од кои 1 стручно лице дипломиран шумарски инжинер, 1 шумарски техничар и 3 ловочувари. Ловечкото друштво стопанисува со површина од 101.360 хектари, кои опфаќаат 10 ловишта од кои 6 се за ситен дивеч (Отовица,Караслари,Клепа,Грнчиште,Раштани,Бистрица)и 4 ловишта се за крупен дивеч(Нежиловски Стени,Бежица,Крушје,Соколица).

Ловното Друштво поседува канцеларии во центарот на Велес и стопанисува со површина од 101.360 хектари односно 10 ловишта,од кои 6 се за ситен дивеч (Отовица,Караслари,Клепа,Грнчиште,Раштани,Бистрица)и 4 ловишта се за крупен дивеч(Нежиловски Стени,Бежица,Крушје,Соколица).

За унапредување на ловиштата и збогатување со нови видови на дивеч, ловното друштво има набавено елени лопатари кои живеат во одгледувалиште во кое се наоѓа во близина на село Иванковци.

Покрај ваквата одгледувачница за крупен дивеч, ловечкото друштво има изградено и комбинирани одгледувачници за производство на ситен дивеч, односно одгледувачница за полски еребици. Овие полски еребици се наменети за сопствени потреби, односно согласно развојните програми секоја година одредена бројка се пушта во делови од ловиштата каде што е предвидено.

Како задолжителна одгледна мерка, согласно развојните програми во непосредна близина на Велес кај месноста “Башино Село“ ловечкото друштво има изградено и шаткарник за сопствено произвотство на шатки.

Во иднина ловечкото друштво има намера да посвети поголемо внимание на одгледно-заштитните мерки во ловиштето и да работи на збогатување на ловиштата со нови видови дивеч. Ловечкото друштво планира преку изработка на интернет страници и соодветен рекламен материјал посебен акцент да стави на унапредување на ловниот туризам, односно поинтензивно привлекување на ловци- туристи (странци).

 

Извор: ЗЛД “Руен“ - Велес

 

Weather

Mostly clear

11°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 85%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818024
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
523
523
1046
8863
818024

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 22:59:02
Web Analytics