Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловно – риболовно здружение “Пелагонија – Пелистер” од Битола

Posted by  Published in: Ловечки друштва

 Ловството во битолскиот регион има богата традиција. Иако ловот на овие простори богати со дивеч постои уште од дамнешните времиња, првото организирање на ловците во здружение настанато е во далечната 1933 година, кога тие го основаат Општинското-сојузно ловечко друштво-Битола. Ова ловечко друштво од почетокот го сочинувале 6-7 ловни зедници, кои покасно се прераснуваат во ловни подружници кои во еден период достигнале и до 24 ловни подружници.

Формирањето на ловечкото друштво е одбележано со поставување на камен-темелник на ловен дом, кој го градат ловци-членови на Општинското-сојузно ловечко друштво-Битола. Ловечкиот објект е довршен во 1935 година, но со текот на времето бил доградуван и одржуван. Свое место за дружење и забава тука наоѓале повеќе генерации на ловци од целиот регион.

 Од 1955 година до 1958 година била изградена ловната куќа Топли дол”- село Маково. За нејзина изградба помогнале Ловечки сојуз-Скопје и ловното друштво “Пелагонија” и волонтерска работна рака од членови ловци.  

Некаде околу 1958 година ловечкото друштво се преименува во Пелагонија, во кој период располагаат со околу 152.000 хектари ловна површина од која 1/3 била под утрини и пасишта. Од ова име ловечкото друштво егзистира се до 1994 година, кога тоа го менува името во Ловечко друштво Пелистер, за конечно во 1989 година да го добие името Ловно-риболовно здружение Пелагонија-Пелистер Битола.

Во 1984 година на планината Облаково изградено е оградено ловиште со посебна намена за одгледување на крупен дивеч (муфлони), чија изградба  финансиски ја помогнало и Собранието на општина Битола. За жал денес ова оградено ловиште не е во функција и на одредени места оградата е оштетена. Сепак со мали инвестиции таа лесно може да се поправи и ова оградено ловиште повторно да засјае со својот полн сјај.


 

Оградено ловиште на Облаковска планина


Во 1986 година во атарот на село Бистрица изградена е фазанеријата за одгледување на фазани и зајаци, во чиј состав се наоѓа и ловочуварска куќа со магацински простории.

Покрај наведените објекти, ловечкото друштво ја поседува и ловната куќа “Коњарка”, која се наоѓа во атарот на селото Скочивир и е во сопственост на ЛРЗ “Пелагонија-Пелистер”. Таа се користи за повеќе намени, како што се: ноќевање на ловците; за одмор и рекреација на планинари, излетници; и така натака.

Ловечкото друштво е концесионер на 8 ловишта, од кои 2 се за крупен дивеч и 6 ловишта се за ситен дивеч. Во ловиштата за крупен дивеч може да се ловат дива свиња и срна, додека во нив се сретнуваат и мечка и волк. Овие ловишта не се атрактивни за ловните туристи, но се вистински магнет за ловците членови кои со задоволство ловат во нив.

Во ловиштата за ситен дивеч може да се ловат полска еребица, зајак и еребица камењарка, но и разни видови прелетен дивеч кој е посебно атрактивен за развивање на комерцијален лов. За да ја збогати понудата со нови видови дивеч ловечкото друштво во своите ловишта пушта и фазан кој е наменет првенствено за своите ловци-членови. Со тоа ловечкото друштво не само што им посветува посебно внимание за своите членови и им овоможува тие да ја задоволат својата ловечка сраст со овој атрактивен вид на дивеч, туку и го заштитува автохтониот дивеч бидејќи за сметка на фазанот тој помалку се застрелува.


Фазанерија во ловиштето “Породин“


Ловци од ЛРЗ “Пелагонија-Пелистер“


Високи чеки во ловиштето “Облаково“


 

 

Пребројување на дивечот

Поглед од висока чека

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 79%
Wind: W at 4.83 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861132
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
216
674
1502
8483
861132

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:39:52
Web Analytics