Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Срнечки гулаш

Written by  Published in: Ловечка кујна

Ова е еден многу вкусен рецепт за приготвување гулаш од срна после успешниот лов. Станува збор за стар и испробан рецепт на искусните ловџии кои се мајстори за ловечки гулаш. Состојките во рецептот се прилагодени за да одговараат на една фамилија. Доколку се подготвува за поголемо друштво потребно е соодветно да се зголемат мерките.

Рецептот е едноставен за приготвување, наменет е за 5 лица за чија подготовка е потребно околу 120 минути или 2 часа.

  • 1/2 kg месо од срна иситнето на коцки
  • 1/2 kg сечен кромид
  • 1 kg компири
  • 1 dcl масло
  • 1 dcl бело вино
  • 100-200 ml сок од патлиџани (во зависност од тоа колку сакате кисело)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка мелена лута биена пиперка
  • 1 лажичка мелена слатка црвена пиперка
  • 1 лажичка вегета
  • 2-3 ловорови листови

Подготовка:

  1. Кромидот се сече на коцки и се динствува на масло додека не стане “прозирен“;
  2. Се додава исеченото на коцки месо од срна и 2 dcl вода. Сето тоа се динствува со постојано мешање, треба да се крчка (на слаб оган);
  3. Кога месото ќе биде напола издинствувано се додава лажичка вегета, лажичка бибер, лажичка мелена црвена пипер, лажичка сол и лажичка лута биена пиперка;
  4. Очистениот компир се сече на четвртинки и се додава во месото;
  5. Се додава сокот од патлиџани и 1 dcl бело вино, ловоров лист и со постојано мешање се готви лесно околу 2 часа;
  6. Гулашот треба да биде густ, па доколку нема потреба не се додава вода.

Послужување:

Најубаво е да се послужи со погача приготвена под сач или со бел леб. За салата може да се послужи т.н. “мих туршија“, која се состои од кисели краставички, пиперки, зелка, лути пиперчиња и сл.

 

Пријатен апетит !!!

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865535
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
341
536
877
12886
865535

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:23:14
Web Analytics