Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечко друштво “Буковац“ од Кратово

Posted by  Published in: Ловечки друштва

Прецизен податок за формирање на ЛД “Буковац“ нема па затоа ќе се повикам на најстариот пишан податок кој датира од 17 декември 1945 година. Ова ловечко друштво е формирано под името “Околијско лов. удружение“.

Под ова име постои се до почетокот на 70-тите (1973) години кога го менува името во ЛД “Буковац“, според името на истоимениот рид на Осоговските планини (југоисточно од градот Кратово).

 Ловечкото друштво “Буковац“ е со седиште во Кратово. Бројот на членови на друштвото варира од година во година, но се движи во рамките помеѓу 300 и 350 членови.

Ловечкото друштво поседува две ловни куќи, од кои првата ловечка куќа “Павлица“ се наоѓа кај село Шлегово, а втората се наоѓа на м.в. “Павлеви ниви“ во атарот на село Куново. Друштвото поседува и канцелариски простор во центарот на Кратово на ул: Св. Ѓорѓи бб, каде што се наоѓа неговото седиште.

Во изминатиот период друштвото стопанисуваше со три од четири ловишта во Кратовско и тоа со: “Рудари“, “Куклица“ и “Живалево“. Трите ловишта се за ситен дивеч и тоа се терени како створени за дивиот зајак.

Праксата покажува дека ловното друштво добро стопанисува со ловиштата. Иако има вработено само еден ловочувар, поради специфичноста на теренот и пред се поради добрата организација како и ангажираноста на луѓето од управата и ловците, грижата за дивечот во ловиштата е на високо ниво.

Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778312
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
137
411
1862
10118
778312

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:13:10
Web Analytics