Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечко друштво “Сокол“ од Куманово

Posted by  Published in: Ловечки друштва

 Ловечкото друштво “Сокол“ од Куманово е едно од најстарите ловечки друштва во Р. Македонија. Тоа е основано во далечната 1924 година во месец септември, под името “Сојузно ловечко зрдужение Куманово“. Друштвото е формирано од Коста Цокиќ - (Претседател), Благоја Дојчиновски - (секретар), Мико Трајковски “Сликар“ - (благајник) и членовите на управата: Трајко Лопарски и Владо Ивановски “Вунар“.  Како симбол на ловечко друштво биле избрани еленски рогови со крст во средина горе, две вкрстени ловечки пушки под крстот и со ловечка труба под роговите. На почетокот тоа имало 50 ловци и 2 ловечки продавници во градот  Куманово.

 Под ова име ловечкото друштво егзистира се до втората светска војна т.е. до 1941 година. По ослободувањето во 1945 година името на ловечкото друштво е преименувано во "Ловечко здружение Куманово", под кое име егзистира се до 1951 година кога  ловечко друштво го добива денешното име “Сокол“. Ова име е избрано од ловците поради убавината на соколот како една од најубавата птица помеѓу птиците грабливки и која е витез помеѓу нив според начинот на кој лови и живее во природата.

 Со текот на годините ловечкото друштво постојано се развива за во денешно време тоа брои околу 1.000 членови. Вработени на неопределено време во друштвото има 5 (пет) лица, но по потреба се ангажираат и вработени на одредено време како и волонтери, кои помагаат во спроведувањето на редовните активности за заштита и одгледување на дивечот. Седиште на ловечкото друштво е на седиште Плоштад Нова Југославија бб. Куманово, а контакт  тел/фах. 031 415 067, моб. 070 334 106 Игор

Во своја сопственост ловечкото друштво има:

  •  во центарот на Куманово деловен објект со површина од 152 м²;
  •  во  ловиштето бр. 3  “Козјак“ во м.в. “Дејловски преслап“, комплетно опремена ловечка куќа со 130 м²;
  •  во ловиште бр. 11 “Старо Нагоричане“ целосно оградена фазанерија на површина од 3,0 ха, во чиј состав влегуваат: волиера со ограден простор од 400 м² и покриен дел од 200 м², една комплетно опремена куќа од 40 м², карабина од 90 м² и складиште за храна од 20 м²;
  •  теренско возило ТМВ УАЗ.

 Ловиште “Зебрњак“

Ловечкото друштво во претходниот ловностопански период стопанисуваше целосно со 10 од вкупно 14 ловишта во кумановскиот ловен реон и со 2 делумно. Вкупно 11 од нив се за ситен дивеч и тоа ловиштата: “Љубодраг“, “Слупчане“, “Карабичане“, “Степанце“, “Желувино“, “Облавце“, “Мургаш“, “Старо Нагоричане“, “Зебрњак“, “Орашац“ и “Доброшане“, додека ловиштето “Козјак“ е ловиште за крупен дивеч. Со ловиштата за ситен дивеч “Љубодраг“ (50 %) и “Слупчане“ (25 %) иако концесијата гласеше на нивно име, тие стопанисуваа договорно заедно со Л.Д. “Шќипона“ .

Тоа и во денешно време стопанисува речиси со сите ловишта од кумановскиот ловен реон, односно од 14 ловишта колку што има во овој ловен реон тоа под концесија има 12 ловишта. При новото доделување на ловиштата тоа ја искористи предноста која при конкурирањето ја даваа развојните програми и си ги задржа истите ловишта со кои стопанисување и во претходниот ловностопански период.

Во нивните ловишта може да се ловат дива свиња, срна, зајак, полска еребица и еребица камењарка, како и разни видови прелетен дивеч. Тие во своите ловишта редосно пуштаат и фазан со што ја збогатуваат понудата за ловците од овој атрактивен вид на дивеч. Нивните ловишта се надалеку познати по богатството со полска еребица и прелетен дивеч, благодарение на кои тие се редовни домаќини на голем број ловни туристи.

Како дел од редовните активности на ловечкото друштво, во ловиштата со кои стопанисува тоа ги спроведува сите активности согласно посебните ловностопански основи. Покрај тоа, ловечкото друштво   како и други активности кои се поврзани со развој на ловството и ловниот туризам и тоа:

  • Редовна ловочуварска контрола,
  • Зимска прихрана на дивечот,
  • Правење на хранилишта, поилишта, солишта и др. ловнотехнички објекти,
  • Одржување на бројната состојба на штетен дивеч во граници во кои тој не предизвикува штети врз дивеч под заштита,
  • Збогатување на ловиштата со алохтони видови дивеч,
  • Пролетно и есенско пребројување на дивеч под законска заштита,
  •  Водење на евиденција на застрелан дивеч под и дивеч без законска заштита,
  •  Изготвување на планска документација и реализација на планираниот годишен застрел,
  • Соработка со другите ловни друштва и со разни туристички агенции и сл.

 


 Како дел од активностите за развој на ловството, ловечвото друштво има тесна соработка со повеќе ловечки друштва и туристички агенции, како од земјава така и од странство. Дел од тие друштва се: Л.Д. “Фазан“ од В. Орашје од Р. Србија, Л.Д. “Фауна“ од с.Матејче, Л.Д. “Фазан“ од Скопје, Л.Д. “Еребица“ од Скопје, Л.Д. “Потполошка“ од Петровец, Л.Д. “Жеден“ од Скопје, Л.Д. “Еребица“ од Св. Николе, Л.Д. “Славишко поле“ од Ранковце, Л.Д. “Буковец“ од Кратово, Л.Д. “Осогово“ од  Кр. Паланка и др.


Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778310
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
135
411
1860
10116
778310

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:13:06
Web Analytics