Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечки друштва

Здружението ловечко друштво (ЗЛД) ,,РУЕН,,- Велес е едно од ретките друштва во Република Македонија за кое врз основа на пишаните документи се потврдува дека е едно од најстарите во Државата. Според пишаните документи, како и сведоштвата на најстарите ловци, потврдуваат дека почетокот на организираниот лов на територијата на Велес започнува уште пред Балканските војни во 1920 година во времето на првата демократизација на деловите на Турската империја. Во 1930 веќе било формирано ловечкото друштво во рамките на Сојузот на Југословенските кралевски ловечки организации. Со одлука на 1.2.1979 година Собранието на општина Велес на својата територија формира 7 ловишта со кои стопанисува општинското ловечко друштво ,,РУЕН,,.

 Кичевскиот ловен реон важи за еден од најдобрите во нашата држава за крупен дивеч, особено за дива свиња. Во него постојат неколку ловечки друштва помеѓу кои најстаро и најбројно е ловечкото друштво “Елен“, чие седиште се наоѓа во градот Кичево.

Тоа е формирано кон средината на минатиот век во 1946 година во Кичево. Во тоа време занаетчиите и ловците, како на пр: Ширгоски Боро, Василко Јованоски, Димитрија Лаќо, Наќески Илија, Силјаноски Аце, Наумоски Фоне, Настески Лефче, Андоноски Лефче, Бајрамоски Осман и др., се собирале во кафеаната “Ориент“, од каде што потекнала иницијативата за формирање на едно здружение на ловците од овој крај. За прв претседател бил избран Трпески Никола кој бил угледен жител на Кичево занаетчија во еснафот Кичевски.

 Ловството во битолскиот регион има богата традиција. Иако ловот на овие простори богати со дивеч постои уште од дамнешните времиња, првото организирање на ловците во здружение настанато е во далечната 1933 година, кога тие го основаат Општинското-сојузно ловечко друштво-Битола. Ова ловечко друштво од почетокот го сочинувале 6-7 ловни зедници, кои покасно се прераснуваат во ловни подружници кои во еден период достигнале и до 24 ловни подружници.

Формирањето на ловечкото друштво е одбележано со поставување на камен-темелник на ловен дом, кој го градат ловци-членови на Општинското-сојузно ловечко друштво-Битола. Ловечкиот објект е довршен во 1935 година, но со текот на времето бил доградуван и одржуван. Свое место за дружење и забава тука наоѓале повеќе генерации на ловци од целиот регион.

 Ловечкото друштво “Сокол“ од Куманово е едно од најстарите ловечки друштва во Р. Македонија. Тоа е основано во далечната 1924 година во месец септември, под името “Сојузно ловечко зрдужение Куманово“. Друштвото е формирано од Коста Цокиќ - (Претседател), Благоја Дојчиновски - (секретар), Мико Трајковски “Сликар“ - (благајник) и членовите на управата: Трајко Лопарски и Владо Ивановски “Вунар“.  Како симбол на ловечко друштво биле избрани еленски рогови со крст во средина горе, две вкрстени ловечки пушки под крстот и со ловечка труба под роговите. На почетокот тоа имало 50 ловци и 2 ловечки продавници во градот  Куманово.

 Под ова име ловечкото друштво егзистира се до втората светска војна т.е. до 1941 година. По ослободувањето во 1945 година името на ловечкото друштво е преименувано во "Ловечко здружение Куманово", под кое име егзистира се до 1951 година кога  ловечко друштво го добива денешното име “Сокол“. Ова име е избрано од ловците поради убавината на соколот како една од најубавата птица помеѓу птиците грабливки и која е витез помеѓу нив според начинот на кој лови и живее во природата.

Според сеќавањето на некои постари ловци како и од понудените податоци, може да се констатира дека ловството во валандовскиот крај има долгогодишна традиција. Почетоците на овој рекреативен спорт датираат ушто од периодот по завршувањето на првата светска војна во далечната 1922 година. Ловот во тој период бил недоволно организиран и претежно се ловело стихијно. 

Во периодот помеѓу двете светски војни во периодот кога овој крај се наоѓал под власта на Кралството СХС (од 1929 година Кралство Југославија), ловот се сметал како еден вид спортување и разонода: пешачење, другарување, престој во природа и на чист воздух., ловџиски средби и гозби на отворен простор и сл. Со одење на лов, првите ловџии го разбивале едноличниот монотон живот, како во градот, така и во другите населени места во Валандовската Котлина.

Прецизен податок за формирање на ЛД “Буковац“ нема па затоа ќе се повикам на најстариот пишан податок кој датира од 17 декември 1945 година. Ова ловечко друштво е формирано под името “Околијско лов. удружение“.

Под ова име постои се до почетокот на 70-тите (1973) години кога го менува името во ЛД “Буковац“, според името на истоимениот рид на Осоговските планини (југоисточно од градот Кратово).

Weather

Partly cloudy

17°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 73%
Wind: SSE at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806085
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
450
509
3889
14350
806085

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:52:42
Web Analytics