Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечко друштво “Елен“ од Кичево

Posted by  Published in: Ловечки друштва

 Кичевскиот ловен реон важи за еден од најдобрите во нашата држава за крупен дивеч, особено за дива свиња. Во него постојат неколку ловечки друштва помеѓу кои најстаро и најбројно е ловечкото друштво “Елен“, чие седиште се наоѓа во градот Кичево.

Тоа е формирано кон средината на минатиот век во 1946 година во Кичево. Во тоа време занаетчиите и ловците, како на пр: Ширгоски Боро, Василко Јованоски, Димитрија Лаќо, Наќески Илија, Силјаноски Аце, Наумоски Фоне, Настески Лефче, Андоноски Лефче, Бајрамоски Осман и др., се собирале во кафеаната “Ориент“, од каде што потекнала иницијативата за формирање на едно здружение на ловците од овој крај. За прв претседател бил избран Трпески Никола кој бил угледен жител на Кичево занаетчија во еснафот Кичевски.

 Од тој момент ловечкото друштво постојано се развива, за во 1999 да достигне бројка од околу 1.200 членови.

Во денешно време ловечкото друштво брои околу 350 членови. Тоа има постојано тројца вработени кои се грижат за редовно и навремено спроведување на предвидените одгледно-заштитни активности за дивечот, како и за тековното работење на друштвото. Во зависност од потребата, во одредени периоди во годината на нив им се придружуваат и волонтери - пријатели на ловечкото друштво, така што грижата за дивечот во ловиштата со кои стопанисува ова ловечко друштво е на едно високо ниво.

 

 

Ловци од ЛД “Елен“ од Кичево


Ловечкото друштво поседува канцелариски простор во центарот на Кичево на ул. “Булевар Ослободување“ бр.8, каде воедно се наоѓа и седиштето на друштвото. Тоа поседува и една ловечка куќа од повисока категорија, која се наоѓа во ловиштето “Турла“, кое е едно од најомилените и најбогати ловишта со дива свиња во овој ловен реон.

Ловечкото друштво стопанисува со поголемиот број на ловиштата од Кичевскиот ловен реон и тоа со ловиштата: “Турла“, “Прострање“, “Кнежино“, “Добра Вода“, “Стрелци“ и “Цер“. Ловиштата “Стрелци“ и “Цер“ се ловишта за ситен дивеч, додека останатите 4 ловишта се за крупен дивеч. 

Ловиштата со кои стопанисува ова ловечко друштво, како и останатите три ловишта од овој ловен реон, отсекогаш биле прочуени по богатството со дивеч, особено со дива свиња. Поради тоа одсекогаш ловците од кичевско биле познати како големи ловци на диви свињи, која традиција во денешно време ја продолжуваат новите генерации на ловци.

 

 

 

Прихрана на дивечот

Ловечка куќа во ловиштето “Турла“

 

 

 

Ловци од ЛД “Елен“ со богат улов

Дружење пред се

 

 

 



 

 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778444
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
269
411
1994
10250
778444

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:54:10
Web Analytics